ФудбалИнфантино му ја врачи на Трамп наградата за мир (ВИДЕО)За време на церемонијата на ждрепката за Светското првенство, првата награда за мир на ФИФА му беше доделена на американскиот претседател Доналд Трамп.Трамп е очекуван добитник откако ФИФА пред еден месец објави дека ја воспоставува наградата, за која рече дека „ќе ги награди поединците кои презеле исклучителни и извонредни чекори за мир“. ФИФА ја објави наградата неколку недели откако норвешкиот Нобелов комитет го отфрли Трамп за својата престижна награда за мир во октомври. Трамп долго време се обидуваше да ја освои таа награда, за која оваа недела рече дека ја заслужува бидејќи ставил крај на разни конфликти. Fifa President Gianni Infantino: “You definitely deserve the first FIFA Peace Prize for your action, for what you have obtained in your way, but you have obtained it in an incredible way." Trump: “This is truly one of the great honors of my life…The world is a safer place.” pic.twitter.com/6zOxi87IYU — CSPAN (@cspan) December 5, 2025 Прв добитник на наградата На крајот, тој мораше да се задоволи со новоизмислена награда доделена од фудбалското здружение, која лично му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за време на ждрепката во Центарот за сценски уметности „Кенеди“. Пред Светското првенство следното лето, шефот на ФИФА се појави со Трамп во јавноста најмалку шест пати. Тој присуствуваше на неговата инаугурација во јануари и оттогаш го посети Вашингтон неколку пати. Тој седеше во првиот ред на потпишувањето на мировниот договор меѓу Руанда и Демократска Република Конго, кој Трамп го организираше во Вашингтон пред ждрепката. „Направи одлична работа. Ти си одличен лидер во спортот“, рече Трамп за Инфантино откако го забележа во публиката.Тагови: Доналд Трамп Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе Речиси 200 паднати дрвја, 117 оштети возила, 35 оштетени покриви и 5 пожари остави зад себе невремето проследено со силен ветер и дожд што вчера го зафати Скопје. Екипите на надлежните институции и денеска се на терен, се отстрануваат паднати дрвја и гранки, вели за Канал 5 градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Се расчистуваат сообраќајниците а се интервенира на сите критични локации каде што силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа штети. -Овозможен пристап по сите булевари како и централното градско подрачје и покрај тоа што имаше сериозно оштетување на неколку стотици дрвја, имаше кровови и кровни конструкции летнати од зградите кои за брзо време беа дислоцирани од коловозите. На некои позиции каде беше неминовно имаше оштетување на возила, најпрвин се чекаше и се уште се чека МВР да направи официјални записници после кои веднаш во комуникација сме со граѓаните и со СВР Скопје ќе постапиме ние со помош и расчистување на тој дел,- изјави – Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје. Оштетувања има и на државни објекти како министерства, обвинителства и комплексот „Вили Водно“. Проблеми беа регистрирани и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде поради протекување на покривот инало прекин на авиосообраќајот. Над 30 лица побарале лекарска помош кои се здобиле со скршеници од невремето. Само во градската болница Св. Наум Охридски се примени над 20 лица а двајца се задржани. -Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во предел на шаката. Има уште еден пациент кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување,- изјави– Небојша Настов – Директор на „Св. Наум Охридски”. На Ургентен се примени 11 лица, тројца од нив со посериозни скршеници. Штети има и кај здравствените установи, вели министерот за здравство Сашо Клековски. -На ТОАРИЛУЦ се примени 11 повредени лица по вчерашното невреме од кои тројца се со посериозни скршеници и се третираат соодветно на клиниката. Ги следиме штетите на здравствените установи, има паднати дрвја и во клиничкиот центар Мајка Тереза без повредени. Во психијатриската болница во Бардовци без повредени таму имаше исто така неколку часа прекин во елтреичната енергија и има значајни штети на кровната конструкција на клиничката болница во Штип. Веќе се отстранети штетите, работат и осигурителните куќи на проценките на штетите,- изјави – Сашо Клековски – Министер за здравство. Поголем проблем за жителите предизвикаа паднатите кровни конструкции на некои од зградите по што градоначалникот Ѓорѓиевски најави инспекции посебно на постарите згради во градот. Премиерот Христијан Мицкоски пак вели дека штетите по невремето ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури и досегашната практика. -Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и, согласно законските процедури и досегашната практика, ќе бидат надоместени од надлежните институции,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Штета е пријавена и во други градови кои беа зафатени од невреме како Куманово, Велес, Тетово, Струмица, каде покрај оштетената електрична инфраструктура, имало и пријави за штети во земјоделството, вклучувајќи оштетени оранжерии и земјоделски култури. На подрачјето на Штип регистрирани се 14 оштетувања на возила и шест оштетени кровни конструкции. Паднати дрвја, оштетени покриви и прекин на струјата е пријавено и во Кочани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДесетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
СветЛавров и Рубио утре на иста маса: Војната во Украина главна тема на разговорРускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретнат утре на маргините на самитот на АСЕАН.Двајцата дипломати претходно изразија подготвеност за одржување на средбата, а Лавров потврди дека ќе разговара со својот американски колега. Според рускиот министер за надворешни работи, главната тема на дискусијата ќе биде војната во Украина. Иако искачувањето на Доналд Трамп на претседателската функција во САД доведе до интензивирање на контактите меѓу Вашингтон и Москва, во последните месеци немаше јавни средби меѓу високи функционери од двете земји. Во меѓувреме, Трамп го поддржа усвојувањето на закон во Конгресот на САД за заострување на санкциите против Русија, но истовремено покажа поголема поддршка за Украина - чие раководство претходно честопати јавно го критикуваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНорвешка нафтена компанија ја удвоила добивката поради војната во ИранНорвешката државна нафтена компанија „Еквинор“ (Equinor) објави дека речиси ја удвоила својата добивка во вториот квартал, достигнувајќи 11,5 милијарди долари. Зголемувањето на заработката се должи на скокот на цените на нафтата и гасот предизвикан од војната против Иран, пренесува „Гардијан“. Скок на цените „Еквинор“ ја искористи ситуацијата преку зголемување на производството на нафта и гас на почетокот на конфликтот. Ова помогна да се надомести дел од недостигот на понудата на пазарот откако сообраќајот низ Ормускиот Теснец запре, прекинувајќи го протокот на нафта од Персискиот Залив. Компанијата исто така профитираше од самиот пораст на цените на нафтата. Поради неизвесноста во врска со глобалните залихи, цената на суровата нафта од типот „Брент“ флуктуираше меѓу 75 и над 100 долари за барел во периодот од април до јуни. За споредба, во истиот период минатата година, цената се движеше меѓу 60 и 70 долари. Цените на нафтата паднаа минатиот месец откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, но повторно почнаа да растат со обновувањето на конфликтот. Во среда наутро (според лондонско време), цената на суровата нафта „Брент“ порасна за околу 3,3 отсто, достигнувајќи околу 94,30 долари за барел.Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter