Ирина Шајк во жесток бакнеж на улица во Неапол со познат актер (ВИДЕО) - Канал 5

Ирина Шајк во жесток бакнеж на улица во Неапол со познат актер (ВИДЕО)

Ирина Шајк и Микеле Мороне предизвикаа вистинска сензација на улиците на Неапол кога страсно се бакнаа пред очите на сите.

Ирина Шајк во жесток бакнеж на улица во Неапол со познат актер (ВИДЕО)

Сепак, зад нивната „филмска размена на нежности“ не стои нова љубовна врска, туку деловна соработка - тие двајца штотуку снимија нова кампања за луксузниот моден бренд „Долче и Габана“.

Фотографиите објавени од Page Six ги прикажуваат моделот и актерот како се прегрнуваат и бакнуваат, додека камерите го снимаат секој кадар од оваа сензуална сцена. Иако сè изгледа како сцена од романтичен филм, станува збор за добро режирана реклама. Ирина, во проѕирен црн топ и здолниште, и Микеле, во елегантен сив костум, изгледаа како пар од модна бајка.

@tmz #IrinaShayk and #MicheleMorrone ♬ original sound - TMZ

Кои се тие?

Ирина Шајк (39), руски супермодел и поранешна партнерка на актерот Бредли Купер, е позната по својот беспрекорен изглед и кариера што вклучува работа со најпознатите светски дизајнери и модни куќи. Во изминатата година, таа беше во фокусот на медиумите поради нејзината кратка и неформална романса со ѕвездата на НФЛ, Том Брејди, со кого наводно била во контакт претходно оваа година.

Микеле Мороне (34), италијански актер и пејач, стана светски познат по улогата во контроверзниот филм „365 дена“. Освен по глумата, тој е познат и по соработката со разни брендови во светот на модата. Неговиот стил, харизма и добар изглед го прават чест избор за модни кампањи, а „Долче и Габана“ го ангажираат со години. Покрај тоа, тој е познат по силната хемија со своите колешки - иако, според него, овие приказни обично се само дел од работата.

Се шпекулира дека е геј кога објави слика на која го прегрнува маж, но тој брзо ги негираше медиумските обвинувања и рече дека не „излегол“, и дека сликата нема никаква врска со признанието и затоа не е споделена.

Тие не се пар, но хемијата постои

За време на снимањето во Неапол, Ирина и Микеле не ја криеја својата блискост - прегратките, насмевките и смеата откако камерите беа исклучени покажаа дека се сложуваат многу добро. Сепак, според извори блиски до продукцијата, станува збор исклучиво за професионална врска. Двајцата досега работеа одделно за „Долче и Габана“, но никогаш заедно - до сега.

Шејк наводно налетала на Морони во високи потпетици, додека сцената со страсниот бакнеж била снимена од повеќе агли - за потребите на рекламата што ветува дека ќе ви го одземе здивот.

Мороне: Секогаш со своите колешки, но сам

Микеле е познат по тоа што ги поддржува своите колеги, и на снимање и надвор од него. Минатиот декември, тој јавно проговори на својот Инстаграм профил за да ја поддржи Блејк Лајвли, со која игра во филмот „Едноставна услуга 2“, додека таа се соочуваше со медиумски и правни напади. „Ме боли да гледам толку многу сурови коментари за неа, и луѓе кои не знаат низ што поминува“, рече тој во тоа време.

Претходно беше поврзан и со Меган Фокс, со која го снимаше филмот „Подложност“, но неговиот тим брзо негираше каква било врска, иако хемијата на снимањето беше очигледна.

Моментално, Морони е, барем официјално, слободен.

Ирина и Том Брејди - уште едно поглавје?

Што се однесува до Ирина, извор близок до Page Six во февруари изјави дека таа накратко повторно се поврзала со Том Брејди, со кого имала неформална романса една година претходно. Сепак, сè останало во доменот на повремени средби, без потврда за сериозна врска.

Додека обожавателите ширум светот шпекулираат за потенцијална врска помеѓу Ирина Шајк и Микеле Мороне, фактите се јасни, станува збор за комбинација од две атрактивни професионалки кои совршено функционираат пред камерите. Нивната интеракција, иако страсна, била дел од креативната визија за модна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.

Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси.

Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година.

Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра.

Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.

Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.

„Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија.

Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица.

Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол.

Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер