Петтата рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи в петок во Рим - Канал 5

Петтата рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи в петок во Рим

Петтата рунда преговори меѓу САД и Иран за иранската нуклеарна програма ќе се одржи в петок во Рим, објави денеска министерот за надворешни работи на медијаторот Оман.

Петтата рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи в петок во Рим

Бадр ал-Бусаиди ја објави информацијата на својот профил на „Х“.

САД и Иран минатиот месец почнаа клучни разговори, со посредство на Оман, за нуклеарната програма на Иран. Тие преговори имаат за цел да склучат нов договор што би го спречил Иран да се здобие со нуклеарно оружје во замена за укинување на санкциите што ја парализираа неговата економија.

Иран негира дека неговата нуклеарна програма има какви било воени цели.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изрази вчера скептицизам во врска со успехот на преговорите, забележува агенцијата Франс-прес. Тој конкретно го отфрли барањето на САД Иран да престане со збогатување на ураниум. /МИА

Стојаноска од општина Теарце: Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти

Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти.

Стојаноска од општина Теарце: Жителите се благодарни што Владата даде средства за реализација на локални проекти

Денес сум во село Непроштено, општина Теарце, на средба со жителите.

Разговаравме на многу локални теми, меѓу останатото благодарни до Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за досега реализираните проекти од оној вкупен износ од 250 милиони евра.

Со првиот проект се реализирани два локални проекти, а со вториот повик поднесена е апликација за четири локални проекти, но добро е, ми порачаа жителите од селата Теарце, Лешок, Непроштено, Доброште, Глоѓи, за да му порачаме вака јавно на актуелниот и на идниот градоначалник на оваа општина за следните проекти, да ги консултира буквално сите жители од оваа општина, а не само партиските војници, рече Дафина Стојаноска, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

YouTube video

Милошоски: Исправна е одлуката на Владата да ги поддржи општините

Исправна е одлуката на Владата да ги поддржи општините и преку проекти да продолжи нивниот развој.

Милошоски: Исправна е одлуката на Владата да ги поддржи општините

Една изјава од општина Ново Село,

Би сакал да потенцирам во името на ВМРО-ДПМНЕ и владината коалиција дека сме задоволни од проектите што се реализираат на општинско ниво. И тоа покажува дека одлуката на Владата да ги поддржи помалите општини, буџетски, за наменски проекти коишто се битни за жителите на овие општини беше исправна.

И сега и во иднина, ќе продолжиме со оваа поддршка и се надеваме дека тоа е уште еден аргумент плус, за добивање на довербата од страна на граѓаните за да може во континуитет да продолжи развојот и на општина Ново Село и на сите општини тука во југоистокот на Македонија, рече Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ .

YouTube video

На бејзбол натпревар направија пародија на „уловените љубовници“- сите хистерично се смеат (ВИДЕО)

Концертот на популарниот бенд Coldplay во Бостон требаше да биде вечер на уживање во музика и забава, но за еден директор и неговата колешка, се претвори во вистински кошмар кој набрзо стана вирален.

На бејзбол натпревар направија пародија на „уловените љубовници“- сите хистерично се смеат (ВИДЕО)

Имено, за време на настапот на стадионот Жилет, камерата снимила двајца луѓе, Енди Бајрон, извршен директор на софтверската компанија Astronomer, и Кристин Кабот, главен директор за човечки ресурси. Двојката била фатена во прегратка, а набрзо се покажало дека Кристин не е негова сопруга, што предизвика глобален скандал.

@instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp ♬ original sound - grace

Пародија била прикажана на спортскиот терен

Оваа малку срамна сцена набрзо стана вирална, а сите коментирале и го споделувале видеото. Не требало долго време за да се појават бројни пародии кои ги насмеале корисниците на социјалните мрежи.

На натпреварот помеѓу Филаделфија Филис и Лос Анџелес Анџелс, маскотата на Филис, Фили Фанатик, решила да направи своја пародија на виралниот момент „бакнување на камера“. Фили Фанатикот бил „фатен“ на камера како разменува нежности со својата партнерка, а нивните срамежливи обиди да го сокријат тоа предизвикале лавина од смеа кај гледачите.

Погледнете го урнебесниот момент.

Маж во публиката кој го држеше знакот „Ова е мојата сопруга“ насмеа многу луѓе. Камерата го фати како ја прегрнува и го држи транспарентот високо, за да нема забуна.

Компанијата исто така реагираше

Но, виралните моменти на интернет не се секогаш без последици.

Како што почнаа да кружат гласини за ова видео, софтверската компанија Астрономер, чии вработени беа снимени, започна официјална истрага за да ја разјасни ситуацијата.

„Астрономер останува верен на вредностите и културата што нè водат од нејзиното основање. Од нашите лидери се очекува да постават стандарди во однесувањето и одговорноста“, се вели во соопштението на компанијата. „Одборот започна формална истрага за ова прашање и наскоро ќе споделиме дополнителни информации.“

Бајрон на отсуство

И додека Бајрон, кој е привремено отстранет од функцијата извршен директор, сè уште не дал јавна изјава, последиците се веќе сериозни: неговата сопруга, Меган Кериган Бајрон, го отстрани неговото презиме од своите профили на социјалните мрежи, а потоа ги деактивираше сметките.

притисни ентер