Истиот познат вкус, со освежен изглед - Канал 5

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Скопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско мурал

Истиот познат вкус, со освежен изглед

Со одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО.

Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа.

Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување.

За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал тргнува по најголемата ѕвезда на Јувентус

Англискиот шампион Арсенал ја разгледува можноста за ангажирање на  најголемата ѕвезда на италијанскиот гигант, Јувентус, 21 годишниот Турчин, Кенан Јилдиз објави синоќа „Индипендент“.

Арсенал тргнува по најголемата ѕвезда на Јувентус

Микел Артета бара уште еден врвен играч за левата напаѓачка позиција; откако Винисиус Жуниор одлучи да остане во Реал Мадрид, турскиот репрезентативец се наметна како приоритетна цел на клубот. Јувентус не е склон да го продаде еден од своите клучни играчи и би барал сума поголема од 70 милиони евра за воопшто да размисли за преговори.

Исто така, се зборува и за можноста Арсенал да го вклучи Габриел Мартинели во договорот. Јилдиз има договор со Јувентус до 2030 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 75 милиони евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници?

 Киев тврди дека Пјонгјанг наскоро ќе испрати до 50.000 војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина.

Дали на фронтот во Украина пристигнуваат 50.000 војници?

Северна Кореја има намера да го зголеми бројот на своите војници кои треба да се борат на страната на Москва во војната против Украина.

Ова би значело дека дури 50.000 Севернокорејци би можеле да бидат распоредени во Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Кон крајот на јули, украинскиот лидер изјави дека Русија сака да ангажира уште 30.000 севернокорејски војници, а викендов ја спомена бројката од „меѓу 30.000 и 50.000“ од нив. Тој не прецизираше дали таа бројка ги вклучува и севернокорејските војници кои веќе учествуваат во конфликтот.

Минатиот викенд, Зеленски исто така предупреди дека Северна Кореја стекнува драгоцено искуство во модерното војување и ја повика Јужна Кореја да ја зајакне соработката со Украина во областа на противвоздушната одбрана и беспилотните летала.

Русија и Северна Кореја потпишаа одбранбен договор во летото 2024 година; неколку месеци подоцна, Северна Кореја почна да испраќа војници во Русија. Аналитичарите проценуваат дека се распоредени меѓу 14.000 и 15.000 војници, главно во регионот Курск. Пјонгјанг подоцна се согласи да испрати уште 6.000 борци, вклучувајќи деминери и инженери.

Според јужнокорејските и украинските власти, Северна Кореја исто така ја снабдила Русија со милиони артилериски гранати и балистички ракети. Јужнокорејските разузнавачки служби проценуваат дека околу 6.000 севернокорејски војници загинале или биле ранети.

Јапонската агенција „Кјодо њуз“, повикувајќи се на украинското воено разузнавање, синоќа објави дека е потврдено претстојното зголемување на бројот на севернокорејски војници. Украинските извори наведуваат дека до крајот на ноември во Русија би можеле да бидат распоредени до 50.000 севернокорејски војници. Според тие наводи, војниците би ги презеле задачите во руските региони Курск, Брјанск и Белгород, со што руските сили би се ослободиле од обврските таму и би можеле да бидат испратени да се борат на украинскиот фронт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиев: ВМРО - ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ

​Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар.

Ѓорѓиев:  ВМРО - ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ

Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија.

Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци.

Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДС владеат повеќе од една деценија. За сè што се случува во општината, вклучително и повисоките цени на паркирањето за жителите, вината е кај кадрите на СДС.

Итно бараме, Советот уште на следната седница да му наложи на ПОЦ да го запре легалниот рекет кој го спроведува врз центарци, да го врати стариот ценовник и веднаш да престане да ја навредува интелигенцијата на центарци со оправданија дека „не било до нив“. До вас е!

Почитувани,

Ако Герасимовски е навистина лажно убеден дека вината лежи на друго место, тогаш нека одговори, дали веќе не оди на состаноци во Општинскиот одбор на СДС Центар, бидејќи ја има изгубено поддршката и во сопствените редови, и нема како да им каже на членовите на Управниот одбор на ПОЦ, кои се членови патем на СДС, да донесат одлука за враќање на стариот ценовник.

Начини да запре овој рекет врз центарци има, прашање е дали се има волја да се излезе во пресрет и да се одговори позитивно на реакциите на граѓаните.

Центар и центарци заслужуваат многу подобар третман.

YouTube video

Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер