Илјадници нови автомобили скапуваат во Канада (ВИДЕО) - Канал 5

Илјадници нови автомобили скапуваат во Канада (ВИДЕО)

Илјадници автомобили погодени од зимска бура веќе 6 години се паркирани на ливада околу Ванкувер. Тие не можат да се вратат на улица и никој нема поим што да прави со нив.

Илјадници нови автомобили скапуваат во Канада (ВИДЕО)

Во февруари 2015 година, бура од мраз го погоди брегот на Канада. Ледениот дожд и ветрот што дуваше и донесе солената вода од океанот на копното, го отежна животот на илјадници жители.

Исто така, оштети речиси три илјади нови модели на БМВ и Мини, складирани на пристаништето Халифакс по транспортот од Европа, пишува.

Зимата поминала, снегот и мразот се стопија, а автомобилите биле доставени до клиентите низ целата земја. Меѓутоа, во јули била наредена услужна акција, според која сите 2.966 автомобили постепено биле повлечени во сервис.

Производителот заклучил дека замрзнатата солена вода може да ги оштетила електричните конектори, а оштетувањето на електричните кабли се смета за особено опасно, што може да доведе до исклучување на моторот при возење, што може да предизвика несреќа.

Покрај тоа, солената вода може да ги оштети управувачките компоненти. Сепак, никој не се обврзал да ги поправи деловите оштетени за време на невремето.

На крајот, со одлука на БМВ Канада, автомобилите се повлечени од употреба. Компанијата била загрижена за можни дефекти во електричните системи и скратување на животниот век на производот, што може да има негативно влијание врз имиџот на брендот.

Сопствениците погодени од овој проблем ги вратија своите автомобили, добија замена и чекаа нови копии според нарачаните спецификации.

Трите илјади спорни автомобили се паркирани на ливада во близина на Ванкувер. И се чини дека и денес се таму.

YouTube video

Имено, на интернет се појави видео на кое се гледаат дел од автомобилите паркирани на земјиштето што припаѓа на аукциската куќа Адеса. Поради фактот што автомобилите се сметаа за опасни, тие не можеа да се вратат на улица.

И се чини дека демонтирањето на 3.000 возила нема никаква економска оправданост, така што никој нема идеја што да прави со овој куп автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува

Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници работни места, инвестицискиот циклус продолжува

Со нови проекти, нови производствени капацитети и нови работни места продолжува инвестицискиот циклус во Македонија, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува активно да работи на создавање услови за инвестиции кои носат производство, современи технологии, извоз и долгорочен економски раст.

Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската индустрија. Компанијата планира вложување од околу 21 милион евра во периодот до 2030 година, со потенцијал за отворање од 400 до 500 нови работни места и годишен извоз од околу 45 милиони евра.

Во ТИРЗ Скопје 1 веќе започна изградбата на фабриката на „Чагатај Кабло“, која е инвестиција вредна околу 6 милиони евра и производствениот капацитет од 10.000 квадратни метри треба да овозможи до 200 нови вработувања.

Кичево, исто така, станува центар за нови и технолошки напредни инвестиции, така што тука започна изградбата на фабриката на белгиската „Avesta Battery and Energy Engineering“, наменета за производство на електронски батерии за автомобили.

Инвестицискиот интерес се проширува и во други високотехнолошки сектори, така што во земјава се реализираат и проекти на „Епсотех“ за развојно-истражувачки центар и на американскиот „Вебтек“ за производство на сопирачки за шински возила.

Особено важно е што интересот за инвестирање веќе не е ограничен само на автомобилската индустрија. Турска и германска компанија од секторот на високите технологии потврдија инвестиции од вкупно околу 80 милиони евра, со потенцијал за околу 1.000 нови работни места и заеднички извоз од над 200 милиони евра.

Дополнително, завршени се преговорите со три странски компании кои планираат да отворат фабрики во Македонија во автомобилската, високотехнолошката и фармацевтската индустрија, а паралелно разговара и со уште околу десет компании од различни сектори.

Нов инвестициски импулс се очекува и во телекомуникациите. „4iG“, која ја доби дозволата за трет мобилен оператор планира да вложи повеќе од 100 милиони евра во развојот на новиот оператор, со што ќе се зголеми конкуренцијата, и за граѓаните ќе се овозможат нови услуги и повеќе можности.

Сите овие проекти се потврда дека Македонија станува сè поатрактивна за инвеститорите и дека економијата се движи кон поголема диверзификација, современо производство и сектори со висока додадена вредност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи со домашните и странските компании и да создава услови Македонија да биде конкурентна и посакувана дестинација за нови инвестиции.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Мислевме дека по враќањето од Брисел, Христијан Мицкоски научил нешто повеќе од францускиот предлог.

СДСМ: И по „научно-образовната“ екскурзија - ВМРО ги нарекува граѓаните на Македонија „талог“

Мислевме дека на таа „научно-образовна“ екскурзија разбрал дека методите на Ванчо Михајлов не се за во 21от век.

Мислевме дека разбрал дека пропагандата што ја спроведува Латас по модел на Гебелс не е за граѓани на европска земја - особено не за народ со антифашистичка историја.

Но, не.

Преку своите портпароли, Мицкоски повторно ја продолжува кампањата „талог“.

Илинден годинава наместо ден на единство и прослава на државноста, ќе остане запаметен како почеток на кампањата „талог“ и продолжување на поделбата на народот.

Претседателот на „промакедонската“ партија - која не може да биде македонска кога половина од функционерите имаат бугарски пасоши - одлучи наместо поделба на „предавници“ и „патриоти“ (моделот на Ванчо), сега да дели на:

• подобни - оние што молчат, ги поднесуваат сите економски и здравствени неуспеси на владата и не креваат глас,

• и неподобни - сите што се противат на организираната криминална група што ја предводи Мицкоски, а се вика ВМРО.

Сите што сакаат успешна, богата, здрава и европска Македонија - за него се „талог на општеството“.

Прво ги примени техниките на Ванчо Михајлов против политичките противници.

Потоа ги примени и внатре во партијата, ги отстрани сите потпретседатели и од општинските комитети направи лични фан-клубови.

Сега останаа само „подобните“ гласачи што треба да му ја осигуруваат власта и „неподобните“ што не сакаат изолирана, корумпирана и сиромашна држава.

За Мицкоски - тие се „талог“.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини што набрал цвеќе во заштитено подрачје на планината Лиса Хора, во источниот дел на земјата, наведувајќи дека ќе плати парична казна доколку се утврди дека ги прекршил прописите. 

Чешкиот премиер се извини за берењето цвеќе на планина

Во видеото објавено на Фејсбук, Бабиш објасни дека го набрал цвеќето во спомен на починат колега од неговото политичко движење АНО, со кого претходно се искачувал на планината.

„Можеби сум прекршил закон, за што се извинувам, и секако ќе платам казна доколку е потребно“, рече тој. Видеото од саботното искачување, објавено на Фејсбук-страницата на Бабиш, го прикажува чешкиот премиер како се искачува со мал букет цвеќе, кој подоцна го положил на споменик на планинскиот врв.

На врвот висок 1.324 метри – највисоката точка на Моравско-шлеските Бескиди – на Бабиш му се придружија двајца министри кои се членови на движењето АНО, како и бројни поддржувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер