Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
БалканУапсен Дарио Шимиќ: Хрватскиот фудбалер „падна“ во корупциски скандалЛегендарниот хрватски репрезентативец Дарио Шимиќ е уапсен утрово. Како што пренесуваат хрватските медиуми, познатиот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ е уапсен утрово. Тој е уапсен од страна на УСКОК и полицијата, кои спроведоа акција против корупцијата, а Шимиќ се сомничи за вмешаност во аферата „Тисно“. Уапсени се познатиот фудбалер Дарио Шимиќ и поранешната раководителка на Одделот за туризам при Службата за економија и имотно-правни работи на Канцеларијата на државната управа на Шибенско-книнската жупанија, Неда Ливљаниќ, која се сомничи дека му помогнала на Шимиќ да ги добие потребните дозволи за кампот во Тисно (место на островот Муртер). Неда Ливљаниќ и претходно била приведена под слично обвинение, а заедно со нив двајца била уапсена и уште едно лице кое дејствувало како посредник. Според хрватските медиуми, Неда Ливљаниќ не примила поткуп, туку му помогнала на Шимиќ да добие дозвола. Засега, УСКОК и хрватската полиција не ја коментираат оваа тема, а наскоро се очекува и официјално соопштение. Инаку, Дарио Шимиќ е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата на Хрватска. Тој потекнува од школата на Динамо Загреб и настапуваше за клубот од својот роден град сè до 1999 година, кога направи трансфер во Интер Милано. Одигра три сезони за „нероаѕурите“, а потоа премина во редовите на најголемиот ривал, Милан, каде што играше од 2002 до 2008 година и, меѓу другото, освои две титули во Лигата на шампионите. Крајот на кариерата го мина во Монако, а потоа и во Динамо, каде што подоцна извршуваше и директорска функција. Инаку, тој одигра дури 100 натпревари во дресот на хрватската репрезентација и е првиот играч што ја достигна таа бројка. Беше дел од тимот што освои бронза на Светското првенство во Франција во 1998 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗеленски: Подготвени сме за прекин на огнот по постоечката линија на фронтотУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украина е подготвена за прекин на огнот по постоечката линија на фронтот и е за почеток на дипломатски преговори. Тој во интервју за „Ал Џезира“ на англсики јазик во Киев, рече дека таков потег би бил исклучително голем компромис. „Подготвени сме да застанеме таму каде што сме сега. Станува збор за прекин на огнот на линијата на поделба. Тоа е компромис, се разбира, и многу голем“, рече Зеленски. „Свесни сме дека тој не сака да ја напушти нашата територија. Затоа велиме: во ред, да застанеме тука и да се свртиме кон дипломатијата“. Зеленски, исто така, изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп сè уште има доволно влијание за да помогне во наоѓањето решение за завршување на војната..Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран го користел сателитскиот интернет „Старлинк“ на Маск за напади врз американските силиИран ги користел услугите за сателитски интернет „Старлинк“ на компанијата „Спејс-Икс“ при напади врз американските сили, откако САД и Израел извршиле напади врз Иран, објави весникот „Вашингтон Пост“, повикувајќи се на свои извори. Извршниот директор на „Спејс-Икс“, Илон Маск, бил разбеснет кога дознал за две неовластени користења на „Старлинк“, за кои неговиот тим утврдил дека се поврзани со дејствијата на Иран против американските сили, се вели во извештајот, кој се повикува на две лица запознаени со внатрешните дискусии во компанијата. „Старлинк“ нема дозвола за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата е активна таму. Според „Волстрит Џурнал“, иранските власти го ограничувале јавниот пристап до интернетот за време на немири – вклучително и за време на смртоносните протести низ целата земја во јануари – по што американската влада прокриумчарила илјадници терминали на „Старлинк“ во Иран.Тагови: Илон Маск Старлинк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ е за тоа СНС да нема свој претседателски кандидат, партијата ќе одлучи на 3 декемвриАлександар Вучиќ најави дека главниот одбор на Српската напредна странка во четврток, на 3 декември, ќе одлучи дали и како партијата ќе учествува на претседателските избори. Тој рече дека се разгледуваат три опции, а тој лично се противи на првата – СНС да настапи со свој кандидат. Втората опција како што рече е да поддржат независен кандидат, за што интерес покажала поранешната минстерка Зорана Михајловиќ, а имало идеи да се поддржи и сопственикот на Информер Драган Вучичевиќ, кој е во притвор.. Третата опција, за која најмногу се залагал Вучиќ, е воопшто да немаат кандидат.. Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември, а рокот за поднесување кандидатури истекува на 6 декември на полноќ. Студентското движење веќе го претстави Радомир Саичиќ, професор по хемија, академик и пратеник од Студентската листа, како свој кандидат за претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook