1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
СветИнфантино за мировниот самит во Газа: Благодарен сум на Трамп за поканата-Благодарен сум на Трамп за поканата, присуството на лидери од многу земји ги покажува нашите обединети напори.Џани Инфантино му се заблагодари на Доналд Трамп за поканата за самитот во Газа. Вчера претседателот на ФИФА присуствуваше на самитот во Египет, кој беше посветен на формалното потпишување на договор за прекин на огнот во Појасот Газа. - Присуствував на исклучително важниот мировен самит во Шарм ел Шеик, Египет, на кој копретседатели беа американскиот претседател Доналд Трамп и египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, а имаше за цел воспоставување нова ера на безбедност и стабилност во регионот. Присуството на светски лидери од многу земји и делегати на ОН, меѓу другите, покажува обединет напор - цврсто верувам дека сите треба да се обединиме за да градиме мостови и сум благодарен на сите за нивната поддршка за мирот, особено на претседателот на Соединетите Американски Држави што ме покани на овој самит, напиша Инфантино, објавувајќи. Светската фудбалска федерација (ФИФА) и Европската фудбалска федерација (УЕФА) беа под притисок од одредени фудбалски лидери да ги суспендираат израелската репрезентација и клубови од таа држава поради војната во Газа.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзгаснат пожарот на македонско- косовската граница По неколку дена конечно изгаснат пожарот на македонско-косовската граница кај селото Грачани. Скопјани повеќе нема да дишааат загаден воздух, бидеќи како што потенцираше првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, чадот повеќе не представува опаснот. Сепак пожарникарите и понатаму се борат со огнените јазици на четири локации низ државата.. „Зад пожарникарите е еден од најтешките денови оваа сезона – за само едно деноноќие се регистрирани повеќе од 40 пожари, од кои над 30 се изгаснати“ Најкритична и натаму останува состојбата со пожарот на Скопска Црна Гора. Утрово во неговото гаснење бил ангажиран еден хеликоптер, а сеуште е активен и пожарот кај Белица, во Општина Македонски Брод, кој денеска повторно се разгорел. Ангелов вели гаснењето ќе оди тешко поради непристапниот терен. Од Дирекцијата за заштита и спасување предупредуваат дека состојбата може да се менува во текот на денот и дека поради високите температури постои опасност од повторно разгорување на постојните жаришта, но и од појава на нови пожари. Во справувањето со огнените стихии може да допринесат временските услови бидејќи како што најавуваат од УХМРдо крајот на неделата не се очекува засилен ветер. Предупредување стигнува и од Светската метеоролошка организација – сè почестите шумски пожари и топлотни бранови, поттикнати од климатските промени, дополнително го влошуваат квалитетот на воздухот и влијаат негативно врз здравјето на здравјето на луѓето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов Петмина кандидати влегуваат во трката за избор на нов шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), потврди за Канал 5 првиот човек на Советот на јавни обвинители Башким Бесими. Рокот за лично доставување на кандидатури заврши во саботата, а во последен час конкурирал Трајче Пеливанов, поранешниот обвинител на СЈО, кој пак сега е дел вишото скопско обвинителство. Иако рокот за пријавување официјално е истечен, Бесими објаснува дека во наредните денови ќе се разгледува и дали има кандидатури испратени по пошта, пред кандидатите понатаму да ја претстават својата програма пред членовите на советот. Според поранешната претседателка на антикорупционерите Слаѓана Тасева, новиот прв човек на ОЈО ГОКК треба да биде неутрален и непристрасно да делува при спроведувањето на правдата. –Тука треба да биде назначен некој што е многу подготвен да работи првин во оваа сфера – да работи во сферата на организираниот криминал и во сферата на борба против корупцијата затоа што овие две форми на криминал стануваат секој ден се пософистицирани. И мора да биде неутрален и мора да постапува независно, затоа што независноста на јавниот обвинител всушност понатаму е витална за независноста на судот и тој мора да ги почитува правата на сите странки во постапката, вклучително и правата на лицата кои се осомничени.- Слаѓана Тасева, универзитетски професор и поранешна претседателка на ДКСК Покрај Пеливанов, на огласот од претходно се пријави и неговиот колега од вишото обвинителство Јован Цветановски, познат во јавноста по тоа што одново ја отвори истрагата за злоупотребите при набавка на мазут, а за кого има и обвинение за злоупотреба на службената положба. За оваа позиција ќе се борат уште и обвинителката Искра Хаџивасилева, која го води случајот против судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Лидија Раичевиќ, која претходно беше и кандидат за државен јавен обвинител, како и обвинителот Фатон Азизи, кој го води случајот на обвинителството во предметот „Адитив“. Мандатот пак на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази истекува на 8 ноември, а тој веќе соопшти дека нема да се рекандидира. Изборот на новиот раководител на ОЈО ГОКК е предвидено да се одржи на 28 октомври, кога членовите на советот на јавни обвинители ќе гласаат за наследник на Абази. Според актуелниот закон, првиот човек на ова обвинителство има мандат од четири години со право на уште еден избор. Од друга страна пак, во собраниска процедура се наоѓаат и измените со кои се предлага мандатот на шефот на ОЈО ГОКК да трае шест години, без право на реизбор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЧетири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника70 годишниот починат маж од компликации од нилската треска е осмата жртва на вирусот. Тој по потекло е од Драчево, една од мапираните места со нилска треска во Скопје. На 25 август бил примен во инфективната клиника во исклучително тешка состобја и бил на интезивно лекување, потврди директорот на клиниката доктор Фадил Цана. Починатиот имал и други хронични заболување кои биле дополнителн товар во лекувањето. Во моментот на клиниката се лекуваат осум луѓе, двајца од нив се во тешка состојба. Сите се мажи од Скопје, а има еден пациент и од Свети Николе на возраст над 60 години. Во претходните четири дена нема нови хоспитализации на клиниката со вируост на нилска треска. Во среда ќе се врши прскање против ларви од комарци прскањето ќе биде на водни површини, информираат од Град Скопје. Тие се апел до пчеларите де ги заштитат пчелите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook