3СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија за профит -ископување антимон е опасно и мора да се прашаат граѓаните
2Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
ЖивотИндиец на 105 годишна возраст и неговата 95- годишна сопруга прележале корона (ВИДЕО)105-годишен Индиец и неговата сопруга (95) успеале да ја преживеат инфекцијата со ковид-19 и неодамна биле пуштени од болница.Во исто време, Индија бележи рекордни случаи на инфекции и број на смртни случаи. Дену Умаџи Чаван и неговата сопруга Мотабаи се заразиле со вирусот во март. Тие биле примени во болница во округот Латур. Двајцата биле пуштени дома на 4 април, по 10 дена успешно лекување, пишува ABC News. Вкупниот број на заразени со ковид-19 денеска надминал 18 милиони, по уште еден ден со рекорден број на нови инфекции и смртни случаи. Индија денеска забележала 379.257 нови заболени со ковид-19 и 3645 смртни случаи, соопшти Министерството за здравство. Тоа е најсмртоносниот ден досега забележан во земјата погодена од пандемијата на вирусот САРС-КоВ-2. Експертите велат дека Индија ќе мора да вакцинира што е можно повеќе од огромното население доколку сака да го заузда вториот бран на пандемијата, а од вчера секој над 18 години може да се регистрира претходно за вакцинација за да може да ја прими првата доза на вакцината до сабота. Но, Индија, како еден од најголемите производители на вакцини во светот, нема залихи за околу 600 милиони луѓе кои имаат право на тоа според споменатите критериуми. Многу луѓе се жалат на социјалните мрежи дека системот не функцинира, дека не можат да се регистрираат поради пад на мрежата, но владата одговара дека „статистиката покажува дека системот работи без никаква грешка“. Владата објавила дека досега се пријавиле осум милиони луѓе, но не е познато колку од нив се вакцинирани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР. Лишен од слобода маж од струшко поради предизвикување пожарМинистерството за внатрешни работи информира дека на 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Враништа, од слобода го лишија Љ.М.(60) од истото село.Министерството за внатрешни работи информира дека на 18.09.2026 во 07:45 часот, полициски службеници од ОВР Струга во струшкото село Враништа, од слобода го лишија Љ.М.(60) од истото село, кој се сомничи дека на 16.09.2026 во 12:30 часот, предизвикал пожар на сува трева и стрниште на отворен простор во атарот на селото Враништа. Во пожарот, нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По целосно документирање на настанот, против Љ.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
СветСаудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето Во последните месеци, Саудиска Арабија барала борци и воен персонал од неколку земји за потребите во Јемен, но сириската влада го одби барањето за испраќање свои сили против Хутите, според извори на „Turkish Today“.Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила барањето за организирање и распоредување сириски сили против Хутите. „Ова прашање е исцрпено и завршено. Саудиското барање беше упатено пред неколку месеци. Сирија учтиво го одби, наведувајќи дека е фокусирана на сопствениот процес на организирање на армијата и дека нема намера да се вклучи во конфликтот како трета страна“, изјави еден од изворите. Изворот наведе дека сириската влада не ги спречува поединците да патуваат надвор од Сирија и да учествуваат во конфликтот, но нагласи дека Дамаск нема да преземе одговорност за таквиот поединечен ангажман. Турските извори исто така ги отфрлија тврдењата дека Турција одиграла улога во префрлањето или организирањето на Сиријци за распоредување во Јемен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДизелот и бензинот во Европа историски најскапи Цените на бензинот и дизелот во Европската Унија оваа недела го достигнаа највисокото ниво откако се следат податоците, односно за повеќе од 20 години. Според Европската комисија, полнењето на резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а дизелот 108 евра. Високите рафинериски маржи значително придонесуваат за зголемувањето на цените, а експертите од Европската централна банка проценуваат дека маржите на дизелот ќе достигнат врв дури во октомври, што укажува дека цените би можеле да останат високи, пишува „Еуроњуз“. Цените на горивата на бензинските пумпи нагло пораснаа од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток, зголемувајќи ги инфлациските притисоци. Европската централна банка објави дека инфлацијата на енергијата во еврозоната скокнала на 14,3 проценти во август, во споредба со 10,3 проценти во јули. Просечната цена на литар бензин во ЕУ на 14 септември изнесуваше 2,063 евра, а на дизелот 2,159 евра. Ова се највисоките цени забележани откако Комисијата почна да ги следи податоците во 2005 година. Претходната рекордна цена на бензинот беше забележана во 2022 година, додека дизелот последен пат се приближи до сегашното ниво во април оваа година. Цените значително варираат меѓу земјите-членки. Бензинот е најевтин во Малта, каде што чинеше 1,34 евра за литар, додека најскапиот беше во Данска, каде што чинеше 2,56 евра. Дизелот беше исто така најевтин во Малта, каде што чинеше 1,21 евра за литар, а најскап во Финска, каде што чинеше 2,51 евра. Податоците доаѓаат од неделниот билтен за нафта на Европската комисија, објавен на 17 септември, и се однесуваат на цените евидентирани на 14 септември, со вклучени даноци и акцизи. Зголемувањето на цената трае со месеци, од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, што го наруши протокот на енергија низ Ормутскиот теснец. Цената на референтната сурова нафта од типот Брент надмина 126 долари за барел во екот на конфликтот, а во петокот барел за испорака следниот месец се тргуваше за повеќе од 104 долари. Пред војната, цената беше околу 72 долари. Снабдувањето на Европа е дополнително отежнато бидејќи „Сауди Арамко“ информираше најмалку две европски рафинерии дека нема да добијат договорени испораки на нафта во октомври. Според „Блумберг“, кој се повикува на добро информирани извори, одлуката важи за сите европски клиенти и е донесена по нападот врз клучниот саудиски нафтовод што води до Црвеното Море. Од почетокот на 2026 година, просечната цена на бензинот во ЕУ се зголеми за приближно 29 проценти, а дизелот за речиси 40 проценти.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter