Има ли владата механизам – што доколку институциите не го почитуваат новото име?

Помалку или повеќе се случува тоа што се очекуваше – не сите го профатија Преспанскиот договор, а со тоа и новото име.

И една недела по стапување на сила, постојат државни институции, како на пример претседателот на државата, кои се уште не го користат уставното име на земјава. На неговата веб страница се уште стои дека тој е прв човек на Република Македонија. Од кабинетот на Иванов не повикаа сите прашања кои ги имаме за тоа дали и кога шефот на државата ќе почне да го користи новото уставно име да ги доставиме преку мејл, а до почнување на вестите се уште не добивме одговор. За премиерот, очекувано дилеми по ова прање нема...

Тука се отвора прашањето дали постои некој механизам кој може да го надгледува и корегира спроведувањето или не спроведувањето на преспанскиот договор? Истово прашање лигетимно може да се постави и за грчката страна, откако вчера префектот на областа Централна Македонија, Ѕиѕикостас, порача дека нема намера новото име на земјава биде поставено на таблите во областа под негова надлежност. Додека новите гранични табли во земјава ги чува полицијата, портаполката на Нова демократија, Мариа Спираки пак изјави дека проблемот со сообраќајните табли во Грција е ирелевантен, бидејќи сега официјлано име на државава е Северна Македонија. Грчки министри пак од редовите на сириза, ветуваат дека Преспанскиот договор ќе биде спроведен навреме.

Инаку, за прашање дали на претстојните претседателски избори во земјава на избирачкото ливче ќе биде напишано дека се бира претседател на Северен Македонија, претседателот на ДИК Дерковски телефонски ни објасни дека ќе биде наведено само дека се „претседател на државата“.

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Уривање на дел од автопат во кинеската провинција Гуангдонг предизвика пад на повеќе возила, при што загинаа 36 лица, а 30 беа повредени, јавија денеска државните медиуми, во моменти кога милиони Кинези патуваат за празникот Први мај.

Уривањето, предизвикано најверојатно од пороен дожд, се случи во средата околу 02:10 часот на автопатот Меиџоу-Дабу, јави новинската агенција Синхуа, додавајќи дека урнатиот дел бил долг 17,9 метри и предизвикал пад на 23 возила.

Меиџоу е една од областите во Гуангдонг во јужна Кина, што е силно погодена од поројни дождови и град од крајот на април, што предизвикаа опасни лизгања на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.

Причината за несреќата се истражува. /МИА

притисни ентер