Илон Маск во Овалната соба како претседател на САД- провокативна насловна страница на „Тајм“ - Канал 5

Илон Маск во Овалната соба како претседател на САД- провокативна насловна страница на „Тајм“

Во потег кој најверојатно има за цел да предизвика реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, на најновата насловна страница на магазинот Тајм е прикажан Илон Маск како седи на работна маса во Овалната соба.

Илон Маск во Овалната соба како претседател на САД- провокативна насловна страница на „Тајм“

Последното издание на овој угледен двонеделник, познат по своите насловни страници кои честопати одекнуваат во јавноста, доаѓа во време кога Трамп им даде на Маск и на неговото Министерство за владина ефикасност големи овластувања драстично да го намалат бројот на вработени во владините институции - овластувања кои беа, барем делумно, доведени во прашање во последните денови со неколку тужби.

Едноставната, но впечатлива насловна страница го прикажува Маск со кафе во раката, поставен помеѓу претседателското биро и американското и претседателското знаме, додека зад него се шири црвена позадина. Придружниот напис на новинарите Сајмон Шустер и Брајан Бенет навлегува подлабоко во бескомпромисните потези на Маск, истакнувајќи дека „милиони државни службеници сега се на милост и немилост на Маск“.

„Засега, Маск не одговара никому освен на претседателот Трамп, кој му даде одврзани раце на својот финансиски донатор да ги преобликува владините институции според неговата сопствена визија“, напишаа Шустер и Бенет.

Си-Ен-Ен пишува дека сите прашања од магазинот Тајм биле упатени до Белата куќа, која одбила да коментира.

Ова е втора насловна страница на Тајм во последните неколку месеци на која се појавува Маск. Во ноември, тој беше претставен како „граѓанска маска“, со текст во кој се опишува како „креатор на крал“ за неговата клучна улога на претседателските избори. Серијата насловни страници сугерира дека вистинската моќ е на Маск, а не на Трамп - теза која особено може да му пречи на претседателот, кој е познат по тоа што не ја дели власта и е опседнат со магазинот Тајм.

Можеби тоа беше намерата, иако Тајм не одговориле на прашањата дали насловната страница е дизајнирана да го испровоцира Трамп, пренесе Кликс.

Од претседателот Трамп е побарано да ја коментира насловната приказна во Белата куќа.

„Дали сè уште постои магазинот Тајм? Трамп се пошегува. „Не ни знаев. Илон врши одлична работа.“

Трамп долго време има посебна почит кон ова легендарно списание со црвена рамка, што за него претставува симбол на моќ и престиж. Тој двапати беше прогласен за „Личност на годината“ на „Тајм“, последен пат во 2024 година, а веќе се појави на насловната страница откако се врати во Белата куќа.

Неговата желба да биде на насловната страница била толку силна што претходно дури и измислил лажен број на списание со што се фалел со неговите способности во реалното шоу „The Apprentice“.

Ако целта на насловната страница на Тајм беше да предизвика реакција, немаше да биде прв пат магазинот да ги раздвижи односите меѓу Трамп и неговите најблиски соработници.

Најновото портретирање на Маск потсетува на насловната страница од 2017 година кога Тајм слично го прикажуваше Стив Банон, кој, како и Маск, имаше големо влијание врз Трамп за време на неговиот прв мандат. Исто како што сега се пишува за Маск, тогаш медиумите тврдеа дека Банон е вистинскиот владетел во сенка – а Тајм дури го нарече „големиот манипулатор“. Во популарната култура, Банон беше претставен како „Претседателот Банон“, а „Saturday Night Live“ го карикатурираше како мрачниот жетвар кој го контролира Трамп од зад сцената.

За Трамп – кој не може да поднесе да биде засенет – создавањето впечаток дека не е целосно на чело на државата беше непростлив грев. Серијата навреди на крајот доведоа до отстранување на Банон од администрацијата и губење на наклонетоста на Трамп.

Интересно е тоа што Маск, кој неуморно ја користи својата X платформа за да ги нападне оние со кои не се согласува, овој пат се воздржа да ја коментира својата најнова „чест“.

Откако Трамп се врати во Овалната соба, мисијата на Маск беше да ги повтори агресивните намалувања на работната сила што ги спроведе на Твитер по преземањето на компанијата во 2022 година. Но, за разлика од вообичаениот начин на владеење на Трамп, овојпат Маск остана со целосна слобода да ги спроведе своите планови.

„Тој рече дека ако Илон Маск наиде на конфликт на интереси со договорите и финансирањето што ги надгледува DOGE, Илон ќе се отстрани од тие договори“, рече Каролин Лавит, портпаролка на администрацијата на Трамп, на прес-конференција во средата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Повторно Крави се шетаат низ строгиот центар на Крива Паланка, покрај кејот на реката ,но и низ сообраќајниците.Граѓаните  алармираат за својата безбедност.

Крави го „узурпираат“ центарот на Крива Паланка, општината бара кризна состојба

Според жителите станува збор за над илјада грла, но бројката не е официјално потврдена.

Проблемот со неконтролираното движење на стада крави низ кривопаланечко трае со години. Иако уште во 2024 година бил извршен инспекциски надзор и биле утврдени неправилности во одгледувањето, состојбата останала нерешена. Од Општината велат дека досегашните барања до надлежните институции не дале резултат, додека штетите врз земјоделските насади и имотите продолжуваат да растат.

„ Во 2024 година во месец фебруари токму АХВ има извршено вонреден инспекциски надзор на овие стада добиток пришто е константирано несовесно одгледување на самиот добиток и изречена мерка прекршочна. Овој проблем од 2024 година до ден денеска сеуште не е решен. Ние како Општина немаме надлежност за прогласување на кризна остојба и две години веќе мака мачиме со АХВ да постапат ... како краен механизам моравме да го Општинскиот Кризниот штаб.Верувајте штетите што секојдневно ги трпат нашите сограѓани односно нивните приватни земјоделски насади и култури, општинските штети што ние ги имаме како Општина се навистина од еден сериозен обем и карактер и финансиски, но и по самата површина што ја прават со самото неконтролирано движење на ниво на цела Општина“-– градоначалник на Крива Паланка.

Од друга страна новиот директор на АХВ вели дека на негова иницијатива побарал средба со градоначалникот во понеделник, на која како што изјави за Канал 5, треба да се разговара за надминување на проблемот како и за чекорите кои ќе бидат превземени..

Во меѓувреме, за проблемот со кравите Општината побара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, но проблемот се влече веќе десеттина години.

Случајот се актуелизираше и мината година кога мештаните реагираа за неконтролираното движење во реонот на Крива Паланка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктура

Застарени пруги, неисправни локомотиви и милионски загуби. 

ДЗР: Железницата во загуби и со застарена инфраструктура

Државниот завод за ревизија откри сериозни слабости во работењето на Македонски железници, кои со години се соочуваат со финансиски проблеми и недоволни инвестиции.

Според ревизорскиот извештај за 2024 година, Железници Инфраструктура работеле со загуба од над три милиони евра, додека вкупната акумулирана загуба од претходните години достигнала дури 76,6 милиони евра. Ревизорите предупредуваат дека дотраените пруги и застарената сигнализација го отежнуваат железничкиот сообраќај. На дел од главните коридори возовите се движат со намалена брзина, а одредени делници се целосно затворени.

„На дел од главните коридори се вози со намалени брзини поради бројни дефекти, застарени системи и опожарени прагови.“ – Државен завод за ревизија.

Ништо подобра не е состојбата ниту во Железници Транспорт. Од вкупно 62 локомотиви, функционални биле само девет, додека акумулираната загуба на претпријатието достигнала над 109 милиони евра.

Од Железници Инфраструктура одговараат дека станува збор за децениски наталожени проблеми и дека веќе преземаат мерки за надминување на забелешките на ревизорите. Информираат дека е донесен петгодишен план за одржување на железничката инфраструктура и дека се работи на кадровско зајакнување. Признаваат дека дел од проблемите сè уште не се решени, но уверуваат дека ќе продолжат со спроведување на препораките на ДЗР.

На ревизорските извештаи реагираше и Министерството за транспорт, од каде што за лошите состојби во железницата ги обвинија поранешните раководства поставени од СДСМ и ДУИ и побараа постапување од Јавното обвинителство.

„Како министерство апелираме Јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост да бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи“, велат од Министерството.

Ревизијата за 2024 мегудругото отркила и неоправдани вложувања во материјални средства и кои не биле користени 15 години, а регистрирале и неправилности со платите и имотот

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив за поефикасно работење

Извештајот за напредокот на земјава е одраз на реалната состојба во правосуствто, смета дражвниот јавен обвинител Ненад Савески.

Савески: Извештајот на ЕК е одраз на реалната состојба во правосудството, ќе биде мотив  за поефикасно работење

Но вели дека тоа нема да ги демотивира обвинтелите и судиите, туку напротив ќе даде мотив за поефикасно работење, а како причина за бавните процеси во правосудството ги наведе недоволните капацитети со кои раполагаат, условите за работа на обвинители и недостатокот на кадар. Категоричен е дека изјавите од политичарите не влијаат врз работата на јавните обвинители.

„Извештајот е одраз на една реално согледана состојба, тона не може да не демотивира, туку напротив не мотивира да се фоксуираме и да дадеме еден посилен притисок врз сетоа она што е лоцирано како недостаток, притисок во смисла да испратиме јасна порака до домашната и меѓународната јавност дека правосудниот систем во земјава и конкретно јавното обвинителство е сериозен борец против организираниот криминал и корупција. Изјавите од политичарите не моќе да се одрзат врз работата, квалитетот и начинот на водење на постапките и одлучувањето од страна на јавните обвинители. Ние не можеме тоа да го спречиме, еднсотавно ние тоа само го игнорираме“-– Ненад Савески, државен јавен обвинител.

Според познавачите најголеми се критиките од Брсиел упаени кон бробата против крупцијата каде четврта година по ред не е нотиран никакво подобрување, но сметаат дека е едвидентиран одреден напредок во правосуството, кој пред се се должи на донесените реформски закони.

„Во делот на борба против корупција како клучните проблеми според Извештајот е честата измена на КЗ што креира непредвидливост во тековните постапки. Последните измени придонесоа кон прекинување на дел од постапките затоа шѓто иамше менување на елементите на кривичните дела или остранување на одредени членови, како и застраување на постапките. Извештајот е особено критичен кон ДКСК дека е недоволно проактивна во откривање на коруција и нејзините наоди често не се проследуваат од другите институции. Во делот на бробата против корупцијата за мене е позитивно што во 2025-та според извештајот е зголемен бројот на нови истраги и правосилни осудителни судски одлуки во споредба со 2024-та година “- Марија Мирчевска, Институт за демократија.

Освен одреден напредок во правосудството, во најновиот Извештај на ЕК позитивно се оценети и реформите на јавната администрација, а земјава е пофалена и за целосната усогласеност со надворешната и безбедносна политика на Унијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер