3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
СветИран прифати четврт круг индиректни нуклеарни преговори со САДИран се согласи да одржи четврт круг од индиректните нуклеарни преговори со САД в недела во Оман, јави агенцијата Тасним, повикувајќи се на член на иранскиот преговарачки тим.Четвртиот круг преговори, кој првично беше закажан за 3 мај во Рим, беше одложен поради „логистички причини“, соопшти Оман како посредник. - По предлог на министерот за надворешни работи на Оман, четвртиот круг од преговорите ќе се одржи в недела, а Техеран ја прифати иницијативата, изјавил неименуван член на иранската делегација. Од Вашингтон, американски медиуми јавуваат дека специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, в недела ќе отпатува за Оман Трамп, кој ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран од 2015 година, се закани со бомбардирање на Иран ако не се постигне договор со неговата администрација. Западните држави тврдат дека нуклеарната програма на Иран има цел производство на оружје, додека Иран инсистира дека програмата е исклучиво за цивилни цели. Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ХороскопДневен хороскоп за 25. септември 2026 година Дневен хороскоп за петок, 25. септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВаско Наумовски и Ѓорѓи Филипов во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Васко Наумовски и Ѓорѓи ФилиповКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Здравје Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој денТие што пробале велат дека проверено делува.Стресот стана неизбежен дел од современиот живот, но проблемот настанува кога напнатоста трае доволно долго и телото нема време да закрепне. Редовни обврски, брзање, неизвесност, психичко оптоварување, сето тоа може да се одрази врз различните функции во организмот, па важно е да најдете начин секојдневно да се опуштите. Хроничниот психички напор влијае на хормоналните механизми во организмот, вклучувајќи поголемо лачење кортизол, а може да биде се поврзе и со покачен крвен притисок, нарушено спиење, промена во регулацијата на шеќер во крвта, зголемен ризик од дебелина и пад на имунитетот на организмот. Затоа, според лекарите, физичката активност, квалитетниот сон и балансираната исхрана треба да се дел од здравите навики, а дополнителните техники на релаксација може да бидат само дополнителна помош. Дишење Еден од наједноставните начини да го смирите организмот е бавно длабоко дишење. Ваквите техники се користат во психолошката и психотераписката пракса како дел од стратегијата за намалување на анксиозноста. Кога дишењето ќе стане бавно и подлабоко, доаѓа до активирање на парасимпатичкиот нервен систем, задолжен за состојбата на одмор и закрепнување. Бавното и продлабочено дишење го забавува пулсот и го намалува притисокот, може да се примени каде било, дома, на работа или додека правите пауза. Имагинација Уште една техника што користи за опуштање е водената имагинација, т.е. замислување безбедно место или ситуација. Целта е вниманието да се одвлече од секојдневните грижи и да се насочи на нешто што предизвикува безбедно и пријатно чувство. Овие методи се дел од психотерапевтскиот пристап, но се користат и како техники за самопомош. Личноста, на пример, може да замисли место на кое се чувствува спокојно и да се фокусира на деталите од таа глетка, звуци, мирис, бои и на чувството што оваа слика го предизвикува. Шака и прсти Благото стимулирање на шаката и прстите исто така се користи како техника за релаксација и масажа. Нежното масирање или движење на прстите доведува до намалување на мускулната напнатост и до чувство на опуштеност. Важно е да имате на ум дека техниките на релаксација може да бидат корисно дополнување на здравите навики, но не и замена за лекарски преглед или терапија. Ако стресот е долготраен и почне значајно да влијае на сонот, расположението и секојдневното функционирање, разговорот со стручно лице може да биде важен чекор во решавање на проблемите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook