Инфлацијата повторно расте – храната поскапена за 7%, овошјето за 21% - Канал 5

Инфлацијата повторно расте – храната поскапена за 7%, овошјето за 21%

По незначителното забавување во месец септември – статистика измери нов скок на инфлацијата.

Инфлацијата повторно расте – храната поскапена за 7%, овошјето за 21%

За една година или од октомври 2024 до октомври 2025 година таа пораснала за 4,5%, за разлика од претходниот месец кога беше измерена инфлација 4%.

Кај цените на храната и безалкохолни пијалаци за една година има зголемување од 7 %, а најголемо е кај овошјето од 21 %, потоа месото и маслото бележат раст од речиси 10 %, а цените на лебот и житариците од октомври лани до окотмври годинава скокнале за 5,5%. Голем скок од над 26 % има кај кафето, чајот, какаото но тоа се берзански производи.

Државен завод за статистика

Октомври 2024 - Октомври 2025

Овошје – 21,49%

Месо – 9,75%

Масла и масти – 10,61%

Леб и житарици – 5,54%

Кафе, чај, какао – 26,59%

Иако на месечно ниво октомври споредбено со септември трошоците за живот белжат намалување од 0,2% и тоа пред се според статистичарите се должи на намалувањето на трошоците за транспорт од 6,1%, образование, рекреација и култура за 0,1% - на годишно ниво овие стапки имаат најголем скок.

Од ССМ сметаат дека лек против високите цени е итно зголемување на платите, според нив граѓаните веќе не веруваат во мерки бидејќи истите, велат, се изигруваат од страна на трговците.

„Повеќе од нужно е владата да седне, да се преиспита и ги натера работодавачите да ја зголемат платата. Како во приватниот така и онаа јавниот сектор што значи дека и барањето на ССМ за 500 евра минимлана плата е веќе застарено и не стигнува на граѓаните. Многу наскоро ќе имаме состанок со нашите органи и тела и ќе пресметаме кое ќе биде нашето барања со нова сума за минимална плата...“- Иван Пешевски – потпретседател на ССМ.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, вели, свесни се дека инфлацијата месецов е повисока и тоа според него се должи на мерките кои Владата ги имаше воведено лани истиот овој период.

„Очекувам пристојно намалување во ноември и декември, така што годишната ќе биде меѓу 3,5 и 4%, што е една од најниските во Европа и регионов, во исто време очекувам дека следната година нивото на инфалција ќе се движи меѓу 2 и 3%....“- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Од опозициската СДСМ, оценуваат дека инфлацијата која е повторно зголемена и е спротивна на како што велат, владините уверувања дека ќе се намали под 3 % е резулатат на промашени економски политики.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите

Денеска (07.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Велес, во Скопје, како и во селата Караслари, Црквино и Кочилари, велешко, реализираа превентивни активности за спречување на пожари

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите

На граѓаните им беше потенцирана потребата за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, напоменувајќи им дека е потребна поголема внимателност во текот на летниот период, континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување.

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на регионалниот пат Велес – село Извор, спроведоа сообраќајна превентивна активност, при што на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино пак, во Тетово и Неготино реализираа превентивни активности насочени кон пешаците, со цел да им се укаже на пешаците дека и тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови, кога се движат на неосветлени локации.

Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивната активност беше поделен и печатен едукативен материјал. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ПС Свети Николе, Пробиштип и Берово реализираа превентивни активности „Соседски патроли – Заедно за побезбедна заедница“. Активностите беа спроведени на повеќе локации каде што во вечерните часови најчесто се собираат млади лица, како паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Беа реализирани непосредни разговори со младите и со присутните граѓани, при што беше потенцирана важноста од почитување на законските прописи, одговорното однесување на јавни места, зачувувањето на јавниот ред и мир, како и заштитата на јавниот имот и урбаната опрема. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од меѓуврсничко насилство, злоупотребата на алкохол и психоактивни супстанции, како и на препознавањето и избегнувањето на други ризични облици на однесување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоци

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Приведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоци

На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден пиштол „Застава“ за кој не поседувал дозвола. Л.З. е лишен од слобода по член 396 од Кривичниот законик, а Б.Љ. е приведен по член 80 од Закон за оружје.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а подоцна со судска наредба биле извршени претреси кај Л.З. и Б.Љ.. Кај Л.З. не се пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. биле пронајдени и одземени едно репетирачко долго огнено оружје за кое поседувал дозвола и едно пневматско оружје, куршуми калибар 9 мм и пиштол за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

Истрагата треба да покаже како настанала несреќата.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

Силниот звук од силниот удар на улицата Радишанска во скопската населба Радишани на улица ги извадил жителите од улицата на самото место на сообраќајната несреќа каде на самото место загинал 19 годишниот Н.М кој управувал со моторот што имал сообраќајка со возило алфа ромео со италијански регистрарски таблици управуван од 46 годишен С.Б. Целата улица беше блокирана, а граѓаните во шок раскажуваа дека ударот бил силен, а момчето немало знаци на живот.

Истрагата треба да покаже како настанала несреќата. И автомобилот е со големи оштетувања од левата страна на возилото каде што бил ударот. Возачот со повреди бил пренесен на болничко лекување.

По завршување на истрагата ќе се знаат причините и околностите за сообраќајната незгода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер