Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
МакедонијаИстражување: Економскиот фактор најголем проблем, ВМРО-ДПМНЕ убедливо прв избор во МакедонијаЕкономскиот фактор проблем број 1, корупција и криминал е најголем проблем за 40% од граѓаните на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ убедливо прв избор.Ако до сега во најголемиот број истражувања на јавното мислење во Македонија, проблем број 1 со кој се соочува нашата држава беше криминалот и корупцијата, последното истражување на МКД.мк покажува дека македонските граѓани сметаат дека денес тоа е економијата. Истраживањето на МКД.мк, кое од 20 март до 17 април го спроведе агенцијата Маркет вижн, во однос на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери, покажа дека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски и натаму се во убедливо водство. Ова истражување покажа дека македонските граѓани денес сметаат дека најважниот проблем со кој се соочува Македонија се економските фактори, нивото на приходи на граѓаните и растот на цените. Во досегашните истражувања на јавното мислење на МКД.мк и на Маркет вижн, за првпат криминалот и корупцијата се на второто место. Во однос на лидерите на политичките партии, како и на претходното истражување од декември минатата година, Христијан Мицкоски ја има довербата на најголем дел од испитаниците. На Мицкоски му веруваат 25,4 отсто од испитаниците, а на второто место е Венко Филипче со 3,8%. Во албанскиот кампус и натаму најпопуларен политичар е Али Ахмети (6,2%). Но, вкупниот рејтинг на лидерите на партиите од коалицијата Вреди (Изет Меџити, Билал Касами, Арбен Таравари и Африм Гаши) е поголем од рејтингот на Ахмети. Сепак, меѓу нив, најголем е рејтингот на Таравари кој се подготвува да ја напушти коалицијата Вреди. Перцепцијата на граѓаните е дека лидери на опозицијата во Македонија се Венко Филипче (СДСМ), Али Ахмети (ДУИ) и Димитар Апасиев (Левица). Речиси половина од испитаниците не знаат кој политичар да го посочат. Во однос на случувањата во СДСМ и нивните функционери вмешани во криминални и коруптивни зделки, повеќе од половина од испитаниците сметаат дека СДСМ сѐ уште не се исчисти од луѓето кои се дел од такви скандали. Изненадувачки висок е процентот на граѓаните кои би излегле на гласање ако утре се одржат изборите. Дури две третини од испитаниците изјавиле дека ќе излезат на гласање, а кампањата за локалните избори уште не е ни почната. Од оние кои одговориле дека би излегле на гласање на следните избори, велат дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. На второ место е коалицијата Вреди, па следуваат ДУИ, СДСМ, Левица, ЗНАМ… Анкетирањето беше спроведено од 20 март до 17 април со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот во 2021 година. Извор: МКД.мкТагови: Анкета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор од Струмица се лагитеЗаеднички именител на Филипче и неговиот ментор од Струмица се лагите, манипулациите и корупциските скандали, СДС бега од одговорност бидејќи со ДУИ ја отвораа вратата за Алта банкаРЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па самите се најдоа во ситуација да објаснуваат зошто токму во нивно време биле направени чекори поврзани со продажбата на акциите. Ги претставуваа Давор Мацура и Алта банка како спорни, за на крајот да се испостави дека тие биле првите што дозволиле да се купат акции од Македонија. Второ, ширеа приказни за наводна забрана на Алта банка за работа во Европската Унија поточно во Австрија, за на крајот да излезе дека немале забрана за работа, туку добиле прекршочна казна од австрискиот регулатор. Трето, ја плашеа јавноста со сценарија за пропаѓање на банката и губење на штедните влогови, а откако сите видовме дека банката е ликвидна и дека нема да пропадне, а дека државата се става во заштита на граѓаните, тргнаа со лични напади и лаги. СДС и Филипче бараа надзорна расправа во Собранието, па откако истата веднаш беше прифатена, ја одложија за една недела, продолжетокот на истата го закажаа 2 недели подоцна од првата. Толку од итноста и грижата на СДС и Филипче. Филипче и СДС молчат и не кажуваат зошто во 2023 година не излегоа на прес-конференција да ги известат граѓаните дека ќе ги продадат државните акции, на како што тие тврдат, криминалецот Мацура и неговиот сомнително стекнат капитал во Алта банка. Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа. Архитекти и главни подизведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
ФудбалЏуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, доживеа голем напредок под водство на Жозе Мурињо, поради што ќе биде награден со нов договор, со кој ќе стане еден од најплатените играчи во Европа. „Кралскиот клуб“ сака да го задржи англискиот репрезентативец во своите редови на долг рок, па на маса е ставен договор со важност до 2031 година, кој вклучува и подобрени услови. Неговиот актуелен договор трае до 2029 година и е вреден приближно 12,5 милиони фунти годишно. Преговорите за продолжување на соработката започнаа во септември и се одвиваат успешно; извори од мадридскиот клуб се уверени дека договорот е пред финализирање. Се очекува на Белингем да му бидат понудени подобрени услови, со што тој би се израмнил со својот соиграч Винисиус Жуниор, кој минатото лето потпиша нов договор според кој заработува приближно 500.000 фунти неделно. Килијан Мбапе останува најплатениот играч во клубот, а во тек се и преговори со Федерико Валверде. Реал Мадрид неодамна ги продолжи договорите со Тучинот, Арда Ѓулер и францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени, при што двајцата играчи потпишаа долгорочни договори кои важат до 2032 година. Реал Мадрид има многу ѕвезди, но и многу тензии и скандали. На почетокот на ноември се појавија информации дека Џуд Белингем и Антонио Ридигер удриле припадници на обезбедувањето на стадионот, по победата на гостински терен против Валенсија. Според информациите што ги пренесоа шпанските медиуми, инцидентот се случил за време на полувремето. Белингем наводно влегол во конфликт со некој од таборот на Валенсија, еден припадник на обезбедувањето интервенирал за да спречи ескалација на ситуацијата, при што Белингем наводно го удрил. Потоа интервенирал Ридигер и удрил друг член на обезбедувањето. Јасно е дека Реал Мадрид не го смета овој инцидент за проблем, бидејќи клубот сака што поскоро да ја осигура долгорочната иднина на Англичанецот во своите редови.Тагови: Белингем Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција планира стратешки резерви на ретки минералиИницијативата беше најавена од претседателот Емануел Макрон.Франција ќе воспостави стратешки резерви на ретки минерали и други критични суровини, истовремено поттикнувајќи ги компаниите да се вклучат во заеднички набавки со цел да се намали зависноста од испораки од Кина, соопшти во вторникот кабинетот на претседателот Емануел Макрон. Иницијативата беше најавена од претседателот Емануел Макрон во понеделникот вечерта, за време на состанок зад затворени врати со претставници на индустријата, се наведува во соопштението. Франција е меѓу западните нации кои бараат решение за доминацијата на Кина во производството на ретки земјени минерали – материјали што се клучни за секторот за воена опрема, производството на полупроводници и енергетската транзиција, забележува Ројтерс. Поддршка од Европската унија И Европската унија планира да воспостави резерви од овие суровини. Минатата недела, Италија објави дека добила одобрение од Европската комисија за формирање на првиот европски центар за складирање на ретки минерали, кој ќе се наоѓа во Порто Маргера, индустриска зона во близина на Венецијанската лагуна. Според соопштението од Елисејската палата, Франција исто така ќе побара поддршка од ЕУ во рамките на европската програма за ретки минерали, пренесува Ројтерс. Заеднички набавки и инвестиции Со програмата на Франција за стратешки резерви ќе управува државната финансиска институција „Caisse des Dépôts“, во координација со производители од различни индустриски сектори, вклучително и производители на воена опрема. Според извештаите на француските медиуми, државата ќе започне со создавање стратешки резерви следната година, иако Елисејската палата не го потврди веднаш ова за Ројтерс. Париз, исто така, размислува за воведување гаранции за цените со цел да ги поддржи производителите на ретки земјени минерали. Според плановите на Париз, од индустриските компании се очекува да склучуваат долгорочни договори за набавка, здружено да набавуваат суровини и да инвестираат во сопствени производни капацитети. Понатаму, државата има намера да придонесе во финансирањето на зголеменото производство на титаниум во металуршката компанија „Aubert & Duval“, се наведува во соопштението. За да го обезбеди снабдувањето со клучни суровини, Франција минатата недела договори помалку рестриктивни контроли на извозот со Малезија, како дел од договорот за соработка најавен за време на посетата на Макрон на Куала Лумпур. Извор: Индекс.хрТагови: Емануел Макрон ретки минерали Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОдбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00