Инвестиција вредна 6 милиони евра-поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај Кабло“ - Канал 5

Инвестиција вредна 6 милиони евра-поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај Кабло“

Со инвестиција од шест милиони евра турската компанија „Чагатај Кабло“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје на повишина од 10.000 м2 гради нова фабрика и ги проширува своите капацитети во Македонија. 

Инвестиција вредна 6 милиони евра-поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај Кабло“

Компанијата за производство на жици и кабли за автомобилската индустрија, која веќе подолг период работи во рамките на ТИРЗ ќе овозможи 200 нови вработувања. На поставувањето на камен темелникот премиерот Мицкоски истакна оваа инвестиција е особено значајна за локалната заедница и нацоналната економија, но и показател дека се враќа довербата на странските инвеститори во македонската економија.

-Нашата цел е да ја направиме Македонија земја во која ивнестицијата има смисла, земја во која институциите се партнери на бизнисот, не пречка туку поддршка. Секој ваков објект е порака дека имаме капацитет, има луѓе што знаат да работат и има Влада што знае да ги препознае вистинските приоритети,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

-Со оваа нова инвестиција планираме вкупната затворена површина на фабриката да достигне 17.000м2, а бројот на вработени да се зголеми на 500. Воедно со дополнителниот буџет на инвестиции во износ од 6 милиони евра не само што ја зголемуваме нашата производствена способност, туку и нашата додадена вредност за регионот и за целиот сектор,- Ахмет Хароглу –претседател на управен одбор на „Чагатај Кабло“ .

Премиерот Мицкоски нагласи дека во првиот квартал од годината БДП има пораст од 3,2%, додека извозот во првите 5 месеци е згволемен за 3,15%. Само во мај растот на индустриското производство изнесува 9,4%. Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски пак потенцира дека додека во Источна и Југоисточна Европа се бележи пад на обемот на странските директни инвестиции, анализите покажуваат дека регионот на Западен Балкан има раст од 17,4%.

-Според последната анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, особено е знајачно тоа што токму Македонија е идентификувана како еден од главните двигатели на овој позитивен тренд на обемот на странски директни инвестиции во Западен Балкан,- Гоце Димовски – директор на ТИРЗ.

Турската компанија со своите производи ги снабдува водечките производители на автобуси, трактори, градежни машини, камиони, комерцијални возила, климатизери, машини за чистење и специјални аеродромски возила.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

ДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК.

ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба.

За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана.

Државна комисија за спречување на корупцијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малото градско Рено чини 4.900 евра- електричното Твизи го собира секаде(ФОТО)

Гужвите, скапото гориво и вечната потрага по паркинг ги тераат многу возачи да размислуваат за алтернативи на класичните автомобили.

Малото градско Рено чини 4.900 евра- електричното Твизи го собира секаде(ФОТО)

Ако барате возило кое е направено за градско возење, тешко ќе најдете нешто помало и попрактично од Renault Twizy.

Овој електричен двосед привлекува внимание со својот необичен изглед, но неговата најголема предност е во секојдневната употреба. Поради своите компактни димензии, може да се паркира речиси насекаде, дури и на места каде што повеќето автомобили би имале потешкотии да најдат простор.

Идеален за град и пократки растојанија

Рено Твизи достигнува максимална брзина од 85 км/ч, што го прави погоден не само за градско возење, туку и за пократки приградски рути. Може да помине до 70 километри со едно полнење, а батеријата е заменета пред три години.

Полнењето е едноставно и не бара посебна инфраструктура. Батеријата може да се полни за приближно два и пол часа со помош на домашен Schuko приклучок, а може да се полни и на градски станици за полнење од тип 2.

Опремен за секојдневно возење

Копијата што се продава е правилно сервисирана и е во многу добра состојба. Опремена е со греење на седиштето и шофершајбната, дополнителни зимски стакла за дожд и Bluetooth звучници. Со почетна цена од 4.900 евра, нуди сè што ви е потребно за практично и економично возење во град.

Возилото доаѓа и со дополнително купени зимски стакла за дожд, како и Bluetooth звучници. Twizy има и мал простор за багаж, а дополнителното задно седиште овозможува превоз на уште едно лице.

Голема предност - бесплатен паркинг

Една од најголемите предности на ова електрично возило е ниската цена на користење. Благодарение на категоријата мопед, можно е бесплатно да се паркира во градот, што може да донесе значителни заштеди за возачите кои го користат автомобилот секој ден.

Додадете на тоа минимални трошоци за електрична енергија и лесно паркирање, и јасно е зошто Twizy е интересен избор за оние кои го поминуваат поголемиот дел од времето во урбани средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Русија со реакција на првата заедничка војна вежба на Србија и НАТО

Русија денеска го обвини НАТО дека се обвива околу Србија „како удав“, посочувајќи ја заедничката воена вежба што се одржува таму како обид за потчинување на земјата. 

Русија со реакција на првата заедничка војна вежба на Србија и НАТО

Москва тврди дека Алијансата сака да ја преземе контролата врз Балканот и да ја одвои Србија од Русија.

Воена вежба во Србија

Станува збор за годишната вежба „Платински волк“, која започна на 1 јуни со поддршка на Европската команда на САД. Според Србија, целта на вежбата е размена на најдобри практики и „подобрување на способностите и меѓусебното разбирање“ на земјите учеснички, вклучувајќи осум членки на НАТО.

Коментирајќи ја вежбата, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, употреби живописна споредба. „Како боа констрикторите, тие ја опкружуваат Србија со спирали на нивната љубов“, изјави Захарова за новинарите.

Контекст на врската

Русија и Србија традиционално негуваат блиски односи, кои имаат и историска димензија. Во 1999 година, за време на војната во Косово, Србија беше цел на бомбардирањето на НАТО, што е сè уште важен дел од колективната меморија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер