Индија тестира вештачка интелигенција за да создаде климатски модели

Глобалното затоплување поттикна поекстремни временски услови во Индија во последниве години, за кои независниот Центар за наука и животна средина проценува дека оваа година убиле речиси 3.000 луѓе.

Метеоролошките агенции ширум светот се фокусираат на вештачката интелигенција, која може да ги намали трошоците и да ја подобри брзината, и за која Метеоролошката канцеларија на Велика Британија вели дека може да ја „револуционизира“ временската прогноза, со неодамнешниот модел финансиран од Гугл кој се покажа дека ги надминува конвенционалните методи.

Точна временска прогноза е особено важна во Индија, земја со 1,4 милијарди жители, од кои многу се сиромашни и е втор најголем производител на ориз, пченица и шеќер во светот.

Индискиот метеоролошки оддел (ИМД) обезбедува прогнози врз основа на математички модели со помош на суперкомпјутери. Употребата на вештачка интелигенција со проширена мрежа за набљудување може да помогне да се генерираат поквалитетни податоци за прогнозирање по пониска цена.

Одделот очекува климатските модели и совети кои се развиваат врз основа на вештачка интелигенција да помогнат во подобрувањето на прогнозите, рече К С Хосаликар, раководител за истражување и услуги за климата во ИМД.

Метеоролошкиот завод користел вештачка интелигенција за да генерира јавни предупредувања поврзани со топлотни бранови и болести како маларија, рече Хосаликар. Планира да ги зголеми временските опсерватории, обезбедувајќи податоци до ниво на село, потенцијално нудејќи податоци со повисока резолуција за прогнозите, рече тој. /МИА

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер