Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
БалканИлјадници на протести во Црна Гора: Не го даваме Уставот (ВИДЕО)Илјадници демонстранти се собраа пред црногорскиот парламент барајќи повлекување на, како што тврдат, неуставниот закон за претседател на Црна Гора и распишување вонредни парламентарни избори.Насобраните, според проценките на организаторите, околу 15 илјади, носеа транспаренти со натписи „Стоп за ширење омраза“, „Тука сме, Уставот нема да го дадеме, сакаме избори“, „Тука сме за Црна Гора! ЕУ!“, „Немаме веќе избор - Одиме на избори!“ Демонстрантите извикуваа навредливи слогани кои се однесуваат на црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ. На собирот се обратија и претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ и нејзините коалициски партнери, кои претходно повикаа на собир. „Мораме да го вратиме редот и институционалната сила, да се вратиме на европскиот пат. Ова е борба за правото на пристоен живот. Одиме на избори, граѓаните да ја дадат својата пресуда, за по изборите, ние ќе ја вратиме Црна Гора на европскиот пат. Само што почнавме и нема да застанеме додека не се постигне секоја цел“, изјави Данијел Живковиќ, претставник на ДПС. Протестот претходно го поддржа црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, наведувајќи на Твитер дека негова „цел е да го врати кредибилитетот и легитимитетот на институциите и да ја заштити Црна Гора“. Измените на законот за претседател на Црна Гора беа иницирани од просрпскиот Демократски фронт, а беа поддржани од претставниците на демократите на поранешниот претседател на Собранието, Алекса Бечиќ и граѓански ориентираната коалиција на Абазовиќ „Црно на бело“, обидувајќи се на тој начин да го натера Ѓукановиќ да му го довери мандатот за формирање нова влада на поранешниот дипломат од времето на Слободан Милошевиќ, Миодраг Лекиќ. Ѓукановиќ претходно одби да го стори тоа, наведувајќи дека Лекиќ не бил поддржан од мнозинството пратеници во парламентот, бидејќи 37 пратеници поднеле потписи за кандидатурата на Лекиќ, додека четворица од коалицијата „Црно на бело“ на премиерот Абазовиќ дале само вербална поддршка. Претседателот на Црна Гора вчера одби да ги потпише спорните измени на законот и ги врати во парламентот на повторно одлучување, но доколку пратениците повторно ги усвојат, Ѓукановиќ ќе мора да ги потпише. Правниот вакуум настана и поради нефункционирањето на црногорскиот Уставен суд, кој во моментов има само тројца од седум судии и не може да носи одлуки за уставноста на правните акти. Останатите четворица се пензионираа по сила на закон, а пратениците во парламентот не успеаја да се договорат и да обезбедат двотретинско мнозинство за избор на нови. Во меѓувреме, претседателката на црногорското Собрание Данијела Ѓуровиќ вчера ги повика претседателите на сите парламентарни партии да започнат дијалог за да се обидат да ја разрешат актуелната политичка криза. Ѓуровиќ средбата на партиските лидери ја закажа за в среда, потсетувајќи дека Уставниот суд не функционира и дека е неопходно преку политички дијалог да се најде решение за актуелната комплицирана политичко-општествена ситуација. Европската унија е длабоко загрижена од гласањето на измените на законот за претседател, со кои всушност се менуваат прерогативите на претседателот на државата со донесување на законот по итна постапка, објави денеска канцеларијата на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Како што нагласуваат во соопштението, сите законски акти треба да бидат во согласност со Уставот, а сите политички чинители да се воздржат од секакви дејствија кои би можеле дополнително да ја продлабочат институционалната криза и да ги поткопаат демократските институции во државата. „Со цел да се стави крај на сегашниот ќорсокак, ЕУ ги повикува сите актери да дадат приоритет на градењето консензус и итно назначување членови на Уставниот суд на следното парламентарно гласање на 22 ноември“, се вели во соопштението, нагласувајќи дека целосната функционалност на Уставниот суд е клучен за обезбедување на легитимноста на демократските избори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24