Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
1Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство
ФудбалФИФА воведува Награда за мир- дали Трамп ќе биде првиот доботник? ФИФА, организацијата-чадор на светскиот фудбал, претстави сосема нова „Награда за мир“, наменета да им оддаде признание на поединци чии напори промовираат единство и добра волја. Првиот добитник ќе биде објавен овој петок, 5 декември, за време на извлекувањето за Светското првенство во 2026 година во Вашингтон, настан што со нетрпение го следат милиони фудбалски фанови низ целиот свет, пишува Goal.com. Извлекувањето во Центарот Кенеди ќе го открие распоредот на групите за најголемиот спортски спектакл на планетата, кој ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. Сепак, овогодишната церемонија ќе биде различна токму поради воведувањето на годишната награда наречена „Награда за мир на ФИФА - Фудбалот го обединува светот“. Што е наградата за мир на ФИФА? Наградата е создадена за да се прослават поединци кои презеле „исклучителни и извонредни акции за мир“ и „ги обединиле луѓето низ целиот свет“. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ќе му ја додели на првиот добитник за време на церемонијата на извлекување. „Во еден сè потурбулентен и поделен свет, клучно е да се препознаат извонредните придонеси на оние кои неуморно работат за да се стави крај на конфликтите и да се зближат луѓето во духот на мирот“, рече Инфантино во соопштението на ФИФА. Тој нагласи дека фудбалот „претставува мир2“ и дека наградата ќе ги признае „огромните напори на оние поединци кои ги обединуваат луѓето, носејќи надеж на идните генерации“. Шпекулации за првиот добитник ФИФА сè уште не откри како ќе бидат оценувани кандидатите, кој може да ги номинира или кој ќе биде член на жирито. Сите детали од процесот на селекција засега се чуваат строго доверливо. Она што е познато е дека се очекува настан од висок профил во Вашингтон, на кој треба да присуствува и американскиот претседател Доналд Трамп. Неговиот близок однос со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го посети во Белата куќа во неколку наврати, ги поттикна шпекулациите. Многу информирани извори очекуваат дека токму Трамп ќе биде прогласен за прв добитник на Наградата за мир. Тој го постави Светското првенство во 2026 година како клучен момент во неговиот втор мандат и централен дел од прославата на 250-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави следната година. Враќање на летниот семестар за СП 2026. Светското првенство во 2026 година е закажано да започне во четврток, 11 јуни 2026 година, враќајќи го турнирот во неговиот класичен летен распоред. Финалето е закажано за 19 јули. Спротивно на тоа, Светското првенство во 2022 година се одржа во зима за да се избегне екстремната летна жештина во Катар, која се сметаше за премногу опасна за играчите и навивачите.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВо Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинствоВчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“Вчера, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени четири традиционални носии, изработени за македонската, ромската, влашката и египќанската заедница, како и информативната брошура „Етнокултурното наследство на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните во Округот Корча“, подготвена од Васил Стерјовски. Брошурата е посветена на историјата, културното значење и идентитетот што го претставува традиционалната облека на овие заедници. Настанот го водеше Здравко Нечофски, активист на македонската заедница, додека присутните беа поздравени од претставници на државни и локални институции, организации на граѓанското општество и разни заедници. Во своето поздравно обраќање, Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“, ја истакна важноста на соживотот меѓу заедниците и потребата од зачувување на културниот идентитет на секоја од нив. „Округот Корча е пример за соживот на различни заедници, кои со векови го делеле истиот простор, создавале општествени односи и придонесувале за развојот на овој регион. Овој соживот е вредност што мора да ја чуваме и уште повеќе да ја зајакнуваме“, изјави Стерјовски. Тој нагласи дека вистинскиот соживот не значи само да живееме еден покрај друг, туку и да ги познаваме и почитуваме идентитетите на другите, гарантирајќи дека секоја заедница има можност да ги зачува својот јазик, култура и традиции. Според Стерјовски, демократско и европско општество е она во кое секој граѓанин се чувствува еднаков, каде што секоја заедница може да го зачува својот идентитет и каде што културната разновидност се вреднува како извор на богатство и развој. Тој исто така подвлече дека зачувувањето на културното наследство не е само одговорност на здруженијата или на ангажираните поединци, туку заедничка должност на институциите, организациите, училиштата, семејствата и целото општество. На настанот се обратија и Петрика Толкучи, претседател на Советот на Округот Корча; Лирика Појани, костимограф; Пали Колефски, градоначалник на Општина Пустец; Мухамет Рапи, претседател на здружението „Заедница за младинска интеграција“; Даниела Стоица, во име на здружението „Власите од Албанија“; Енџи Костури, во име на здружението „Дисутни Албанија“; Бурбуќе Нграчањ, во име на Народниот правобранител, и Хасим Кеци, потпретседател на Комитетот за национални малцинства. Проектот има за цел да придонесе кон зачувувањето, повторното создавање и промоцијата на етнокултурното наследство на националните малцинства во Округот Корча, пренесувајќи ги на помладите генерации вредностите наследени од нашите предци и зајакнувајќи ја соработката, разбирањето и почитта меѓу заедниците. На крајот беше пренесена пораката дека културното наследство е заедничко богатство и дека почитувањето на идентитетот на секоја заедница е важен услов за соживот и за заедничка европска иднина. Македонското друштво „Сонце“ изразува благодарност до Комитетот за национални малцинства, Советот на Округот Корча, локалните институции, партнерските здруженија и сите учесници кои придонесоа за реализација на оваа активност. На настанот беа присутни и претставници од верските заедници, Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Хаос на улиците во Германија: Молотови коктели врз полицијата,ограбени продавници По претежно мирните демонстрации на млади луѓе во Германија, синоќа во неколку големи градови изби насилство. Демонстрантите ограбуваа продавници, палеа барикади и фрлаа Молотовлеви коктели врз полицијата, а повеќе од 200 лица беа уапсени. Најсериозните инциденти се забележани во Франкфурт, Келн, Берлин и Хамбург, пренесува „Шпигел“. This is multicultural Germany, Frankfurt right now. Mob smashes several store, loots sneakers and runs through the streets with stolen boxes. This is not a protest. This is pure criminality. https://t.co/sTk8WsNWbB — RadioGenoa (@RadioGenoa) October 31, 2026 Во Франкфурт, ситуацијата ескалираше доцна вечерта, кога демонстранти провалија во продавници и украдоа стока. Полицијата уапси околу 30 лица, а при интервенцијата беше запленето и оружје. Насилство изби и во Келн, каде што демонстранти фрлаа шишиња и велосипеди кон полициските службеници. Нападот се случи на плоштадот кај катедралата, во близина на главната железничка станица, при што едно лице беше повредено. Пет лица беа приведени. Шефот на полицијата во Келн, Јоханес Херманс, изјави дека од маскирани демонстранти биле одземени молотови коктели и чекани за итни случаи. „Целта поради која ги носеле овие предмети е очигледна“, рече Херманс. Во Берлин, демонстрантите фрлале петарди, пиротехнички средства и јајца кон полицајците и новинарите. На протестите биле присутни и поддржувачи на пропалестинското движење. Портпаролот на берлинската полиција соопшти дека се уапсени 56 лица, додека речиси 30 полицајци се повредени. Најголем број учесници во протестите имало во Хамбург, каде што, според податоците на полицијата, на улиците имало околу 6.700 луѓе. Некои од демонстрантите, облечени во црно и со маски на лицата, ги запалиле барикадите. Полицијата ја растерала толпата со употреба на бибер-спреј, а пожарот бил изгаснат со водени топови. Уапсени се околу 120 изгредници. Berlin, Germany https://t.co/Hma7Pzk9oz — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Демонстрациите во 34 германски града биле организирани од иницијативата „Генерација З решава“ („Gen Z regelt“), која, според сопствените изјави, се огради од насилството. Протестите првично биле замислени како мирни собири, со барања за поголеми финансиски средства за училиштата, подобра поддршка за луѓето што се соочуваат со зависности и подостапна психотерапија. Учесниците, исто така, побарале конкретни мерки за справување со порастот на трошоците за живот, поголема социјална правда и посилна заштита на климата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен началникот на криминалистичката полиција на Белград Началникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во БелградНачалникот на Управата за криминалистичка полиција Марко Кричак е уапсен утрово по наредба на Више јавно тужилаштво во Белград, под сомнение за злоупотреба на службената положба, според објава на „Танјуг“. Според истиот извор, по иста кривична пријава што ја поднел адвокатот на заменик директорот на полицијата Веселин Милиќ, е приведен и началникот на Службата за сузбивање на криминалот Бошко Секуловиќ. Кричак бил Началникот на Управата за криминалистичка полиција нешто повеќе од една година , а пред тоа бил раководител на Единицата за заштита на лица и објекти. Според добро упатен извор, на Кричко и Секуловиќ им се ставени лисици поради нивните незаконски дејствија во случајот „Сењак“, како и поради претепување на одредени осомничени во тој случај, во полициската станица, за време на полициско испрашување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00