Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
1 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
СветИран го одби барањето на САД: Ќе преживееме без вас Иран нема да разгледува привремено суспендирање на збогатувањето ураниум за да обезбеди нуклеарен договор со САД, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи.Иран нема да разгледува привремено суспендирање на збогатувањето ураниум за да обезбеди нуклеарен договор со САД, изјави портпарол на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека сè уште не е одреден датум за шестата рунда разговори со Вашингтон. Вашингтон и Техеран се обидуваат да го решат деценискиот спор околу нуклеарните амбиции на Иран. „Иран никогаш нема да го прифати ова“, изјави портпаролот Есмаил Багеи, во врска со суспендирањето на збогатувањето ураниум за три години со цел да се постигне договор. „Иран ќе преживее дури и ако нема преговори со САД и ако бидат воведени дополнителни санкции“, изјави денеска претседателот Масуд Пезешкијан, според државните медиуми. „Не е дека ќе умреме од глад ако одбијат да преговараат со нас или да воведат санкции. Ќе најдеме начин да преживееме“, рече иранскиот претседател. Претседателот Доналд Трамп вчера изјави дека американските преговарачи имале „многу добри“ разговори со иранската делегација во текот на викендот. „Доколку има добра волја од американска страна, и ние сме оптимисти, но ако разговорите имаат за цел ограничување на правата на Иран, тогаш разговорите нема да водат никаде“, додаде Багеи.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Живот Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваатМонотонијата во љубовниот однос може да се разбие.Во долгите врски, блискоста често не исчезнува поради недостиг на љубов, туку поради рутината. Партнерите со тек на време развиваат познати навики, избираат исто време, исто место и исти обрасци, па она што некогаш било спонтано, станува предвидливо. Тоа не значи дека односот е во криза, понекогаш е доволно да се врати еден детаљ за возбудата, вниманието и чувството на поврзаност да се вратат. Стручните лица за партнерски односи истакнуваат дека за подобар интимен живот не се потребни големи потези, туку повеќе присутност и отвореност. Познатото не мора да значи и здодевно Паровите често веруваат дека мора да воведат нешто сосема ново за да ја избегнат рутината, но ако на двајцата им годи начинот на водење љубов, нема причина да менуваат нешто само затоа што делува едноставно. Проблемот настанува кога истиот образец се повторува без разговор и обраќање на внимание на реакцијата на партнерот. Тогаш блискоста може да се претвори во уште една ставка во распоредот, наместо момент во кој двете личности се присутни. Мала промена, како поразлично темпо, подолг допир, или повеќе време издвоено само за партнерот, може да внесе чувство на новина без непријатност и притисок. Атмосфера што го менува доживувањето Светлото, музиката, мирисот и уредениот простор може силно да влијае на расположението. Пригушено светло, омилена песна, чиста соба или масажа, им помага на партнерите да се опуштат и да се оддалечат од секојдневните грижи. Промената не мора да биде драматична. Доволно е интимниот однос да не се случува секогаш на ист начин и во ист момент. Кога ќе се вклучат различни сетила, партнерите стануваат фокусирани еден на друг и полесно излегуваат од автоматското однесување. Разиграноста ја враќа спонтаноста Долгогодишните партнери понекогаш забораваат колку на почетокот од врската биле љубопитни. Тие однапред не претпоставувале што сака другата личност, туку посматраат, слушаат и откриваат. Таа љубопитност може да се врати преку нови искуства што им годат на двајцата. На некои парови им одговара промена на положбата, на други масажа, превез околу очите или едноставно, една договор една вечер да не брзаат. Најважно е двајцата да се чувствуваат сигурно и слободно да кажат што им одговара, а што не. Ниедна нова работа нема смисла ако создава притисок и чувство на обврска. Разговорот е најважен чекор Многу парови полесно разговараат за сметките, работата, семејните обврски отколку за сопствените желби. Сепак, квалитетните интимни односи тешко може да се одржат ако партнерите очекуваат другата страна да погоди сè без разговор. Нема потреба да се води сериозна расправа. Доволно е да го прашате партнерот што му годи, или дали нешто би промениле? Или, „Што недостасува во последно време“? Отворениот разговор ја елиминира спонтаноста, напротив, гради доверба и им помага на партнерите повторно да се почувствуваат видено, пожелно и блиско. Понекогаш, токму таа најмала промена може да направи голема разлика. Не затоа што ги решава проблемите преку ноќ, туку затоа што покажува дека партнерите и понатаму сакаат да вложуваат еден во друг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Еве што ги одбива мажите од девојка што им се допаднала на прв погледЕдна љубовна средба може да тече совршено, да постои неверојатна хемија, разговорот да тече непречено и сè да упатува на тоа дека работите се движат во вистинска насока, сè до еден коментар, бизарна ситуација или сосема неочекувано признание Еден корисник на Редит, поставил прашање: „Мажи, што е она што во еден момент ве префрла од „Едвај чекам да те видам“, до „Нема шанси, што се случи“? При што коментирале стотици мажи. Непочитување и безобразие „Паркираше на паркинг-место за инвалиди, кое беше на мојот сосед, не сакаше да го помести автомобилот, тоа за мене беше крај“. „Една девојка беше неверојатно безобразна со келнерот. Неколку реченици изговорени со одвратен тон „јас сум над тебе“, беше доволно сосема да се оладам“. „Пред да ја запознаам сопругата, излегував со една девојка за која мислев дека е „онаа вистинската“. Имавме три фантастични средби, бевме на планинарење, се качувавме на карпа, трчавме заедно... На четвртата средба ја одведов во еден убав „од фарма на трпеза“ ресторан, чијшто сопственик го познавав. Мало интимно место со неколкумина вработени. Таа девојка еден од келнерите го третираше како ѓубре. Не ми се веруваше, бев ужаснат. Прекинав да се гледам со неа на паркингот, се вратив во ресторанот и се напив пијачка со сопственикот и келнерот, а на келнерката и оставив голем бакшиш. Таа келнерка сега ѝ е сестра на мојата сегашна жена.“. „Рече дека ќе се залета и ќе скокне на мојот кауч. Ѝ реков да не го прави тоа. Сепак, скокна пред мојот цимер. А, само што го купивме каучот, кој стоеше на свежо исполиран паркет.“ „Постојано го поместуваше договореното време. Кога конечно цврсто се договоривме нешто, бев на половина пат од кафулето и таа повторно ми прати порака велејќи дека ќе задоцни десет минути. Иритантно, но во ред. Чекав дваесет минути по договореното време, без никаква порака од неа, потоа станав и си заминав. Половина час подоцна ми прати порака прашувајќи ме каде сум. Никогаш не ѝ одговорив. Не поднесувам луѓе кои не го почитуваат туѓото време.“ „Фрли ѓубре на подот од трговскиот центар. Кога ја погледнав за да го собере, ми рече: „Без гајле, ќе исчисти некој што е платен за тоа.“ Отидов во тоалет и исчезнав.“ „Еден час откако се сретнавме, ми раскажа како купувала половен велосипед од еден постар господин кој го нарече „бескорисен маж“ затоа што не се понудил да го стави во нејзиниот автомобил.“ „Отидовме на прошетка во паркот каде што имаше кафуле. Ѝ кажав дека сум гладен и дека ќе купам сендвич, ѝ понудив и нејзе. Таа рече дека не е гладна. На крајот ми проговори дека е непристојно што сум јадел додека таа не јаде“. „На третото излегување, таа зеде кучето за да го прошета. Кога кучето се искака во нечија цветна градина, таа рече дека нема кеса. Ѝ понудив да земам, но таа збесна: „Не, остави. Во ред е, стално правам вака. Биоразградливо е.“ Тоа не беше некаде во природа, туку во нечија градина. Сепак најдов неколку марамчиња и собрав по кучето. Цело време ме навредуваше и ми префрлаше, без „благодарам“ или „извини“. Тогаш последен пат разговарав со неа. Загрижувачки ставови и верувања „Ми рече дека мисли оти ЛГБТ луѓето се морничави и страшни.“ „Се испостави дека е антисемитски настроена. Немам ништо против критикувањето на Израелската влада. Но, сум против верувањето дека сите Евреи се дел од некоја организирана кабала што сака да завладее со светот. Простете ми, но тешко ми е да поверувам дека Рик Моранис е дел од каква било завера.“ „Дозна дека сум земјоделец и изјави дека „фармите се загуба за земјата и треба да се претворат во предградија со убави куќи“. И додаде: „Повеќето луѓе сепак купуваат храна од маркетите.“ Тој ден ја изгубив вербата во човештвото.“ „Едно девојка ми кажа дека не верува во диносауруси. Тоа беше интересно.“ „На првиот состанок, ѝ спомнав дека неодамна ми умре мачката. Реков дека мојот Бандит ме чека сега на Небото. Ми рече дека тоа е невозможно бидејќи животните немаат души. Сметката, ве молам!“ „Во еден разговор за семејството, ѝ кажав дека имам брат со интелектуална попреченост. После тоа, најмалку пет пати го употреби навредливиот термин „ретардиран“. „Кога зборуваше за тоа како би се откажала од сопствените деца ако се воспостави дека се хомосексуалци.“ Љубомора, контрола и чудни очекувања „По нашата прва физичка средба, околу еден час подоцна, таа почна да ми кажува да не се дружам со ниту една од моите пријатели. Стана екстремно љубоморна и посесивна. Ѝ кажав што треба за да ја смирам ситуацијата и си заминав без борба. Повеќе никогаш не ѝ се јавив.“ „Додека бевме голи во џакузито за прв пат... таа надолго и нашироко зборуваше за сите маани на нејзиниот поранешен сопруг. Потоа гордо раскажа како го научила својот син тинејџер дека мора да го истепа секој што го почитува. На крајот, јасно ми стави до знаење, дека сака маж кој попрво би се степал отколку што би разговарал доколку некој се расправа со неа. Ѝ реков да преспие во гостинската соба и да го презакаже летот за следниот ден. Беше неверојатно токсична.“ „Запознав самохрана мајка, изгледаше фина. Кога ја прашав што работи за живот, таа рече дека е домаќинка. Кога ја прашав што планира да прави кога ќе се врати на работа. Таа рече дека не се враќа на работа; бара „вистински маж“ кој ќе се грижи за неа и нејзините деца. Јас волонтирам, одгледувам зеленчук за сиромашните, одам на лов и риболов затоа што го сакам тоа. Таа не бараше „вистински маж“. Таа сакаше банкомат.“ „Две работи: постојано сите ги озборуваше (пријателите, семејството, странци) и не можеше да престане да се жали за поранешните момчиња и колку лошо се однесувале кон неа.“ „На нашата втора средба, почна детално да зборува за платите, и за тоа чии деца во која соба да спијат кога таа ќе се всели кај мене. Тоа целосно ме олади, а добро се согласувавме. Едноставно не можев да преминам преку тоа.“ „Дознав дека има уште еден тип кој е убеден дека ѝ е дечко - биле заедно четири месеци, спиеле, си изјавувале љубов. Таа, од друга страна, мислела дека „не се во сериозна врска“ и го излажала за тоа каде се наоѓа таа вечер додека беше излезена со мене.“ „Ја однесов во луксузен ресторан и таа буквално не јадеше ништо. Нарачав вино и риба, а таа само грицна леб и тоа беше тоа. А, навистина сакаше да оди таму...“ „Ме праша колку заработувам по десет минути разговор. Си заминав.“ „Ми кажа дека нејзините родители ја принудиле да раскине со љубовта на нејзиниот живот, која била жена, па сега морала да излегува со мажи. Ѝ реков, не, благодарамКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБарби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова куклаБарби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата „Barbie Signature“. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ - облечена во розов, тесен фустан, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од 80-тите и долга виткана коса. Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон По повод речиси 40-годишнината од објавувањето на песната, како и нејзиниот роденден, куклата ја слави пејачката и нејзиното наследство во музиката, забавата и културата. „Музиката на Витни Хјустон е саундтрак за безброј моменти за обожавателите ширум светот“, рече Натан Бејнард, потпретседател и раководител на брендот Барби во Мател. View this post on Instagram A post shared by Barbie (@barbie) „Барби е горда што ѝ оддава почит на нејзиното извонредно наследство со најновото дополнување на колекцијата.“ „Оваа кукла го слави нејзиниот препознатлив стил, радост и дух. Се надеваме дека ќе им обезбеди на обожавателите значаен начин да го прослават уметникот чиј глас и влијание продолжуваат да резонираат низ целиот свет.“ Многу познати личности имаат свои кукли Барби Куклата беше претставена на петтата годишна гала-вечер Витни Хјустон „Legacy of Love“, која е во корист на фондацијата на покојната пејачка за помагање на младите луѓе. Таа им се придружува на голем број музичари како што се Мајли Сајрус, Кајли Миног, Стиви Никс и Глорија Естефан кои исто така добија своја кукла во колекцијата. Други ѕвезди се Тина Тарнер, Елвис Присли, Елтон Џон и Хуан Габриел. View this post on Instagram A post shared by Barbie® (@barbiestyle) Хјустон стана еден од најпродаваните изведувачи во историјата на поп-музиката откако потпиша договор како тинејџерка. Таа стоеше зад хитови како „How Will I Know“, „Saving All My Love For You“ и нејзината изведба на „I Will Always Love You“, која се искачи на врвот на топ листите. Таа почина во 2012 година на 48-годишна возраст. Извор: Индекс.хр Тагови: Витни Хјустон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook