Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
1Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
2Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ЖивотИсповед на ќерка на сериски убиец: Мислев дека сум дете на ѓаволот (видео)Мелиса Мур и Џен Карсон, се ќерки на злогласните сериски убијци Кит Џеферсон познат како „Среќно лице“ и Мајкл Карсон кои имаат убиено повеќе од 12 луѓе. „Дознав дека татко ми е сериски убиец кога имав 15 години. Ја видов неговата слика на телевизија и зборуваа дека убил осум жени. Поради тоа не одведоа на некои мрачни места каде не испитуваа за неговиот живот. Поголемиот дел од детството го поминав плашејќи се за својот живот“ – изјави Мелиса, чиј татко бил познат како „Среќно лице“ поради насмеаните лица кои ги цртал во писмата упатени до полицијата и медиумите. „Кога имав само пет години, мојот татко ги обеси нашите миленичиња и гледав како умираат. Во една прилика на нашата мачка и го скрши вратот. Не му беше гајле што врескав и плачев. Тој во почетокот беше дилер на марихуана, па дури и мене ме тераше да ги мерам кесичките кои ги продаваше. Мојата мајка конечно одлучи да се разведе и тогаш започна пеколот“ – додава таа. Само неколку години по разводот, таткото на Мелиса е уапсен поради убиството на тројца луѓе. Таа тогаш имала само осум години. „Прочитав во весниците дека е уапсен. Пишуваше дека немилосрдно убил една жена, забодувајќи го ножот 12 пати во нејзиниот врат. Тогаш почнаа и кошмарите. Се чувствував осамено и напуштено, сите ме гледаа чудно“. Џеферсон скоро секогаш за жртви ги одбирал бездомниците и проститутките, кои прво ги силувал пред да ги убие. Мелиса во 2009 година издаде и книга во која го опишува страдањето со кое се соочила во текот на сите овие години. Џен Карсон се уште се бори со болката која нејзиниот татко и ја нанел. „Веднаш ми стана јасно дека овој свет за мене ќе биде едно мрачно место. Се сеќавам дека помислував дека сум дете на ѓаволот и со самото тоа и јас сум злобна. Се плашев дека ќе почнам и јас да повредувам луѓе“ – изјави Џен. Нејзиниот татко и маќеа се уапсени во текот на 80-тите години, откако убиле жени за кои сметале дека се вештерки. „Нивниот пат кон убиствата започна во 1982 години, кога ја убија нашата цимерка во станот во Сан Франциско. Ја удрија со тава по главата, по што 13 пати ја избодеа и нејзиното тело го фрлија во подрумот“. Двајцата се осудени на по 75 години затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планиранотоЈавниот долг до крајот на 2027 година ќе достигне 59,7% од БДП, односно 12,3 милијарди евра, покажуваат проекциите на министерството за финансии. Наспроти обвинувањата на СДСМ дека долгот може да надмине 65%, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска уверува дека тој ќе остане под границата од 60%. Образложувајќи го Буџетот за 2027 година на брифинг со медиумите, Кочоска посочи дека за пензискиот фонд од централниот буџет ќе се префрлат околу една милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор пак се планирани 931 милион евра, што е раст од 6,6 проценти. За капитални инвестиции се предвидени 663,4 милиони евра, од кои над 27 милиони за набавка на автобуси и два милиони евра за нови железнички композиции. За капитални расходи во одбраната пак се планирани дополнителни 136 милиони евра. Министерката оцени дека подготовката на буџетот била особено тешка поради геополитичките тензии и неизвесноста на меѓународните пазари. -Можам слободно да кажам дека ова е еден од најтешките буџети којшто го работело Министерството за финансии. И покрај сите овие предизвици коишто ги имавме при подготовка на буџетот, сепак влегуваме во 2027 година со стабилна буџетска позиција. Финансирањето на буџетскиот дефицит и сервисирањето на обврските е планирано да се одвива со комбинирано задолжување, со што знаете многу пати сме најавувале дека следната година ќе одиме со издавање на еврообврзница,- Гордана Димитриеска- Кочоска – министерка за финансии. Во меѓувреме, од опозициската СДСМ повторно излегоа со критики за предлог-буџетот. Претседателот на партијата Венко Филипче предупреди дека државата има наталожени обврски од 713 милиони евра кон јавни претпријатија, општини и компании, вклучително и за поврат на ДДВ, што според него ја загрозува ликвидноста на стопанството. -Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега,- Венко Филипче – претседател на СДСМ. Во собранието денеска продолжи комисијата за финансирање и буџет. Расправата за предлог-буџетот за 2027, за кој се поднесени повеќе од 300 амандмани, започна во петокот и се очекува да трае денестина дена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаНародната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноемвриПрвата аукција за продажба на „Алта банка“ АД Битола ќе се одржи на 30 ноември.На продажба се понудени 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции на Банката, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај, соопшти Народната банка. Почетната цена е просечната берзанска цена на акциите од последните 6 месеци, односно 3.777 денари по акција, а ќе се продаваат по моделот „се или ништо“, што значи мора да се купи целиот пакет акции вреден 22,3 милиони евра. Ако акциите не бидат продадени на првата аукција на 30-ти, следните ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, а секоја наредна аукција ќе биде со попуст од 10 отсто во однос на претходната... Заинтересираните инвеститори имаат рок до четврток, 19 ноември да достават барање до Народната банка за претходна согласност, а треба да достават и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите, посочија од НБРМ.Гувернерот Славески, неодамна на прес-конференција изјави дека постојат шест заинтересирани банки, од кои две домашни. По инфорамцијата за закжаната аукција, од опозициската СДСМ обвинија дека Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пниско, само, како што велат, за да ги прикријат сметките и трансакциите. -Aлта банка оди на берзанска продажба. Ако нема купувач, цената ќе паѓа. Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите. По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе. Ниту една сериозна банка не сака да купи банка со вакво портфолио, велат од СДСМ. Од владејачката партија, пак со критики до СДСМ дека откако не успеале со ширење на паника и хистерија дека банката ќе пропадне и граѓаните ќе останат без пари, сега според нив опозициската партија тргнала со личен напад кон Мицкоски. - Филипче се сокри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка. Со месеци говореа за Давор Мацура и Алта банка, а на крајот се испостави дека тие биле првите што дозволиле да купи акции од Македонија, истиот овој за кој говореа дека е криминалец и дека поседувал сомнителен капитал, изјави Манасиевски. Во меѓувреме, државниот обвинител Ненад Савески прашан околу постапувањето на обвинителството за кривичните пријави кои ги поднесоа гувернерот Славески и опозицискиот СДСМ за случајот со Алта банка, повтори дека обвинителството постапува доколку утврди постоење на кривично-правен настан во овој случај, но во моментов како што рече, не може да соопшти повеќе инфоирмации. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командирНа свеченост во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа доделени уверенија за завршена шестмесечна обука на 81 шумски полицаец и на еден заменик-командир.Министерот Серафимовски посочи дека засилувањето на Шумската полиција со нови човечки ресурси доаѓа на почетокот на грејната сезона, кога се очекува поголем притисок врз шумите. Тој истакна дека со вклучувањето на новите полицајци, Шумската полиција ќе може да спроведува повеќе контроли за да ја спречи бесправната сеча и да открива случаи на превоз и продажба на дрва од незаконско потекло. „Законот треба да важи подеднакво за секого, без оглед на името или функцијата. Држете се до фактите и постапувајте во рамките на своите законски овластувања. Ја имате целосната моја поддршка во борбата против криминалот со нашето шумско богатство“, им порача министерот Серафимовски на новите припадници на Шумската полиција, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55