Шоу бизИсториски најмала гледаност на преносот на Оскарите Гледаноста на последната церемонија на Оскарите опадна на 9,85 милиони гледачи во САД, што е пад за повеќе од 58 проценти од претходната година и е најмала во историјата, според податоците на каналот АБЦ што го емитувал преносот.На почетокот на 2020 година, пред пандемијата што го опустоши Холивуд и филмската индустрија, ноќта на Оскарите привлекувала 23,6 милиони американски гледачи, што било најлошото покривање на настанот досега. Најновиот лош резултат го очекувале филмските експерти и тој одговара на податоците од другите филмски награди, како што е Златниот глобус. Киносалите се затворени во најголем дел во 2020 година, а филмските студија ги одложуваат големите продукции, па годинашните номинирани за Оскар не беа познати на пошироката публика, како што е големиот победник „Земјата на номадите“, независен филм со скромен буџет и со многу актери кои се глумат самите. Падот на следбениците на Оскарите е редовен во последните години. Уште во 2014 година, гала вечерта ја гледале 43 милиони гледачи пред малите екрани. Оскарот за најдобар филм и припадна на драмата на Клои Жао „Земјата на номадите“, што и ја донесе наградата на главната актерка Франсис Мекдорманд, а Оскарот за најдобра машка улога го доби Ентони Хопкинс за улогата во „Татко“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина ЧашкаСе уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПравославната црква ја одбележува Голема БогородицаПравославната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче на литургија во Лешочкиот манастир Филипче синоќа беше во Лешок.Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40