Илчо: Многу е чудно што од Австрија имав едно 4 – 5 понуди, а од Македонија ниту една - Канал 5

Илчо: Многу е чудно што од Австрија имав едно 4 – 5 понуди, а од Македонија ниту една

​Илчо Наумоски еден од најдобрите стрелци во македонската репрезентација. 

Илчо: Многу е чудно што од Австрија имав едно 4 – 5 понуди, а од Македонија ниту една

Илчо е фудбалер со интернационална кариера. Започнува во австрискиот клуб Грацер, играл за турскиот Малтијаспор, за италијанскиот калчолигаш Катанија како и за австрискиот Матерзбург, каде што за многу кратко време станал клучен играч на клубот. На почетокот на 2014, во зимскиот преоден рок, Наумоски потпишува за Вардар - Скопје, како слободен играч.

Во нашата емисија „G Carpet” дознаваме многу за него, неговата кариера и приватниот живот.

На прашањето „ Дали си единствениот спортист кој што се има откажано од странско државjанство за да му остане само македонското? “, Илчо одговори „Немам слушнато дека некој друг го направил тоа освен мене”. И покрај тоа што го има прошетано целиот свет душата и срцето на Илчо и припаѓа на Македонија.

„Во Македонија некако како да си подзаборавен, пред некој ден една австриска телевизија ти направи специјално интервју, специјална емисија за тебе и те покани да бидеш коментатор на европското првенство”. На ова Илчо рече дека уште во февруари потпишал договор со еден од најголемите портали во Австрија да ги коментира сите утакмици, на што додаде „Многу е чудно што од Австрија имав едно 4 – 5 понуди а од Македонија ниту една”.

Ние сме немале многу напаѓачи како Илчо а сепак Македонија и ФФМ го заборавија. Во последно време сите слушаме за Елмас, Барди, Алиоски и Пандев, а одговорот на Илчо на прашањето - „Кои би биле овие четворица во негово времето” e следниов „Пандев секако. Тој беше и во моето време. Со Горан имаме многу добри односи, тој е можеби, најдобриот фудбалер кој што сме го имале во историјата на македонскиот фудбал. Се радувам што имав прилика да играм заедно со него. Му посакувам да игра барем уште 2 – 3 години, бидејќи без него, искрено не ми се гледа репрезентацијава. Следен е Николче Новески кој играше 15 години за „Мајнц”. Игор Митрески беше фантастичен играч во „Спартак”. Александар Васовски кој воедно ми беше и првиот цимер. За Горан Попов нема што воопшто да зборуваме”

„Голман во мое време беше покојниот Петар Миклошевски, напаѓачи бевме Мазнов, мојот најдобар другар, јас и Пандев. Како и Аце Стојков еден од нашите најдобри фудбалери”

За Величе Шумуликоски, Илчо рече „ Тој играше во средина, одличен беше. Сите во Скопје имаа поделени мислења за него , има и многу анегдоти за него и многу интересни случувања. Тој беше едниствен, освен него немам слушнато некој друг да се вика Величе.”

„ Дали ти е жал што не си дел од оваа репрезентација, особено заради тоа што прв пат Македонија влегува на Европско првенство”

„Не може да ми биде жал, Македонија е на европско првенство, јас за тоа се радувам од срце. Сакам сите да дознаат за нас и да бидеме на сите европски и светски првенства. Во наше време, искрено, многу тешко се влегуваше на некое од првенствата. Во нашата група тогаш беше Англија, Холандија, Хрватска, Русија и т.н.”

„Со фудбал прекинав многу рано, за жал ја имав најтешката повреда и морав да ја прекинам кариерата на 29 години”

„Во какви односи си со ФФМ”?

„Со ФФМ немам никакви односи, дури и кога се повредив никој од федерацијата не ме праша како сум. Тоа е, македонска работа. Ама јас секако им посакувам многу успех и им се радувам на сите постигнувања. Во сегашната репрезентација имаме фантастични играчи. ”

Наумоски во последните години е тренер на многу младински клубови и реди големи успеси со нив. Се присетува на своето искуство со селекторот Катанец, во соблекувална до последно не се знаело кој ќе игра на тековната утакмица. Се’ уште го прати тоа чувство на неизвеснот и адреналин. Идеалната формација, според Илчо, за тековното европско првенство, за нашата репрезентација би била 3:4:3. Тој смета дека е голема грешка што во оваа репрезентација не е Адис Јаховиќ. Според Илчо, Јаховиќ треба веднаш да се врати.

За својот однос со Гоце Седлоски вели „Седлоски како човек беше едно македонско шпиунче и не вреди да го споменувам, но, како фудбалер капа доле, беше еден од најдобрите наши фудбалери.”

Наумоски важи за еден од најбогатите фудбалери кај нас, кој многу заработува но и многу троши. Сака да ужива во животот и троши пари на жени, на коцка како и на шетање. За ова Илчо вели дека се шпекулации и типично македонска работа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.

Фицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат

„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3.

Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен.

Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето.

Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер