Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
1Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост
3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
БалканИстражување на агенцијата Медијана: Бугарија влегува во нова политичка кризаБугарија влегува во нов тип на политичка криза, покажуваат податоците од репрезентативното истражување на Медијана, информира агенцијата за испитување на јавното мислење.Претходната криза беше производ на конфронтацијата меѓу партиите и нивната неможност да постигнат минимален консензус и да формираат влада. Партиите на крајот постигнаа некаков консензус, кој сепак е во остра спротивност со волјата и очекувањата на мнозинството гласачи кои изјавуваат - „Ова не е наша влада!“, посочува агенцијата Медијана. Истовремено, одговорите на прашањето „За кого би гласале доколку изборите се одржат денеска“ покажуваат дека во парламентот би влегле истите партии кои сега се во Народното собрание и во иста конфигурација. За ГЕРБ-СДС би гласале 23,3 отсто, за „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ – 18 отсто, за „Преродба“ 15,4 отсто, за ДПС 12,9 отсто, за БСП – 9 отсто, за „Има таков народ – 5,4 проценти, пренесува БТА. Истражувањето е спроведено во периодот - 18 - 24 јули 2023 година со 976 лица (18+ години) преку директно стандардизирано интервју и е репрезентативно за возрасната популација во државата. Студијата е истражувачки проект на агенцијата „Медијана“ и е реализирана со сопствени средства. Бугарскиот претседател Румен Радев ужива највисока доверба меѓу учесниците во анкетата, а меѓу политичките лидери со најголема поддршка се Бојко Борисов, Корнелија Нинова и Костадин Костадинов. На прашањето „За кои од овие политичари би рекле дека се навистина добри политичари“, 53 испитаници го посочиле Румен Радев, лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов -29, лидерот на БСП Корнелија Нинова - 23, лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов – 23. Лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов го именуваа 18 испитаници, лидерот на ДПС Мустафа Карадаи 17. По 17 гласа добија и премиерот Николај Денков и министерот за финансии Асен Василев. Вкупно 47 отсто од учесниците во анкетата изјавиле дека владата на Николај Денков ги разочарала, 20 проценти се со спротивно мислење и посочиле дека кабинетот внел надеж, додека 33 отсто рекле дека не знаат да кажат. Анкетата ги испитува и ставовите за воведувањето на еврото, руската агресија во Украина и заканата од светска војна. Зголемена вознемиреност во врска со опасноста од глобална, светска војна, покажуваат резултатите од студијата. За само три месеци, бројот на луѓе кои веруваат дека постои сериозна опасност од светска војна (во која ќе биде вклучена и Бугарија) е зголемен за 16 отсто, а тоа е речиси половина од возрасната популација, односно 47 проценти. Реакцијата на бугарското општество во однос на оваа зголемена вознемиреност и стравувања, „Медијана“ ја резимира како изразен стремеж за изолационизам - дистанцирање на Бугарија од конфликтот во Украина, дистанцирање од еднослојната проценка на „доброто и лошото“ (и во оваа смисла дистанцирање од главниот наратив на ЕУ и НАТО), дистанцирање од еврозоната. Грубо кажано, јавното мислење се консолидира околу разбирањето дека „Светот се тресе, оди лошо - сега не е време да се држиме блиску до никого!“, истакнува социолошката агенција во своите заклучоци. Само 26 отсто од возрасните Бугари ја оценуваат руската агресија како неиспровоцирана и неоснована (36 проценти сметаат дека Русија била испровоцирана да нападне); 65 проценти веруваат дека Бугарија не треба да и дава оружје на Украина (17% се „за“); 60 отсто сметаат дека Бугарија во овој конфликт не треба да ги поддржува ниту Русија ниту Украина и треба да биде што е можно понеутрална (19 отсто ја поддржуваат Украина; 9 отсто веруваат дека треба да се поддржи Русија), покажуваат податоците од истражувањето. Во однос на еврото (еврозоната), јавното мислење е во остра дисонанца со наведените намери на властите. Само 21 отсто сметаат дека е добро да се замени левот со евро во следните две до три години, наспроти 59 проценти кои велат: „Сега не е време“! Половина од возрасните веруваат дека референдум за воведување на еврото мора да се одржи, а само 11 отство се на мислење дека референдумот не треба да се одржи (која одлука и да донесе владејачкото мнозинство во парламентот). Причината за отфрлање на референдумот е лесно разбирлива за јавноста, кои велат - сакаат да не однесат каде што не сакаме, без да се консултираат со нас (60 отсто од потенцијалните учесници на референдум би гласале „против“, наспроти 23 отсто „за“), посочува бугарската агенција Медијана. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“. Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани. Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот. Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција. Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата. Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра. Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О. 🇵🇱 ❗️@PolskaPolicja weszła do mieszkania zamachowca. Materiał z działań funkcjonariuszy pojawił się na profilu FB Radia Ostrowiec. https://t.co/QpfMPmUH2m — WarNewsPL (@WarNewsPL1) November 7, 2026 Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж. Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат. Се истражува можен екстремистички мотив Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот. Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник. Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин. Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда. Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот. Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“ Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица. „Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск. Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет. Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија. Полска официјално прогласи дводневна национална жалост Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков. Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28