„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи
2„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи
ЗабаваИмперија вредна 300 милиони долари – еве ги сите имоти на Новак ЃоковиќНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ изгради импресивна глобална империја на недвижности, која опфаќа локации од Белград и Монте Карло до Менхетен и Марбеља. Неговото богатство се проценува меѓу 250 и 300 милиони долари, при што инвестициите во луксузни недвижности сочинуваат значителен дел од тој вкупен износ. Новак Ѓоковиќ, создал огромно богатство во текот на својата блескава кариера. Издигнувајќи се од скромни почетоци во Србија до статус на глобална спортска икона, тој изгради огромна империја од недвижности со куќи и станови на повеќе континенти - од неговиот роден Белград, преку Монте Карло и Мајами, до Менхетен и Марбеља. Денес, неговата нето вредност се проценува на помеѓу 250 и 300 милиони долари. Со 24 гренд слем титули и над 165 милиони долари заработени само од награди на турнири, тој се рангира меѓу најплатените спортисти во историјата. Дополнително,популарниот Ноле генерира над 30 милиони долари годишно преку договори за рекламирање со водечки глобални брендови. Исто така Ѓоковиќ го прошири својот финансиски успех и далеку надвор од тенискиот терен преку стратешки инвестиции во недвижнини, кои му обезбедуваат стабилен приход и долгорочна сигурност. Како голем обожавател на познатиот италијански архитект Ренцо Пијано, Новак има и два луксузни имоти во својата колекција во зградата „565 Брум СоХо“ на Менхетен, со вкупна вредност што надминува 10 милиони долари. Становите располагаат со мебел по нарачка, пространи тераси и подно греење, додека зградата нуди приватен базен, спа центар, теретана и библиотека. Во Европа, неговата база со години е Монте Карло, каде што поседува луксузен стан веднаш до брегот, со поглед на Француската ривиера. Имотот е вреден помеѓу пет и шест милиони евра и е дизајниран за семеен живот, со наменски простор за неговите деца, Стефан и Тара. Ноле има и прекрасна вила во шпанска Марбеља вредна 10 милиони долари. Еден од најлуксузните имоти на Ѓоковиќ се наоѓа во Марбеља, Шпанија. Тој ја купил вилата во 2020 година за 10 милиони евра, откако претходно ја изнајмувал за време на пандемијата по цена од околу 10.000 евра неделно. Според италијанскиот весник *Corriere dello Sport*, вилата располага со: девет спални соби, осум бањи, затворен базен, приватен спа-центар, кино-сала, теретана, тениски терен, повеќе дневни соби, просторија за рекреација. Вилата се наоѓа на само неколку минути од центарот на Марбеља и нуди поглед и кон морето и кон планините. За време на престојот во Србија, Ѓоковиќ има на располагање неколку луксузни имоти. Во Белград, тој поседува пентхаус од околу 250 квадратни метри во елитниот комплекс „Вест 65“ (West 65), кој вклучува и кровна тераса од 100 квадратни метри и приватен базен. Семејството Ѓоковиќ исто така потроши 2,9 милиони евра за имот и куќа на планината Космај, кои ги реновираа по купувањето. Посебно внимание привлекува и вилата со површина од околу 1.200 квадратни метри на брегот на Павловачкото Езеро, лоцирана помеѓу Рума и Врдник. Изградбата започнала во 2016 година; според медиумските извештаи, проектот бил инициран од таткото на Новак, Срѓан, со цел да му се обезбеди на семејството место за одмор во природа. Вилата е сместена во изолирана средина и вклучува приватен базен и ресторан. На јадранскиот брег, Ѓоковиќ поседува и луксузен стан во „Порто Монтенегро“ (Тиват), чија вредност изнесува околу 2,2 милиони евра.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандалЛегендарниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен утрово. Како што пренесуваат хрватските медиуми, познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е уапсен утрово. Тој е уапсен од страна на УСКОК и полицијата, кои спроведоа акција против корупцијата, а Шимиќ се сомничи за вмешаност во аферата „Тисно“. Уапсени се познатиот фудбалер Дарио Шимиќ и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Канцеларијата на државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ, која се сомничи дека му помогнала на Шимиќ да ги добие потребните дозволи за кампот во Тисно (место на островот Муртер). Неда Ливљаниќ и претходно била приведена под слично обвинение, а заедно со нив двајца била уапсена и уште едно лице кое дејствувало како посредник. Според хрватските медиуми, Неда Ливљаниќ не примила поткуп, туку му помогнала на Шимиќ да добие дозвола. Засега, УСКОК и хрватската полиција не ја коментираат оваа тема, а наскоро се очекува и официјално соопштение. Инаку, Дарио Шимиќ е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на Хрватска. Тој потекнува од школата на Динамо Загреб и настапуваше за клубот од својот роден град сè до 1999 година, кога направи трансфер во Интер Милано. Одигра три сезони за „нероаѕурите“, а потоа премина во редовите на најголемиот ривал, Милан, каде што играше од 2002 до 2008 година и, меѓу другото, освои две титули во Лигата на шампионите. Крајот на кариерата го мина во Монако, а потоа и во Динамо, каде што подоцна извршуваше и директорска функција. Инаку, тој одигра дури 100 натпревари во дресот на хрватската репрезентација и е првиот играч што ја достигна таа бројка. Беше дел од тимот што освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Култура„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи -Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. -Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. Снимавме во февруари и студеното време придонесоа за студените тонови во филмот, рече режисерот Агим Абдула на денешната прес конференција и се заблагодари на можноста што фестивалот „Преку езерото“ му ја даде на неговиот филм на кој ова му е прв фестивал. Филмот „Кома“ од официјалната селекција синоќа беше прикажан во Амфитеатарот во Дојран во присуство на бројни вљубеници на филмската уметност. Режисерот на филмот Агим Абдула е гостин на фестивалот „Преку езерото“ и посочи дека инспирација за филмот бил вистински настан кој се случил на негов познаник. Во филмот Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи. -Филмот е направен според вистински настан. Му се случи на еден мој близок пријател кому во Италија му се случи несреќа и падна во кома. Во почетокот дознавме дека починал, па бил во клиничка смрт, па потоа се вратил, но меморијата му беше како на 5-годишно дете. Не се сеќаваше на никој од нас пријателите и лекарите посочија дека излез е да се врати дома, каде што е неговото семејство, пријателите и само така има надеж да се врати. Мојот братучед беше цели 7 години, секој ден со него, и конечно успеа да си ја врати меморијата и сега тој е оженет човек со деца и има среќен живот, но не памети дека некогаш му се случила несреќата, рече Абдула. Филмот има бавно темпо и долги сцени кои како што рече режисерот се резултат на неговотот студирање филмска режија во Иран, но сакал да се гледа печатот на школата од која доаѓа. Во Дојран заедно со режисерот на фестивалот допатува и главната актерка Лина Абдула, како и кинематограферот Душан Кардалевски. -Сакам да му се заблагодарам на Душан Кардалевски за одличната работа и трпението и на Лина која снимаше на минус 15 степени и која во текот на снимањето по повеќе повторени сцена почна да плаче од студ, но на крајот успеавме да го завршиме филмот, рече Абдула. Денеска во ЕУ хаус во Струмица ќе се одржи работилница „Вештачката интелегенција во филмот“ поддржана од Креативна Европа, на која ќе говорат Милош Џукелиќ од Србија, Момчил Алексиев од Бугарија и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија. 14 Јули ВТОРНИК - Амфитеатар Дојран ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА 20:30 МЕСО, режија Димитер Стојанович / БУГАРИЈА / 2025 FLESH directed by Dimiter Stoyanovich / BULGARIA / 2025 / 91 min КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА 22:00 БЕГСТВО, режија Хаљим Љута / МАКЕДОНИЈА ESCAPE directed by Halim Luta / MACEDONIA / 2025 / 10 min 22:10 НАЧИНОТ НА ЧИПАН, режија Антонио Вељаноски / МАКЕДОНИЈА THE WAY OF CHIPAN / directed by Antonio Veljanoski / 2025 / 22 min 14 Јули ВТОРНИК - ЕУ Хаус - Струмица 12:00 Работилница: Вештачка интелигенција во филмотКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од ТошковскиНов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија. ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање. Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор. Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше. Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта. Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност. Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност. СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски. Оставка Панче! Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook