Имаме нов кандидат за Оскар (видео)

Во обидот да добие оштета која осигурителните компании ја исплатуваат на лицата кои учествувале во сообраќајни несреќи, овој човек отиде навистина предалеку.

Иако автомобилот веќе во потполност застана, тој драматично одглуми удар и пад, а продолжи со симулирањето на кое би му честитал и Пипо Инзаги.

Дали оваа глума заслужува Оскар?

Се распалија скарите, излетничките места полни со граѓани

И покрај непредвидливото време, дел од граѓаните и останаа верни на традицијата и ги исполнија излетничките места.

Велат пикникот годинава е вистински луксуз, водени од максимата - секој според џебот.

Ана Торевска Мицевски е на Матка.

Се распалија ли скарите?

КСС не излезе на протест – одржаа првомајска академија

Наместо протест, првомајска академија. 

Единаесет грански синдикати во КСС одлучија да не се приклучат на првомајскиот марш организиран од ССМ, бидејќи сметаат дека нема легитимна полиитчка влада пред која би протестирале и би ги упатиле своите работнички барања... Наместо тоа, организираа свечена академија на која се разгледуваа економските програми на дел од политичките партии.

-Ние нема пред кого да протестираме. Имаме техничка Влада. Ќе имаме нова Влада во текот на следниот месец. Бараме, од сите што претендираат да бидат носители на таа Влада, да дојдат и да ги презентираат нивните програми пред нас. Мислам дека ако во иднина имаме коректни односи помеѓу двете синдикални организации, да, за некое вистинско право, можеме да изеземе и да си ги бараме своите права. - Благоја Ралповски – претседател на КСС

На првомајската академија на КСС, присутни беа дел од опозициските партии и техничкиот минситер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски. Тој порача дека во земјава има доби закони за работни односи, но истите мора да почнат да се почитуваат.

-Имаме добри закони и закони кои треба да се применуваат, но остануваат отворени прашањата дали истите се применуваат. Денеска имаме закон за здравје и закон за безбедност при работа, кои пет години се во фиоките и не се презентирани јавно достапни до секој еден чинител во општеството за секој еден да даде свој импакт по однос на истите да бидат квалитетни и функционални за сите работници во Македонија.- Ѓоко Велковски – технички министер за труд и социјална политика

Инаку, на денешниот првомајси протест на ССМ, покрај СОНК, не присуствуваа ниту од Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации и неколку други.

Одбележување на 1 Мај– барања за достоинствени плати, пристојно работно време

​„50 марш, 50  протест ми е мене ова овде.“ - Лазе Ѓоргиевски – најстар член на ССМ

Вака Лазе Ѓоргиевски најстариот член на ССМ, кој денеска јубилејно 50ти пат маршираше по улиците, п оповод меѓународниот ден на трудот со порака и до работниците и до власта. Надлежните мора да го слушнат гласот на работникот, а работникот да не се откажува, зашто како што вели, само обединети можеме да промениме многу.

„Најголемите протести беа пред 20 години кога излегоа медицинарите, лекарите со 30 илјади и после нив една година кога излезе УПОЗ 30 илјади луѓе штрјакуваа пред собрание. И ребра ни пукаа и не тепаа меѓутоа ние излегувавме.... “ - Лазе Ѓоргиевски – најстар член на ССМ

Во борба за работнички права под мотото „Ние работниците“ Сојузот на синидкати и Конфереацијата на синдикални организации сплотени маршираа по улиците одбележувајќи го Меѓународниот ден на трдуот 1 мај. Со порака колку повеќе не напаѓаат толку ќе сме посилни и уште еден црвен картон за судот поради обидите да се одземе Работничкиот дом од работниците тие го стартуваа протесот пред зградата на ССМ.

„Дадовме црвен картон на судот заради тоа што направи обид да изврши притисок врз сидникатите да ги уништи да стави функцинореска чизма на вратот на работниците за да ќутат, за да бидат понизни, за да ги слушаат, тоа што го направија денеска го гледаме на дело ние синидкатите, ние работниците, ние граѓаните, ние пензионерите сме сите тука денеска да им покажеме дека колку повеќе не напаѓааттолку повеќе посилни не прават.... “-Слободан Трендалифов – претседател на ССМ

Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата Влада. Враќање на трошоците за храна и превоз за работниците, органичување на работата на определено време во исклучителни околности, максимум една година, право на неработна сабота, контролирање на прекувремената работа, укинување на 72 часовната работна недела на стратешките проекти, се клучните барања кои синдикатите ги упатија од пред Владата.

„Ако добро пресметав, кај нас после 130 години некој се држзна работната недела од 8 часа да ја прави поголема тоа не смееме да го дозволиме.“- Маријан Ристевски – КСОМ

„Да им порачам, помалку тендери поголеми плати, а ние сите пак ако треба секој ден на улица...“ -Трпе Денаоски – УПОЗ

На третата дестинација од маршот, Стопанската комора на Македонија, работниците им свртеа грб и на работодавачите, со барање да се почитуваат колективните договори и работничките права.

„Од срце ве замолувам да им свртиме грб на газдиве позади што уживаат по турски, грчки, и тн... да знаат дека без нас не можат, да знаат дека оваа држава и компании се изгради од работничка крв и пот, да нзаат дека ради нив секој час ни гине некој на работното место, да знаат дека младите не можат да се решат на семејсттво со тие договори на дело, да знаат дека не се живее со 22 500...“- Иван Пешевски – СГИП

Меѓународнито ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борабата за зачувување и унапредување на правата на работниците...

притисни ентер