Илон Маск ќе биде водител на шоу програма, сите се прашуваат колку им платил - Канал 5

Илон Маск ќе биде водител на шоу програма, сите се прашуваат колку им платил

Милијардерот и бизнисмен Илон Маск , кој стои зад Тесла и Спејс Икс, ќе ја води емисијата Saturday Night Live на NBC на 8 мај, а музички гостин ќе му биде Мајли Сајрус, пишува порталот The Verge.

Илон Маск ќе биде водител на шоу програма, сите се прашуваат колку им платил

Во соопштението за СНЛ, Муск се опишува како „извршен директор на Тесла и главен инженер на Спејс Икс, кој во април го започна вториот оперативен лет на неговото вселенско летало Драгон до Меѓународната вселенска станица“.

Маск го најави гостувањето на Твитер. Мајли Сајрус ќе биде музички гостин на SNL по шести пат.

Деловниот магнат е познат по својата необична смисла за хумор на Твитер, омилен начин за комуникација преку социјалните мрежи, но сè уште не е познато дали тој е навистина толку духовит и харизматичен како водител пред екраните за да го задржи 90 минути вниманието на гледачите на популарното шоу доцна во ноќта..

Маск претходно имал бројни забележителни настапи во медиумите - пушел марихуана на подкастот на Џо Роган и се појави во камео улога во Iron Man 2. Тој исто така се појави во камео улога во една епизода на Симпсонови и во серијата „The Big Bang Theory“ и неговиот спиноф, „Младиот Шелдон“.

Значи, Маск има одредено искуство во шоубизнисот, но до кој степен ќе може да води 90-минутно шоу, гледачите ќе дознаат на 8-ми мај.

Бројни корисници на социјалните мрежи реагираат на веста.

Еден од нив објавил на Твитер: „Се прашувам колку Маск им платил на Ен-Би-Си и Лорена Михаелс да се вклучат во шоуто. Се обложувам дека износот е доволен за финансирање на целата сезона на СНЛ 2021-2022“.

И многу професионалци биле изненадени од изборот на одборот на SNL да му понудат на Маск улога на домаќин. Досега домаќинот на шоуто го воделе комичари и актери, а не деловни магнати. Домаќини во текот на оваа сезона биле Ник Џонас, Маја Рудолф, Крис Рок, Иса Ре, Дејв Шапел, Џејсон Бејтмен, Тимотеј Шаламет и Кристен Виг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер