Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
МакедонијаИстрагата за запленетата марихуана во Србија се уште е во тек Речиси пет месеци откако 5 тони марихуана од Македонија беа запленети во Србија истрагата е без конечен епилог. Српската полиција уапси четири лица а се уште трага по организаторот на групата Александар Миајајловиќ. Министерот Ивица Дачиќ не открива детали за случајот ниту пак до каде е потрагата на осомничениот организатор. -Јас не можам ништо да кажам. Мислам дека е тоа еден голем успех што го постигнавме, во последните две и пол години мислам дека 18 тони дрога се запленети во Србија. Ова е една од најголемите заплени што се случила во Коњух, ама не беша само таа имаше уште неколку на таа линија и се трагаше за тие осомничени и организаторот но тоа е се во рацете на обвинителството,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија. Меѓу уапсените во Србија беше и Иван Драгниќ, српски државјанин, но и косопственик на фирма во Македонија за одгледување на медицински канабис, со уште тројца Срби. Македонското МВР во февруари поднесе кривична пријава против 10 лица а обвинителството отвори истрага за шестмина. И министерот Панче Тошковски очекува резултат од истрагата. -Мислам дека треба да оставиме обвинителството да си ја сработи работата во надлежноста што ја има согласно закон. Знаете дека МВР за дел од групата поднесе кривична пријава. Дел од учесниците во рамки на овој кривично правен настан се обезбедени, лишени од слобода и за нив се определени најствоги мерки согласно ЗКП,- изјави– Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Како 5 тони марихуана ја поминаа македонско српската граница беше едно од прашањата што се отвори откако беше запленета дрогата. Дачиќ, кој денеска со Тошковски на граничниот премин Табановце ја започнаа првата заедничка превентивна кампања „Вози одморен“, уверува дека без разлика на која функција биле сите инволвирани ќе одговараат. Обвинителството ја води таа истрага но сите оние кои се вклучени во овој процес ќе бидат процесуирани без оглед на која функција се наоѓаат,- изјава – Ивица Дачиќ – Министер за внатрешни работи на Р. Србија. Истрагата за овој случај ја води ОЈО ГОКК каде предметот се уште е во фаза на истрага. За конкретниот транспорт, предметот во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е во истрага и активно се постапува против шест лица, од кои двајца се во притвор. ...велат од ова обвинителство за Канал 5. Тие се осомничени за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“, а во истрагата се вклучи и Албанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноДевет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?Девет жени се пронајдени мртви во близина на Јоханесбург. Постои страв од сериски убиец.За помалку од два месеца, во областа Екурхулени, источно од Јоханесбург во Јужна Африка, пронајдени се телата на девет жени. Полицијата истражува дали некои од случаите се поврзани, додека во јужноафриканските медиуми се засилуваат шпекулациите за можен сериски убиец. Полицијата досега ниту го потврди, ниту го демантираше ова. Последната жртва била пронајдена во четвртокот во Дон Парк. Се претпоставува дека таа имала околу 30 години. Телото било откриено на отворен простор покрај патот; локалните медиуми известуваат дека жената била делумно облечена и имала смртоносна повреда на вратот. Полицијата формирала мултидисциплинарен тим за истражување на смртните случаи на жените. Вршителот на должноста комесар на полицијата во Гаутенг, Фред Кекана, изјави дека истражителите откриле можни поврзаности меѓу некои од случаите, но дека се потребни дополнителни форензички и криминалистички наоди пред да се донесат какви било заклучоци. Веќе е уапсен маж во врска со едно од убиствата; полицијата проверува дали тој може да се поврзе и со другите случаи, а истовремено истражува и друго лице. Пет од деветте жртви сè уште не се идентификувани. Страв меѓу жителите Меѓу идентификуваните жртви е 38-годишната Динео Мотапане, чие тело беше пронајдено покрај патот во КваТема. Нејзиното семејство ја идентификуваше откако претходно пријави нејзино исчезнување во полицијата. Серијата смртни случаи предизвика страв кај жителите на Екурхулени и поттикна протести против насилството врз жените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжуваат истражувањата на праисториската наколна населба во Дојран Дојран продолжува да го открива своето богато археолошко наследство.Праисториската наколна населба кај Мрдаја, во Стар Дојран ќе се истражува и оваа година. Според информациите од Националната установа „Завод и музеј - Струмица", археолошките истражувања се реализираат со учество на археолошки тим од оваа институција, предводен од м-р Зоран Рујак, археолог советник кустос, а се поддржани од Министерството за култура и туризам. Годинашната кампања е насочена кон истражување на праисториската наколна населба на брегот на Дојранското Езеро, со посебно внимание на содржините и просторните габарити на населбата, како и на временската рамка во која се одвивал животот во неа. - Уште на самиот почеток, истражувањата дадоа непроценливи сознанија со кои животот во населбата започнал многу порано отколку што досега се мислеше. Досегашните сознанија зборуваа дека наколната населба е од доцното бронзено време и преодниот период помеѓу бронзеното и железното време. Со новите истражувања, се појавија докази, за почетоците на животот во населбата, уште во текот на средното бронзено време. Со ова, почетокот на животот во населбата се враќа во првата половина на вториот милениум пред н.е. - се вели во објавата на НУ „Завод и музеј - Струмица". Според археолошкиот тим, одредени наоди укажале на широка трговска активност со далечните региони, па дури и со бронзанодобската населба на локалитетот Цареви Кули, Струмица. Заедно со неолитската населба на локалитетот Споменикот-Атици, кај Црничани, праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран продолжува да биде место каде што археологијата се среќава со богатото културно наследство на Дојран и Југоисточниот Регион на земјава, велат тие. Покрај археолошките истражувања на праисториската наколна населба Мрдаја -Дојран, во тек е и изработка на Основен проект за Музеј на вода, во водите на Дојранското Езеро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ФудбалВидео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање. Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме. -Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0. 🤯 Andros Townsend has been involved in an unfortunate accident while warming up for PT Prachup before their Thai Premier League game vs. Pattani. He didn't get badly injured but was on the bench and played just 1 minute in their 3-0 win. https://t.co/K9Ty9VAxRd — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) September 19, 2026 По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter