Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаIn memoriam: Почина Јован ПавловскиЈован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година.Денес, 24 јуни 2026, во Скопје почина Јован Павловски, македонски енциклопедист, поет, раскажувач, романописец, писател за најмладите, публицист, во три мандата претседател на Друштвото ан писателите на Македонија, долгогодишен уредник на повеќе рубрики во „Нова Македонија“, нејзин дописник од Париз и Москва. Јован Павловски е роден во Тетово, на 10 септември 1937 година. Од 1980 до 1986 г. е професор по теорија и практика на новинарството на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 год, во три мандати (1992-1994, 1994-1996, 2007-2008) негов претседател, член на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на педесетина (прво издание) книги. Автор е на поетските збирки Август (1961), Медеја (1969), Идентитет (1974), Оксидирања (1983), Прераскажување на ентитетот (1985), Строгоста на живеењето (1988), Препознавање: Зрело доба (1993); Последните 48 часа на професорот по историја (1993), Стварна промена (1996), Одработен страв (1999), Кревкото тело на Кирил Пејчиновиќ ( 2000), Стравот на професорот (2001). Повлекување на стварноста (1997), Поезија (1998), Песни, многу важни песни (избор поезија за деца, (1998), како и ан романите Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко (1972, четири изданија на македонски, прва награда на конкурсот на ИК „Наша книга“ Скопје; Рациново признание; превод на српско-хрватски - Белград; на унгарски - Нови Сад; на руски - Минск), Сок од простата (шест изданија, награда за најчитана книга, 1991, превод на српски - Смедерево), Проверка на слободата (награда „Стале Попов“ на ДПМ, 1998) Град, години, луѓе (2014). Автор е на книгите за деца Мишо ишо шо о (1972, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади), На сите свететски страни само Ани, само Ани (1980, годишна награда на Радио Скопје за најдобра книга за млади); Тевеѕирка (1994), Река-а- а! (1996). Автор е на редица други прозни и поетски изданија. Како публицист, Јован Павловски ги потпишува Бев со нив (прва книга интервјуа во македонското новинарство, 1977, награда „Мито Хаџивасилев - Јасмин“, две изданија), Гемиџиите (1977), седум изданија), Судењата како последен пораз (1978, четири изданија, награда за публицистика „Мито Хаџивасилев - Јасмин“), Огнено семејство (1987, пет изданија), Од првична идеја до држава (1993, соавтор: Мишел Павловски), Историскиот континуитет на името Македонија и Македонци (1993), Македонија (историски практикум, две изданија, соавтор: Мишел Павловски, 2000), Факти за Македонија (2005, заедно со Мишел Павловски), Facts about Macedonia (2005, на англиски, заедно со Мишел Павловски), Македонија, минато, историја, сегашност, (2005, заедно со Мишел Павловски, единаесет изданија за Македонија од неолитот до денес на македонски, англиски, руски, француски, германски, италијански, српски (латиница), бугарски, албански, турски, грчки, и редица други, главно поврзани со конструирањето на македонскиот идентитет и борбата на Македонецот за сопствена држава Како енциклопедист, Јован Павловски е главен уредник на Личности од Македонија (Петар Карајанов, Христо Андоновски, Јован Павловски, соавтор и уредник, 2000, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Сто македонски години (група автори, соавтор и уредник, 2003, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), „Ми-анова енциклопедија, општа и македонска“, во четири тома (група автори, соавтор и уредник, 2006, најдобро издание на Меѓународниот скопски саем), Кратка Ми-анова енциклопедија, ликовна уметност (2007, група автори, соавтор и уредник Јован Павловски), четири тома хронолошка енциклопедија за историјата на Македонија од неолитот до 2003 г., група автори, соавтор и уредник: Јован Павловски редник: Јован Павловски) и други Носител е на Рациново признание, „Стале Попов“, награда на КПЗ на Македонија за најчитан автор во 1991 г. , награда на Радио Скопје за најдобра годинашна книга за најмлади (трипати), „Мито Хаџивасилев - Јасмин“ за публицистика (двапати), „13 Ноември“ награда на град Скопје, Златна плакета на град Тетово, „19 Ноември“ награда на град Тетово, Поетско жезло, признание Духовен воин, „Крсте Мисирков“ за животно дело, награда на НИП „Нова Македонија“ за животно дело, прва награда „Крсте Мисирков“ на Здружението на новинарите на Македонија, годишна награда на неделникот „Пулс“ (двапати), Златно перо за превод на поезијата на Ајги, Гоцева повелба, Како и наградата „Климент Охридски“ за култура и уметност. Одликуван е со Орден на Републиката со сребрени зраци Шеесетгодишното присуство на Јован Павловски во македонската култура може да се појми преку трите негови доминантни области на создавање: литературата, во тие рамки прозата и поезијата, неговиот значаен ангажман како енциклопедист и неговата новинарска и публицистичка дејност. Во македонската проза Јован Павловски влегува агресивно - неговиот дебитантски роман „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“ (награда „Рациново признание“) е определен како првиот македонски политички роман, за кој академик Георги Старделов ќе рече: „По појавата на романот ‘Тоа Радиовце’, македонската проза никогаш повеќе нема да биде таква каква што беше!“ За „Радиовце“, веднаш по излегувањето на книгата, се јавува и академик Милан Ѓурчинов. Тој вели: „Исполнет со остар критичен набој, насочен кон бездушноста на општеството кон своите некогашни јунаци и градители, романот ‘Тоа Радиовце...’ се разликува од еднонасочните визури на т.н. политички роман“. Култниот роман на Јован Павловски „Сок од простата“, веднаш по појавувањето во 1990 година, ги разбранува литературните и културните води во Македонија. Во една од првите реакции на изданието, Миодраг Друговац за „Сок од простата“ напиша дека тоа е „едно од најоригиналните дела на македонската и југословенската литература, скапоцен алем-камен во мозаикот на нејзините вредности. Тоа е еротичко дело што фасцинира!“ Петар Т. Бошковски подвлекува дека „романот [„Сок од простата“] на рамниште на модерен жанр, на главна врата ја внесува еротиката во современата македонска литература, ја внесува со достоинство на комплетно остварување, кое ја има енергијата на неодоливата уметничка мотивираност и инспирација, и кое носи печат на авторска оригиналност“ Впрочем, на одобрувањето на критиката ѝ се придружија и читателите: „Сок од простата„ беше најчитана книга во времето на нејзиното објавување, беше прогласена за најчитана книга во Србија, а до денес има седум изданија на македонски јазик, како и редица преводи на други јазици. Реномираната „Хрватската енциклопедија“ на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“ од Загреб, „Сок од простата“ го определува како првиот македонски еротски постмодернистички роман: „Јован Павловски е тематски преокупиран со личното и колективното (национално) постоење, идентитетот и ентитетот во минатото, сегашноста и иднината, односот на животот и смртта, сексуалноста и еросот. Неговата контемплативна и самореференциска поезија се карактеризира со тематска иновација и организирани збирки. Во романите, тој е склон кон документарност, натуралистички описи, цитати и ликови на несубверзивни губитници. „Сок од простата“ е првиот македонски постмодернистички еротски роман.“. „Сок од простата“ не е само еротски роман. Како и во своите други дела, Павловски му остава на читателот да избере која наративна линија ќе ја следи. Бездруго, романот може да се појми како еротска проза, проза која со директноста на изразот и со неговата реалистичност се стреми да ги пробие елитизираните, закоравени ставови за пристојното/непристојното, да ја деконструира хипокризијата на „високата литература“. Но... Исто така, „Сок од простата“ е длабока лирска приказна за осаменоста и културниот шок, за страста и љубовта, за несигурноста во сопствените чувства и колебањето: која е разликата меѓу страста и љубовта. Секако, „Сок од простата“ носи во себе и сериозна социјална приказна за моќта и немоќта, за општеството кое жестоко делува на нас, за парите и очекувањата на Другиот за тоа како треба, мора или е „исправно“ да се однесуваме. Со еден збор, „Сок од простата“ е комплексен роман кој покренува редица прашања, универзално актуелни. Тоа е роман кој, на свој начин, нуди и можни одговори на тие прашања. Дали ќе ги прифатиме или не, зависи од нас.Тагови: Јован Павловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter