Илон Маск удри по „Википедија“ и стартува со „Грокипедија“, каде пишува историја како што му се допаѓа - Канал 5

Илон Маск удри по „Википедија“ и стартува со „Грокипедија“, каде пишува историја како што му се допаѓа

Илон Маск ја лансираше Grokipedia, онлајн енциклопедија базирана на вештачка интелигенција, за која тврди дека ќе биде „поблиску до неговите ставови“ од Википедија.

Илон Маск удри по „Википедија“ и стартува со „Грокипедија“, каде пишува историја како што му се допаѓа

Платформата го користи моделот на вештачка интелигенција Grok и веќе предизвика бројни контроверзии поради начинот на кој ги обработува политичките теми.

Според британскиот весник The Guardian, многу статии на Grokipedia се базираат на содржина од Википедија, но Grok последователно ги анализира, менува и дополнува. Маск тврди дека таков проект е „многу важен за цивилизацијата“ бидејќи би можел да понуди алтернатива на она што тој го нарекува „идеолошки пристрасни извори на информации“.

Вештачка енциклопедија без уредници, но со јасна позиција

За разлика од Википедија, Grokipedia нема човечки уредници, туку целата содржина е генерирана од системот на вештачка интелигенција Grok. Маск наведува дека идејата за проектот ја предложил Дејвид Сакс, поранешен функционер во администрацијата на Доналд Трамп задолжен за вештачка интелигенција и криптовалути.

Сепак, бројни новинари и аналитичари веќе ја обвинија Grokipedia за ширење дезинформации. Во написите, меѓу другото, настани како што е нападот врз Капитол од 6 јануари се опишуваат како „легитимен израз на незадоволство“, додека други тврдења, како на пример дека „порнографијата ја влоши епидемијата на ХИВ“, се сметаат за опасни и неточни.

Експертите предупредуваат дека платформата со вештачка интелигенција без човечка контрола би можела да стане ново оружје за ширење идеолошки наративи под маската на неутралност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фон дер Лајен во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Фон дер Лајен во Скопје

Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Премиерот Мицкоски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, во изјава за медиумите повтори дека Владата е подготвена за разговор и решение, отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека го кочи евроинтегративниот пат со неотварањето, односно неприфаќањето на уставните измени.

– Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни. Ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение – истакна Мицкоски.

Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.

На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 2.октомври 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 2. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 2.октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Се разбиструва маглата во која се чувствувавте по малку загубено. Се поголем е оптимизмот и вербата во поубав љубовен живот.

Кариера

На работното место денеска максимално ќе се служите со интуицијата. Таа одлично ќе ве води и ќе ви ги даде одговорите што ги баравте.

Здравје

Чувствителност на дигестивниот систем.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои тајни би можеле да испливаат на површина и така да ви го разјаснат она што до неодамна ве измачуваше.

Кариера

Сите кои се занимаваат со истражувачка дејност , денеска би можеле да дојдат до интересно откритие.

Здравје

Ќе сонувате интересни соништа.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во текот на денешниот ден ќе почувствувате дека вашиот љубовен живот се поместува од мртва точка на подобро.

Кариера

Можно е денеска да ве обземат нереални амбиции. Потудете се тоа да го сведете на разумна мерка.

Здравје

Ви се зголемува апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И покрај малите незадоволства , препознавате се поголема љубов и радост во вашиот личен живот.

Кариера

Ќе се чувствувате безгрижно и нема да им придавате големо значење на малите грешки во работењето. Ќе сметате дека се неважни.

Здравје

Не претерувајте со благото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вашиот партнер ќе го гледа светот во розово , вие ќе бидете фокусирани на проблемите. Обидете се да гледате на позитивните работи во односот.

Кариера

Ќе успеете да постигнете квалитетен договор поврзан со некаква деловна соработка.Ќе има и такви кои ќе се сомневаат во вашите достигнувања.

Здравје

Помалку јадете , повеќе трошете калории на спортување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се уште не сте нашле личност од соништата , добро погледнете околу себе додека сте на работното место. Некои таму ве разгледува.

Кариера

Вашите шефови денеска нема да бидат сигурни што навистина сакаат , но затоа вие и колегите ќе знаете што треба да направите.

Здравје

Најдете соодвета техника за релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Како што ќе минува денот, се повеќе ќе уживате во скромните погледи и читањето меѓу редови .

Кариера

Оние кои се занимаваат со алтернативни дејности, би можеле да бидат на чекор до големи достигнувања и радост.

Здравје

Бидете среќни.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

На моменти ќе имате потреба на сите да им кажете како се чувствувате , а на моменти сето тоа би го сокриле. Резултатот е збунетост на партнерот.

Кариера

Одличен ден за креативно поврзување со луѓето . Ќе измислите нови специфични начини на комуникација.

Здравје

Опуштете се во разговор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно со драгите пријатели ќе ги спеделите грижите за вашиот љубовен живот и така ќе си олесните.

Кариера

Ќе заклучите дека доволно сте постигнале во согласност со целите што сте ги поставиле. Тоа ќе биде причина за задоволство.

Здравје

Треба да се биде реален.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мали надмудрување во врска со доминацијата со партнерот денеска ќе го заземат поголемиот дел од вашето време. Осамените би можеле да најдат љубов на работното место.

Кариера

Конечно ќе се дефинира еден деловен план , според кој ќе се развива и вашата кариера и статусот.

Здравје

Замор.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Влегувате во помирна љубовна фаза. Врската во која се наоѓате почнува да наликува на сите останати , но вие сепак сте среќни.

Кариера

Не поднесувате индиректни пораки , а денеска ќе се соочите токму со нив. Не коментирајте , туку работете.

Здравје

Ќе бидете креативни во изразувањето.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Со задоволство би сакале да се забавувате , но состојбата ќе ја смирува таквата потреба. Вашата врска е коректна со мали предивици.

Кариера

Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински генијалец. Ќе имате одлични идеи.

Здравје

Немојте да се срамите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Костадин Ацевски и Љуљзим Фаризи во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Костадин Ацевски и Љуљзим Фаризи.

Костадин Ацевски и Љуљзим Фаризи во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер