3Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2 Три едноставни начини да го победите стресот - стручни техники што може да ги применувате секој ден
СветНасирзаде: Техеран ќе возврати доколку САД или Израел го нападнатИранскиот министер за одбрана Азиз Насирзаде денеска изјави дека Техеран ќе возврати доколку САД или Израел го нападнат.Британските медиуми наведуваат дека коментарот на Насирзаде следеше на верувањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе му возврати на Иран затоа што Хутите, кои се поддржани од Техеран, истрелаа ракета што падна во близина на главниот аеродром во Израел. -Доколку оваа војна ја започнат САД или ционистичкиот режим (Израел), Иран ќе ги нападне нивните интереси, бази и сили, каде и да се и кога и да смета дека е потребно, изјави Насирзаде за иранската државна телевизија. Иран не е непријателски настроен кон соседните земји, но во случај на напад, американските бази лоцирани во регионот ќе се сметаат за цел за Техеран, истакна Насирзаде. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно денес изјави дека Израел ќе им одговори на Хутите и нивните ирански „господари“ откако јеменската бунтовничка група, поддржана од Техеран, започна ракетен напад врз главниот меѓународен аеродром во Израел. „Нападите на Хутите доаѓаат од Иран“, напиша Нетанјаху на платформата X. Тој истакна дека Израел ќе одговори на нападот на Хутите во време и место што ќе го избере кога ќе ги таргетира „нивните ирански терористички господари“. Ракета испалена од Хутите падна во близина на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, кревајќи облак од чад и предизвикувајќи паника кај патниците во терминалната зграда, јавија британските медиуми. Според израелските медиуми, во нападот се ранети најмалку шест лица. Воениот портпарол на јеменските Хути, Јахја Сари, изјави претходно денес дека групата ја презема одговорноста за ракетата лансирана на аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив. Во видео изјава, Сари го повтори предупредувањето до авиокомпаниите дека аеродромот „веќе не е безбеден за воздушен сообраќај“, јавија британските медиуми. Како што изјави висок функционер на Хутите, Мохамед ал-Бухаити, за катарскиот телевизиски канал Ал-Араби, Хутите со овој напад ја демонстрираа својата способност да напаѓаат чувствителни цели во Израел. Тој додаде дека групата поддржана од Иран „нема црвени линии“ во својата борба против Израел.Тагови: САД Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ. Во обраќањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ тој повика на сплотеност, меѓусебна доверба и заедничка работа.-Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. Тоа се нашите принципи, одбраната на социјалдемократијата и борбата за достоинствен живот на граѓаните - порача Герасимовски. Повикот за сплотување доаѓа откако вчера претставниците на платформата „Разговори за иднината во 12:05“, поранешните функционери на СДСМ – Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Гордан Георгиев и актуелната пратеничка, а поранешна министерка, Славјанка Петровска најавија дека почнувајќи од следната недела, пред лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе биде претставен план за консолидација на најголемата опозициска партија и за окрупнување на опозицискиот фронт во кој еден од условите ќе биде и негово повлекување од лидерската позиција. Доколку Филипче не го прифати ова, тогаш ќе следуваат други решенија. Филипче, синоќа пред седницата на Централниот одбор на партијата на новинарско прашање за повикот од членовите на партијата за негово повлекување и одговорност, Филипче им порача да се вразумат, бидејки според него не станува збор само за иднината на СДСМ, туку во прашање е и иднината на земјата.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИталија ги забрани бурките и никабите во училиштата и воведува ограничувања за странските студентиИталијанската влада донесе уредба со која се забранува носење бурки и никаби во училиштата и се ограничува бројот на ученици со слабо познавање на италијанскиот јазик во поединечни паралелки.Премиерката Џорџа Мелони ги опиша новите мерки како „разумни алатки што не создаваат поделби, туку всушност помагаат во интеграцијата“. Во видео објавено на Инстаграм, Мелони ја образложи одлуката. „Прво, забраната за бурки и никаби во училиштата. Да бидеме јасни, не станува збор за марама за глава, туку за облека што го покрива лицето. Во училиште се оди со откриено лице. Никој во Италија, во име на каква било вистинска или наводна традиција, не смее да има право да принудува девојче да се крие“, изјави премиерката. Забраната се однесува исклучиво на бурка – превез од едно парче што го покрива целото тело и лицето, често со мрежа преку очите – и на никаб, превез што го покрива лицето, но остава отвор за очите. Носењето хиџаб – марама што ја покрива косата, но го остава лицето видливо – и понатаму е дозволено. Министерот за образование Џузепе Валдитара нагласи дека забраната за никаб и бурка е прашање на родова еднаквост. Премиерката Мелони додаде дека станува збор и за безбедносно прашање. „Всушност, такви правила постојат во разни европски земји, а ќе ви кажам и повеќе – дури и некои земји со мнозинско муслиманско население ги имаат“, рече таа, како што пренесе Би-би-си. Уредбата исто така воведува ограничување од 30 проценти за бројот на деца кои немаат италијанско државјанство или имаат слабо познавање на италијанскиот јазик во паралелките од прва година во основните и средните училишта. Целта, според Мелони, е „да им се даде на овие деца вистинска можност за интеграција“ и да се избегне создавањето на „гето-паралелки“, објасни министерот Валдитара. Според податоците на истражувачката фондација ISMU, странските државјани сочинуваат 11,6 проценти од учениците во италијанските училишта. Ограничувањето ќе се применува различно во зависност од нивото на образование. Во основните училишта, тоа ќе се однесува на странски државјани кои не се родени во Италија или не посетувале италијанска градинка најмалку две години. Во средните училишта, правилото важи за ученици без италијанско државјанство кои немаат завршено најмалку три години школување во рамките на италијанскиот систем. Локалните училишни власти ќе имаат обврска порамномерно да ги распоредуваат учениците со слабо познавање на јазикот меѓу блиските училишта. Таму каде што тоа не е можно, ќе се прават исклучоци, но ќе биде задолжителна дополнителна настава по италијански јазик. Според нацрт-законот за кој известува новинската агенција ANSA, училиштата ќе бидат должни да ги пријавуваат до социјалните служби случаите во кои јазичните бариери на родителите ја попречуваат интеграцијата на детето. На родителите кои не можат да комуницираат со училиштето поради недоволно познавање на јазикот, ќе им бидат понудени бесплатни курсеви по италијански јазик до ниво А2. Предвидени се санкции за оние што ќе изостануваат од наставата без оправдана причина откако претходно добиле предупредување. Мерката беше усвоена како уредба со законска сила, што значи дека стапува на сила веднаш, иако Парламентот мора да ја ратификува во рок од 60 дена. Забраната за покривање на лицето во училиштата ќе се применува почнувајќи од учебната 2026/2027 година, додека ограничувањето на бројот на странски студенти ќе стапи на сила од учебната 2027/2028 година.Тагови: бурки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПремиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОНПремиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време. Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници. Премиерот вчера остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ: На средбата разговаравме за актуелните состојби во регионот, значењето на добрососедските односи, унапредувањето на соработката и заедничките интереси кои придонесуваат за стабилност, развој и просперитет на нашите народи - објави премиерот Мицкоски на фејсбук. Тој во објавата наведува дека продолжуваат со отворен дијалог и конструктивна соработка во насока на јакнење на регионалното поврзување и европската перспектива на Западен Балкан. Мицкоски вчера присуствуваше и на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година.. Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на нато членките, во знак на солидарност со САД..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00