Илјадници луѓе го испратија Боби Чарлтон - Канал 5

Илјадници луѓе го испратија Боби Чарлтон

 Неколку илјади луѓе се собраа денеска на улиците на Манчестер за да му оддадат последна почит на еден од најдобрите фудбалери во историјата на англиската репрезентација и на Манчестер јунајтед, сер Боби Чарлтон (87), кој почина на 21 октомври.

Илјадници луѓе го испратија Боби Чарлтон

Чарлтон за Јунјатед одигра 758 натпревари на кои постигна 249 голови, освојувајќи го Купот на европските шампиони во 1968 година, како и три англиски титули. Во дресот на Гордиот Албион одигра 103 натпревари и постигна 49 голови, освојувајќи ја светската титула во 1968.

На комеморацијата, која ја предводеа принцот Вилијам и легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, присуствуваа 1.000 поканети, а последното испраќање на Чарлтон ќе биде во потесниот круг на семејството.

Погребната поворка мина покрај стадионот „Олд Трафорд“ и споменикот на „Големата тројка“ посветен на Чарлтон, Денис Лоу и Џорџ Бест.

Покрај фудбалот, животот на Боби Чарлтон го одбележа и авионската несреќа од февруари 1958 година, кога експедицијата на Манчестер јунаатед се враќање од натпреварот против Црвена ѕвезда во Белград во Купот на европските шампиони.

Од 44-та патници во авионската несреќа на самото место загинаа 21 лице, а двајца починаа подоцна во болница. Загинаа осум фудбалери на Јунјатед, двајца тренери и клупскиот секретар, осум новинари, двајца симпатизери на клубот и двајца членово на екипажот. Чарлтон беше меѓу оние кои ја преживеаја несреќата.

Спортската кариера ја заврши во 1978 година, обидувајќи се неколку пати во тренерската работа, а за цело време беше член на раководството на Јунјатед. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пентагон го испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток

Пристигнуваат 10.000 американски војници на Блискиот Исток.

Пентагон го испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави дека Пентагон испраќа трет американски носач на авиони на Блискиот Исток и дека американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува следните чекори кон Иран, вклучително и можноста за продолжување на кампањата на бомбардирање по изборите.

Ударната група предводена од носачот на авиони „Теодор Рузвелт“ во неделата замина од Сан Дијего, носејќи меѓу 9.000 и 10.000 војници, а се очекува да пристигне во регионот во ноември.

Не е јасно дали распоредувањето на „Теодор Рузвелт“ ќе послужи за замена на друг носач на авиони во регионот или за зголемување на бројноста на американските сили.

Во регионот веќе се наоѓаат носачите на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ и „Џорџ Вашингтон“, кој во август го замени носачот „Абрахам Линколн“ по неговиот долг престој во регионот.

„Џорџ Вашингтон“ вообичаено е распореден во Тихиот Океан и е стациониран во Јапонија.

Како што е наведено, Пентагон изготви планови „Теодор Рузвелт“ да биде подготвен за долг престој, што вклучува зголемување на залихите на храна, средства за хигиена и други неопходни материјали, како и подобрување на комуникацијата на морнарите со нивните семејства и на условите за живот на носачот.

Минатата недела, Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневно примирје, оценувајќи го како неприфатлив. Иран најави дека во тој период ќе го отвори теснецот Хормуз, додека високи претставници на американската администрација тврдат дека САД веќе испорачуваат нафта преку тој стратешки премин. Трамп исто така навести можност за продолжување на бомбардирањето на Иран по изборите на средината на мандатот. „Бидејќи со уништувањето на Иран, создадовме мир во светот“, изјави тој вчера за списанието „Тајм“, додавајќи дека „никогаш не може да има мир“ со Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Карпош: Доделени спортски стипендии за 2026 година

По завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година. 

О.Карпош: Доделени спортски стипендии за 2026 година

Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Спортските стипендии од Втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Списокот на добитници на спортските стипендии за 2026 година можете да го погледнете на следниот линк: https://shorturl.at/usWM6.

Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан

Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026.

Изложба и доделување на наградата ДЕНЕС 2026 во Сули ан

Во рамки на фестивалот АКТО, денеска, 2 октомври, во Сули-ан (галерија Драгутин Аврамовски – Гуте на Факултетот за ликовни уметности во Скопје), се доделува XX Награда ДЕНЕС 2026, најзначајната и најстара независна награда во земјава за млад/а визуелен/а уметник/чка до 35 години.

Изложбата на финалистите: Јован Јосифовски, Сергеј Каленикoв и Ана Трајковска и свеченото доделување започнуваат во 20 часот, по што следи DJ сет на Мартина Пенева.

Наградата ДЕНЕС, во нов колаборативен формат, годинава носи двомесечен престој во Residency Unlimited (Њујорк) за добитникот/чката, и по едномесечен престој во Галерија „Простор" (Хартефакт, Сплит) и самостојни изложби во Скопје и Сплит (2027) за другите двајца финалисти.

Жирито го сочинуваат Натали Онгле (Residency Unlimited, Њујорк), Јелена Мијиќ (мултимедијална уметничка, Белград, добитничка на наградата „Димитрије Башичевиќ Мангелос") и Илија Прокопиев (визуелен уметник, добитник на ДЕНЕС 2011, уметнички директор на галеријата Шкуц, Љубљана). Во првиот круг на жирирање членка беше и Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека и членка на комитетот за уметност и култура на градоначалникот на Њујорк.

Наградата ДЕНЕС е основана во 2002 од Центарот за современи уметности - Скопје, а од 2015 година ја организира Фaкултет за работи што не се учат во рамки на АКТО, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited и Trust for Mutual Understanding (Њујорк).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер