ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
2ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!
3Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на средба со жителите на Припор: Фокус на новите решенија и институционалната соработка
ЗабаваИма 210 килограми и наплатува за да ја гледаат како се прејадува (ФОТО)Вебкам девојка која тежи 210 килограми откри дека заработува богатство , јадејќи 10 илјади калории дневно пред фановите , кои за тоа и плаќаат.Аманда Феј (25) го користи својот огромен апетит за да им наплатува на фетишистите по 100 долари да ја гледаат како јаде огромни количества храна и пие газирани слатки пијалоци низ инка. View this post on Instagram It’s been a long week! 🥂 And yes, it’s only Tuesday 😭... A post shared by 🍒 Amanda Faye 🍒 (@mamahorker) on Feb 4, 2019 at 11:48pm PST Нејзните снимки често вклучуваат и играње со салото , соблекување во топлес и исполнување други фетиши поврзани со дебелината. View this post on Instagram Still a good looking big bitch with my large belly and stretch-marks 🌸🧬⭐️ . . . . #plussizefashion #bbwgirls #feederism #bbwlovers #mamahorker #plussize #plussizemodel #plusfashion #plussizelingerie #feabie #feedee #ssbbw #ssbbwbelly #ssbbwbooty #ssbbwlover #ssbbwgoddess #biggirls #ssbbwgoddess A post shared by 🍒 Amanda Faye 🍒 (@mamahorker) on Jan 24, 2019 at 11:04pm PST Девојката од Калифорнија обично снима по три такви видеа дневно , а на гледачите кои се подготвени да платата повеќе , им исполнува и други желби. View this post on Instagram What a shame I’m not there #plussizefashion #bbwgirls #feederism #bbwlovers #mamahorker #plussize #plussizemodel #plusfashion #plussizelingerie #feabie #feedee A post shared by 🍒 Amanda Faye 🍒 (@mamahorker) on Jan 8, 2019 at 5:44pm PST Аманда вели за себе дека се чувствува сакано и среќно . Освен на специјализираните сајтови , Аманда има и 50 000 фанови на Инстаграм.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБаерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенотГерманскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата. Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих. Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал. Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот. Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна ГораВладината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна ГораВладината прес служба информира дека Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија. На настанот Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот. Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!За да преживее семејство со минимални трошоци со т.н. синдикална кошница за октомври се пробија историски рекорди кои достигнаа 70.358 денари, а за семејствата што живеат под кирија трошоците за гол опстанок се искачија на застрашувачки 85.733 денарДодека Владата секојдневно дефилира со соопштенија за „рекорден раст на економијата“ и наводно подобрена куповна моќ, реалноста зад затворените врати на македонските домаќинства е сурова преживувачка. Се соочуваме со рекорден раст на трошоците а не на економијата! Прашањето е едноставно и боли: колку семејства денес во Македонија можат да го поминат месецот без да влезат во нов брз кредит, без да се одречат од основни потреби или без да молат за помош од родители и пријатели Посебно е иритирачки што владината потрошувачка кошничка и синдикалната пресметка се разликуваат за нереални 10.200 денари. За премиерот и министрите тоа е само прашање на сува методологија и бројки на хартија, но за обичниот човек тоа се 10.000 денари помалку за храна, лекови, сметки и основни потреби што драматично недостигаат на крајот од месецот. Економската успешност не може да се мери со непоткрепени владини математики, додека граѓаните секој ден ја мерат реалноста преку шокантните цени во маркетите и празните банкарски сметки. Џабе се повикува власта на проценти за раст на платите и ублажена инфлација, кога суштинскиот одговор го знае секој граѓанин: трошоците растат побрзо од платите и тие не се доволни за достоинствен живот. На Македонија не ѝ требаат оптимистички прес-конференции и економски бајки, туку итни и конкретни решенија — реален раст на минималната плата, вистинска заштита од ценовните шокови таргетирано за македонските граѓани и замрзнување на маржите за да се сопре дивеењето во продавниците. Нашите предложени таргетирани мерки се одбиваат иако се имаат покажани успешни во други земји. Ребалансот на буџетот кој Владата го достави до Собранието ниту дава краткорочни ниту долгорочни решенија, напротив покажува немање капацитет за справување со сериозните ризици. Либерално-демократската партија (ЛДП) порачува дека нема потреба Владата да се самозалажува со сопствените розеви пресметки. Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter