Двете марки припаѓаат на германскиот автомобилски гигант Фолксваген (VW) и вклучуваат делови направени од неговите добавувачи во Кина, вклучувајќи ја и провинцијата Ксинџијанг, честа тема во западната јавност поради сомневањата за кршење на правата на малцинството Ујгури.
„Се обидуваме да го решиме проблемот со доцнењето на испораката на одредени модели на возила од групацијата Фолксваген од американските пристаништа до дилерите, што е поврзано со царинската процедура“, изјави за агенцијата DPA портпаролот на VW.
„Испораките на возилата продолжуваат, но, за жал, можни се доцнења“, додаде портпаролот. „Причината е мала електронска компонента во контролната единица, која ќе биде заменета штом ќе бидат достапни потребните делови“, објасни тој.
Според германскиот деловен весник Handelsblatt, „проблематичната“ компонента е поставена на 13.000 нови автомобили од подружниците на VW Audi и Porsche и британската луксузна марка на VW, Бентли.
Според Фајненшл тајмс, компонентата се произведува во западна Кина и не може да се користи во САД поради прописите против принудната работа.
Фолксваген, наводно, не знаел каде е произведен бидејќи добавувачот го вградил во поголема компонента. Информациите ги добил од добавувачот и им ги предал на американските власти.
„Ги разјаснуваме фактите и преземаме соодветни мерки, вклучително и потенцијално прекинување на соработката со добавувачот доколку истрагата потврди сериозно кршење на човековите права на малцинството“, додаде тој.