3Василевска: Дали за СДС патот до ЕУ е преку бегање од работни групи и негласање за реформски закони?
Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
АвтомобилизамИлон Маск ја губи битката: Тесла во опаѓање, кинески BYD се заканува да ја преземе Европа Тесла регистрира само 8.837 нови возила во Европа во јули, што е пад од 40 проценти во споредба со истиот месец минатата година, според податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).Во исто време, кинескиот BYD регистрирал 13.503 регистрации, што е неверојатен пораст од 225 проценти. Овој контраст јасно покажува дека Тесла губи пазарен удел, иако вкупната продажба на електрични автомобили во Европа продолжува да расте. Аналитичарите истакнуваат дека Тесла не само што страда од силна конкуренција, туку е и под притисок од проблеми со репутацијата поврзани со јавните настапи и политичките позиции на Илон Маск. Компанијата се обидува да одговори со најавување на нов, попристапен модел во втората половина од годината, но кинеските брендови веќе заземаат рекорден пазарен удел од повеќе од пет проценти. Зајакнување на кинеските и европските брендови Додека Тесла бележи пад, ситуацијата е слична и за другите производители надвор од Европа. Стелантис, Хјундаи, Тојота и Сузуки, исто така, забележаа пад на продажбата во јули. Од друга страна, германските „Фолксваген“ и „БМВ“, како и францускиот „Рено“, забележаа раст на продажбата, што би можело да сигнализира враќање на силата кај европските производители. Комбинацијата од кинески притисок и закрепнувањето на европските брендови дополнително ја оптоварува позицијата на „Тесла“, која до неодамна доминираше на пазарот на електрични возила во Европа. Доколку трендот продолжи, „Бајд“ и другите кинески производители би можеле да станат клучни играчи на европскиот пазар, додека „Тесла“ ризикува да го изгуби приматот.Тагови: Илон Маск тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИбрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ. Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива. - Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ. Zlatan speaks on Cape Verde becoming the first debutant nation to advance to the Knockout Stage of the FIFA World Cup since 2010 🇨🇻@Ibra_official pic.twitter.com/Ay3zEdZCVq — FOX Sports (@FOXSports) June 27, 2026 Тагови: Златан Ибрахимовиќ Мундијалот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛефков: Филипче повторно ја избра Бугарија пред МакедонијаВенко Филипче повторно покажа дека кога треба да избере помеѓу македонската или антимакедонската политика, тој секогаш ја избира антимакедонската.Филипче не најде за потребно да упати ниту најмала критика кон официјална Софија, иако Бугарија направи дипломатски преседан со објавување документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство. За човек кој секојдневно зборува за европски вредности, денес нема ниту збор за прекршувањето на основните дипломатски правила. Кога треба да се критикуваат бугарските власти, Филипче исчезнува од јавноста. Тоа е истиот Филипче кој никогаш не реагира кога од страна на Бугарија се негираат македонскиот идентитет, јазик и историја. Истиот Филипче кој секогаш наоѓа оправдување за бугарските позиции, но никогаш аргумент во одбрана на македонските интереси. Со ваквото однесување Филипче испраќа порака дека е подготвен да премолчи се што доаѓа од Софија, па дури и да имплементира нивни срамни барања, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести58- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаКузеска: 2 години Влада на Мицкоски- уништување на македонското земјоделствоДве години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство.Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем - сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците. За две години ВМРО покажа тотална негрижа за земјоделците, за луѓето кои што се заслужни што имаме храна, за секторот кој може да даде сериозен инпут во извозот и во вкуната економија. Ветуваа сигурен откуп, загарантирани цени, повисоки субвенции, инвестиции, поддршка за младите земјоделци и заштита на домашното производство. Ги излажаа земјоделците, нитшо не исполнија. Откупот на земјоделски производи од малите земјоделци е намален за 46,2%. Ветија 180 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците. Не само што не се 180 милиони евра, туку и ги намалија за 40 милиони евра. За две години цената на млекото се намали за 10 денари а, субвенциите кај кравите се намалија од 12.000 денари на 8.000 денари Две години се крши Законот за вино и не се објавува производната цена на грозјето за двете сорти Вранец и Смедеревка. Две години за лозарите по килограм нема субвенции но затоа две години има за винариите и тоа по 10 денари за килограм грозје. Ветија поголеми субвенции за пченицата и јачменот но не само што не ги зголемија субвенциите туку дополнително ги условија земјоделците ако сакаат да добијат субвенции мора 30% од производството да биде предадено кај регистрирани откупувачи. Ветуваа поголема поддршка за малите земјоделци но им ги зголемија минималните прифатливи површини како услов за добивање на субвенции со што голем број на мали земјоделци нема да можат да добијат субвенции. Не им кажаа на земјоделците дека ќе ја укинат авансната исплата но го направија тоа и сега им должат неисплатени субвенции од 2025 година а законскиот рок за исплата на субвенции до 30 јуни 2026 истекува. Нема повисок и достоинствен доход за земјоделците - земјоделците, луѓето кои работат од утро до мрак на нива, во фарма, се понижени и осиромашени од оваа власт. Ветуваа инвестиции од стотици милиони евра во хидросистеми и модерни системи за наводнување „капка по капка“. Ништо нема - капиталните проекти во водостопанството се целосно стопирани. Нема зголемен сточен фонд. Сточарството во Македонија е пред тотално изумирање, фармите масовно се затвораат поради скапата сточна храна и ниската откупна цена на млекото. Нема неповратни финансиски средства за младите земјоделци. Нема нови откупни центри. Нема максимално искористување на европските фондови. Напротив, ВМРО не посрамоти пред Европската унија со скандалозниот криминал со ИПАРД 3, ни блокираа пари, заради тоа што оваа криминална власт посегна по европските пари. Е тоа е ВМРО! За две години, НУЛА исполнети ветувања во земјоделството, рече Богданка Кузеска од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter