Иран негира вмешаност во нападот на Хутите врз Израел - Канал 5

Иран негира вмешаност во нападот на Хутите врз Израел

 Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека „постапките на Јеменците во поддршка на палестинскиот народ се независна одлука што произлегува од нивното чувство на солидарност“.

Иран негира вмешаност во нападот на Хутите врз Израел

Јеменските Хути вчера ја презедоа одговорноста за ракетниот напад на главниот меѓународен аеродром во Израел во близина на Тел Авив.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети одговор на нападот, обвинувајќи го Иран дека е „покровител“ на јеменската вооружена група.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

Во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа за која не важат критериумите како за другите држави кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на Самитот Македонија 2025. Тој најави раст на економијата.

Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости.

YouTube video

ДУИ: Владата предводена од Мицкоски целосно промаши

Владата предводена од Христијан Мицкоски целосно промаши во одржувањето на функционалноста на меѓуетничката демократија – клучниот столб на долгорочната стабилност на земјата.

ДУИ: Владата предводена од Мицкоски целосно промаши

Со заминувањето на уште еден албански партнер, ова политичко мнозинство целосно без легитимитет кај Албанците, целосно се претвори во моноетничка Влада.

На ова предупредувавме уште од самиот почеток на создавањето на ова парламентарно мнозинство, затоа што беше создадено на премисите на една монструозна амбиција - да се дисциплинира цел еден конститутивен народ и, според нивните зборови „да им се покаже местото“ на Албанците.

Она што особено загрижува е што наместо да ги увиди сопствените промашувања, премиерот најавува уште поцврста и поагресивна политичка хајка за да оствари континуитет на оваа моноетничка Влада.

Наместо да ја прифати реалноста дека народот бара предвремени избори, на терен веќе се демонстрира арогантна агресивност преку активности на уцени, подметнувања и поткуп.

На јавна сцена Владини функционери упатуваат закани дека „ќе ги стине правдата“ оние кои го критикуваат Премиерот, додека во позадина се води непристојна уцена кон пратеници, функционери и административци – Албанци, Турци, и други претставници на немнозинските етнички заедници, за да се обезбеди барем привид за некаква мултиетничка поддршка на Владата.

Овие очајни обиди да се добие барем некаков легитимитет ќе пропаднат, но зад себе ќе остават длабоки последици во нарушувањето на меѓуетничките односи.

Секој ден што оваа Влада ги отфрла албанските барања, преставува уште еден ден повеќе во оддалечувањето на Албанците од државните текови.

Оваа парламентарно мнозинство ги промаши клучните стратешки интереси на државата и заради тоа се распаѓа.

Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори.

ДУИ

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Неделава премиерот христијан мицкоски ќе го покани претседателот на Алијанса за Албанците и актуелен министер за здравство Арбен Таравари на уште една средба.

Неделава премиерот Мицкоски ќе го покани Таравари на уште една средба

Најверојатно последна на двајцата во својство на премиер и министер. Мицкоски вчера изјави дека најмалку што очекувал од Таравари е да заврши во рацете на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Потпресдателот на ДУИ Бујар Османи рече дека одлуката на Таравари е израз на храброст бидејќи владата е моноетничка.

притисни ентер