3По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
СветНуклеарните преговори меѓу САД и Иран влегуваат во критична фазаПреговорите меѓу Вашингтон и Техеран за контроверзната иранска нуклеарна програма денеска треба да влезат во одлучувачка фаза со состанок во италијанскиот главен град.Во Рим на петтата рунда разговори се очекуваат американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Заливската држава Оман посредува меѓу двете земји. САД бараат иранската влада целосно да го запре збогатувањето ураниум, што Вашингтон го смета за неопходна мерка за трајно спречување на развојот на нуклеарно оружје. Техеран го отфрла ова барање, но покажа подготвеност повторно да ја ограничи нуклеарната програма и да дозволи построги контроли. Двете страни првично изразија оптимизам на почетокот на разговорите. Меѓутоа, по неодамнешниот состанок во оманската престолнина, Мускат, се појавија значителни разлики околу централното прашање за збогатувањето ураниум. Експертите велат дека преговорите сега се во критична фаза, пренесе ДПА. Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската границаНема да има блокада на македонско-бугарските граници- двочасовните протести на Деве Баир, Делчево и Ново Село кои ги планираше бугарската фондација Македонија, по опожарените дипломатски возила во Скопје, се откажува. Нивната одлука доаѓа по повиците од амабсадорот во земјава Радуков и министерката за надворешни работи Петрова Чамова. Според објавата на бугарската амбасада во земјава, тие поддржуваат мирни протести, но велат незадоволството треба да има европски и конструктивен карактер. -Интересот на нашата земја налага да бидеме отворени кон нашите југозападни соседи, да го поттикнеме нивното запознавање со современата бугарска култура, да ги промовираме контактите меѓу долго разделените семејства, да ја продлабочиме економската соработка и трговијата. Ова е најдобриот начин да се спротивставиме на омразата.- Жељаско Радуков – амбасадор на Р. Бугарија И бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова претходно изјави дека блокадите на границите би биле контрапродуктивни и би создале дополнителни тензии. Тамошните политичари инцидентот со опожарените возила пред амбасадата во Скопје го окарактеризираа како провокација и напад врз нивната држава за кој бараа брз расплет, одговорност и да се дознаат мотивите на сторителот. Од македонската Влада пак имаше експресна осуда, а од МВР по неколку часа соопштија дека лицето е приведено, а подоцна доби и осумдневен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Мелони ме замоли да се сликам со неа, ми беше жал за неаПретседателот на САД, Доналд Трамп, денес во емисијата „Aria che Tira“ на телевизијата „La7“ изјави дека италијанската премиерка Џорџија Мелони го „молела“ да се слика со неа на самитот на Г7 оваа недела.На почетокот на интервјуто, Трамп веднаш го сврте разговорот кон Мелони, прашувајќи „како е вашата премиерка?“ „Што рече таа кога се сретна со мене? Веројатно е среќна што разговарав со неа“, додаде тој. „Не морав да разговарам со неа. Не знам што да кажам. Ме замоли да се сликам со неа. Толку многу сакаше да се слика со мене. Не би го прифатил тоа, но ми беше жал за неа“, рече тој. Мелони беше голем пријател на Трамп и единствениот европски лидер поканет на неговата инаугурација минатата година. Односите се заладија кога италијанската влада, на почетокот на војната во Иран, го отфрли барањето на САД да користи воздухопловна база во Сицилија за напади за време на војната. Трамп ја обвини Италија дека не е од помош и рече дека Мелони се променила. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче со земјоделците од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачменПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен.Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба да ги следи производствените трошоци и да реагира доколку откупната цена на јачменот и пченица е ниска, нема никаква реакција. Земјоделците на средбата посочија дека ниту откупната цена на јачменот, ниту на пченицата, не се јавно објавени. Жетвата на јачменот е веќе на средина, земјоделците го предаваат, а не знаат по која цена. На дел им се откупува по 9 денари за килограм,, што за нив значи директна загуба. Претседателот Филипче посочи дека со погубните политики на власта земјоделството пропаѓа. „Земјоделството пропаѓа. Ако државата не ја пресмета производната цена во соодветно време и да даде помош согласно зголемените трошоци, бидејќи ние не знаеме од сега дека порасна цената на ѓубривата, знаеме од кога почна војната на Блискиот Исток, ако немаме Влада која ќе помогне да се има реална цена, што ќе даде дополнителна субвенција, интервентна мерка, а влијае за да има непречен откуп, како што нема, тогаш вие земјоделците сте оставени сами на себе“, рече Филипче. На средбата Филипче посочи дека СДСМ има план за развој на земјоделството, според потребите на земјоделците, како и план кој го цени трудот на земјоделците. „Прво, соодветна производна цена по јавна и јасна методологија, за да се знае колку е трошокот. Ако остане неоткупен производ, државата да води грижа за тоа. Потоа окрупнување на земјиштето, намалување на земјоделска такса од 2%, средување на состојбата со каналите за наводнување, педолошки анализи на почва и друго и сето тоа да биде стратегија за развој на земјоделството, но да бидеме искрени, сето тоа се прави со помош од ЕУ“, рече Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗакажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53