„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи - Канал 5

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. 

„Преку езерото“: Филмот „Кома“ на Агим Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи

-Верувам во тоа дека додека снимаш, се додека немаш потреба да сецнеш-немој. Оваа приказна бараше таков ритам, на моменти имав и проблем со продуцентот кој не се согласуваше со овој тип на снимање. Снимавме во февруари и студеното време придонесоа за студените тонови во филмот, рече режисерот Агим Абдула на денешната прес конференција и се заблагодари на можноста што фестивалот „Преку езерото“ му ја даде на неговиот филм на кој ова му е прв фестивал.

Филмот „Кома“ од официјалната селекција синоќа беше прикажан во Амфитеатарот во Дојран во присуство на бројни вљубеници на филмската уметност.

Режисерот на филмот Агим Абдула е гостин на фестивалот „Преку езерото“ и посочи дека инспирација за филмот бил вистински настан кој се случил на негов познаник. Во филмот Абдула не потсетува на скапоценоста на пријателството во нашите кревки животи.

-Филмот е направен според вистински настан. Му се случи на еден мој близок пријател кому во Италија му се случи несреќа и падна во кома. Во почетокот дознавме дека починал, па бил во клиничка смрт, па потоа се вратил, но меморијата му беше како на 5-годишно дете. Не се сеќаваше на никој од нас пријателите и лекарите посочија дека излез е да се врати дома, каде што е неговото семејство, пријателите и само така има надеж да се врати. Мојот братучед беше цели 7 години, секој ден со него, и конечно успеа да си ја врати меморијата и сега тој е оженет човек со деца и има среќен живот, но не памети дека некогаш му се случила несреќата, рече Абдула.

Филмот има бавно темпо и долги сцени кои како што рече режисерот се резултат на неговотот студирање филмска режија во Иран, но сакал да се гледа печатот на школата од која доаѓа.

Во Дојран заедно со режисерот на фестивалот допатува и главната актерка Лина Абдула, како и кинематограферот Душан Кардалевски.

-Сакам да му се заблагодарам на Душан Кардалевски за одличната работа и трпението и на Лина која снимаше на минус 15 степени и која во текот на снимањето по повеќе повторени сцена почна да плаче од студ, но на крајот успеавме да го завршиме филмот, рече Абдула.

Денеска во ЕУ хаус во Струмица ќе се одржи работилница „Вештачката интелегенција во филмот“ поддржана од Креативна Европа, на која ќе говорат Милош Џукелиќ од Србија, Момчил Алексиев од Бугарија и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

14 Јули ВТОРНИК - Амфитеатар Дојран

ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА

20:30 МЕСО, режија Димитер Стојанович / БУГАРИЈА / 2025

FLESH directed by Dimiter Stoyanovich / BULGARIA / 2025 / 91 min

КРАТКОМЕТРАЖНА СЕЛЕКЦИЈА

22:00 БЕГСТВО, режија Хаљим Љута / МАКЕДОНИЈА

ESCAPE directed by Halim Luta / MACEDONIA / 2025 / 10 min

22:10 НАЧИНОТ НА ЧИПАН, режија Антонио Вељаноски / МАКЕДОНИЈА

THE WAY OF CHIPAN / directed by Antonio Veljanoski / 2025 / 22 min

14 Јули ВТОРНИК - ЕУ Хаус - Струмица

12:00 Работилница: Вештачка интелигенција во филмот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Во понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.

„Гответе со Дракче“ - Супа од тиква

Состојки за денешниот рецепт:

1 помека тиква

2 главици кромид

2 моркови

4 чешниња лук

1 парче сирење

400 гр. шманд или кисела павлака

100 гр. печени семки

100 мл. маслиново масло

2 големи лажици сув зачин

2 големи лажици куркума

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.

Ирачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку Ирак

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак.

Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата.

Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа.

Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер