Истражување: Во Индија се уште се плаќа мираз - Канал 5

Истражување: Во Индија се уште се плаќа мираз

 Плаќањата за мираз во индиските села се претежно стабилни во последните неколку децении, покажуваат резултатите од студија на Светска банка.

Истражување: Во Индија се уште се плаќа мираз

Истражувачите разгледале 40.000 бракови во рурална Индија помеѓу 1960 и 2008 година и откриле дека мираз е платен во 95 проценти од браковите, иако тоа е незаконско во Индија од 1961 година, јави Би-Би-Си.

Плаќањето и прифаќањето мираз е вековна традиција во Јужна Азија, каде родителите на невестата донираат пари за младоженецот, како и облека и накит за семејството на младоженецот.

Студијата се базира на податоци за мираз од 17 индиски држави кои сочинуваат 96 проценти од индиското население и се фокусира на рурална Индија, бидејќи поголемиот број Индијци се уште живеат во руралните области.

За студијата се користени информации за вредноста на подароците примени или дадени за време на венчавката. Тие пресметале „нето мираз" како разлика помеѓу вредноста на подарокот даден од семејството на невестата на младоженецот или неговото семејство и од подароците дадени од семејството на младоженецот на семејството на невестата.

Студијата исто така откри дека просечниот нето мираз е „исклучително стабилен" со текот на времето, со одредена инфлација пред 1975 година и по 2000 година.

Исто така, се наведува дека за миразот се троши значителен дел од заштедите и приходите на домаќинствата: Во 2007 година, просечниот нето мираз во рурална Индија беше 14 проценти од годишниот приход на домаќинствата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)

Наглиот пораст на цените на горивото за време на викендот предизвика протести низ цела Сирија – тоа се најголемите демонстрации во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад пред речиси две години.

Сирија гори: Масовни протести (ВИДЕО)

Демонстрантите палеа гуми и блокираа главни патишта – вклучително и автопатот што го поврзува главниот град Дамаск со индустрискиот центар Алепо – откако сириската влада во саботата ја зголеми цената на дизелот за 40 отсто. Новата цена изнесува 175 сириски фунти за литар, што е еквивалентно на 1,32 американски долари за литар.

Зголемувањето на цените дополнително го отежна товарот за Сиријците, кои со години се соочуваат со економска криза. Програмата на Обединетите нации за развој проценува дека 90 отсто од Сиријците живеат под прагот на сиромаштија, во споредба со околу една третина од населението пред почетокот на сириската граѓанска војна во 2011 година.

Како дел од најголемото во низата поскапувања воведени од почетокот на војната, владата исто така ги зголеми цените на гасот за домаќинствата и индустријата за 9 отсто, на бензинот со 95 октани за 28 отсто и на бензинот со 90 октани за 26 отсто.

Демонстрантите исто така блокираа конвои со цистерни за нафта кои се упатуваа кон рафинериите во централна Сирија, при што некои од нив бараа смена на министрите за енергетика и економија, како и на шефот на Сириската нафтена компанија.

Портпаролот на Министерството за енергетика, Абдулхамид Салат, во неделата изјави дека зголемувањето на цените е привремена мерка наметната од повисоките глобални трошоци за набавка и големата зависност на Сирија од увоз, додавајќи дека цените може да се зголемат или намалат во зависност од променливите околности. Сирија во голема мера се потпира на руска нафта, увезувајќи околу 60.000 барели дневно оваа година, иако Дамаск му соопшти на Вашингтон дека е подготвен значително да го намали тој увоз.

Тоа снабдување е под зголемен притисок поради украинските напади врз руските рафинерии, кои го намалија производството и ја поттикнаа Москва да го ограничи извозот на бензин и дизел.

Цените ги одразуваат не само трошоците за сурова нафта, туку и недостигот на рафинирани производи и повисоките трошоци за преработка, транспорт и снабдување, рече Салат во изјавата.

Недостигот дополнително се влоши поради тримесечното затворање на рафинеријата Банијас – најголемата во Сирија – заради нејзиниот прв сеопфатен ремонт. По најновото поскапување, цената на бензинот со 95 октани е зголемена за околу 86 отсто од февруари, додека цената на дизелот е повеќе од двојно зголемена. Референтната цена на суровата нафта од типот „Брент“ порасна за приближно 44 отсто, зголемувајќи се од 72,48 на 104,61 долар за барел.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џастин и Хејли Бибер играјќи билијард ја прославија годишнината од бракот

-Џастин и Хејли Бибер никогаш не биле повљубени.

Џастин и Хејли Бибер играјќи билијард ја прославија годишнината од бракот

Светскиот џет сет пар Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од бракот.

Музичарот сподели фотографии од опуштена дружба со билијард и емотивна порака до својата сопруга.

Џастин и Хејли Бибер ја прославија својата осма годишнина од брак, а музичарот сподели неколку фотографии на кои парот ужива во заедничкото време – играјќи билијард и натпреварувајќи се пријателски.

Џастин на Инстаграм објави фотографии на кои тој и Хејли уживаат во опуштената атмосфера на еден бар, наизменично играјќи билијард.

Покрај фотографиите, тој напиша: „Од осум години до бесконечност ❤️ НОВИ ПОГЛАВЈА ♾️ Те сакам, љубов моја. Среќна годишнина“.

На една од фотографиите, Џастин го мести стапот и се подготвува за потег, додека Хејли стои до него со својот стап.

На други фотографии, парот се смее и ужива во заедничкото време. Хејли се пошегува и на сметка на своите вештини во билијардот.

„Осум години како сум ужасна во билијард“, напиша таа во коментарот, придружен со емотикони. Осум години од венчавката во Њујорк Годишнината доаѓа осум години откако Џастин и Хејли стапија во брак во септември 2018 година во Њујорк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана повторно го истакна задникот

Светската музичка ѕвезда Ријана напорно работи на секоја нова колекција, а притоа ги воодушевува своите фанови со жешки фотографии од својот задник.

Фото: Ријана повторно го истакна задникот

Задникот на Ријана повторно го „раздрма“ светот, „Најсекси мама се врати“ .

Мегапопуларната Ријана повторно ги „запали“ социјалните мрежи со фотки со кои како да сака да внесе малку повеќе драматичност во фиоките со долна облека.

За есенската сезона, Savage X Fenty ја претставува „Piccadilly Lace“ – нова колекција на долна облека од црна тантела која ја истакнува потемната и поромантична страна на оваа облека.

Кампањата ја предводи самата Ријана, а колекцијата вклучува корсет од тантела, градник, гаќички и танга – сè во класична црна боја. Таа докажа дека е идеален промотор на оваа колекција во неодамнешната рекламна кампања.

Облините на Ријана повторно дојдоа до израз, а никој не може да го занемари фактот дека убавицата од Барбадос има три породувања зад себе.

Набрзо потоа, на социјалните мрежи почнаа да пристигнуваат позитивни коментари за нејзиниот изглед.

„Нестварна си“, „Најсекси мама се врати“, „Не ми се допаѓаат твоите фотографии“, „Какви облини“, „Ова е најсекси колекција“ – беа само дел од реакциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер