1Се огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукот
ФудбалИнтер и Ериксен го раскинаа договорот Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на стартот од овогодинешното Европско првенство и само брзата реакција на лекарот му го спаси животот на играчот од средниот ред на Интер од Милано.Данскиот репрезентативец има поставено дефибрилатор во болница и му е дозволено да игра фудбал, но не и во Италија каде што има правило кое забранува настапи на играчи со какви било проблеми со срцето. Затоа Ериксен се уште не играл по Европското првенство. Тој вчера пристигнал во Милано со својот менаџер Марин Шутс за да разговара за целата ситуација, а денеска доверливиот новинар Фабрицио Романо објави дека Интер и Ериксен се договориле да го раскинат договорот кој траеше до 2024 година. Во последните недели, Ериксен тренирал со данскиот со Одензе, а Англија, Холандија и Данска се споменуваа како потенцијални нови дестинации за 29-годишниот фудбалер. Ериксен професионалната кариера ја започна во Ајакс и за него играше од 2010 до 2013 година, се` до трансферот во Тотенхем, за кој настапуваше до лани, по што замина во Интер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ТехнологијаСе огласи НАСА по падот на вселенската опсерваторија: Влета во атмосфератат 22 пати побргу од звукотВселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија.Вселенската опсерваторија „Нил Герелс Свифт“ на НАСА, која ги проучува најмоќните познати енергетски изливи во вселената повеќе од две децении, падна од орбитата како што се очекуваше и изгоре во атмосферата на Земјата над Индонезија, соопшти вселенската агенција во својата прва изјава откако вселенското летало „падна од небото“. Телескопот од 1.452 килограми (3.000 фунти) падна како што се очекуваше, помалку од три месеци откако не успеа спасувачката мисија за враќање на телескопот во повисока орбита и продолжување на неговиот век, објави Ројтерс. Сателитот што го носеше телескопот падна во горната атмосфера на Земјата со брзина од околу 22 пати поголема од брзината на звукот над индонезиската покраина Северна Суматра, околу 200 милји (322 километри) северно од екваторот. НАСА соопшти дека топлината од триење при повторното влегување го изгорела поголемиот дел од сателитот далеку над површината на Земјата, но дека некои фрагменти го преживеале падот и дека немало штета или повредени на земјата од деловите што паднале.Тагови: НАСА опсерваторија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов масовен протест во Франција – се очекуваат повеќе од половина милион луѓе Стотици илјади граѓани се очекува да излезат на денешните протести низ Франција, додека вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието..Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од минатиот месец, пренесуваат светските медиуми.. Според проценките на француските разузнавачки служби, само надвор од париз на демонстрациите би можеле да учествуваат меѓу 500.000 и 700.000 луѓе.. Властите стравуваат од повторување на настаните од 17-ти октомври, кога за време на немирите беа ограбени и оштетени продавници и јавни објекти низ земјата. Ќе бидат уште еден тест за претседателот на земјата, Емануел Макрон, по неделите немири што ја потресоа неговата влада и ја обележаа политичката сцена пет месеци пред претседателските избори..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПет лица се пронајдени мртви во возило, турската полиција го блокира целиот регион (ВИДЕО)Пет лица се пронајдени мртви во возило во близина на селото Кијир, во округот Ихсаније во турската покраина Афјонкарахисар.Според првичните информации, граѓаните забележале дека во возилото има лица кои не покажувале знаци на живот, по што го пријавиле случајот кај надлежните служби, објави ТајмТурк. На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на жандармеријата, чии членови потврдиле при првичната проверка дека сите пет лица починале. По пријавата, полицијата го обезбедила подрачјето, додека истражните екипи започнале со собирање докази и утврдување на сите околности на овој случај. Идентитетите на починатите сè уште не се познати, а надлежните органи работат на нивна идентификација. Околностите под кои петте лица ги загубија животите сè уште не се разјаснети. Во моментов нема официјални информации за тоа што довело до трагедијата, а истрагата треба да ја утврди причината за смртта. Надлежните служби сè уште не објавиле подетални информации за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook