Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
1Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело?
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
МакедонијаИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починатиИзвештај на ИЈЗ за период 21-27.09.2020.Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 21 до 27 септември 2020г., тестирани се вкупно 9.691 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, што е 0,3% повеќе во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 890 нови позитивни случаи од 31 град во државата што претставува намалување од 6,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=315; 35,4%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани – 175,1 на 100.000 жители. Процентот на позитивни случаи од тестирани во овој период изнесува 9.2% или 0.6 % помалку во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=184, 20,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 години (n=172; 19,3%), 50-59 (n=161; 18,1%), 30-39 (n=152; 17,1%) и 20-29 (n=121; 13,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=28; 3,1%) и 10-19 години (n=72; 8,1%). Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=864; 97,1%), регистрирани се 138 (16,0%) хоспитализирани, а кај 231 (26,8%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи во периодот 21-27 септември, 332 (38,5%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 27 лица со историја на патување (во последни 14 дена). По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 705 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што претставува зголемување за 11% во однос на претходната недела. Пријавени се 28 смртни случаи, намалување од 41,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 23 лица биле над 60 години, 4 на возраст од 50-59 и еден од 40-49 години. Сите починати биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 25 починати лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? По три недели борба за живот, почина 13-годишното дете кое на 31 август беше избодено со нож во Чаир. Информацијата за Канал 5 ја потврдија од скопските клиники, каде што детето се лекуваше каде беше примено со тешка убодна повреда во пределот на срцето и веднаш беше оперирано. Инцидентот се случи на 31 август при физичка пресметка во Чаир помеѓу две групи. Од една страна двајца браќа на возраст од 13 и 19 години, и 13,16 и 19 годишник од друга страна. Полицијата првично извести дека едниот 13 годишник со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. Скопското обвинителство веќе отвори истрага за случајот. За 13 годишникот соопшти дека е под законската граница за кривична одговорност, додека неговиот 19 годишен брат веќе е во притвор. Осомничен е за кривично дело насилство. -Осомничениот и неговиот малолетен брат кој е под законската граница за кривична одговорност преземале дејствија на насилство со кои на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност, наведоа тогаш од Обвинителството. Но со оглед на тоа што сега во случајот има смртен исход, како што брифираат од обвинителството ќе следи и преквалификација на кривичното дело откако ќе добијат известување. Иако во полицискиот билтен беше наведено дека 13 годишникот е тој што ги нанел убодните рани, според неофицијални информации обвинителството се сомнева дека тој признал бидејќи нема кривично да одговара, а всушност неговиот полнолетен брат бил оној кој ги задал убодите. Засега од обвинителството единствено потврдуваат дека и понатаму се собираат докази за случајот а истрагата треба да утврди кој го нанел убодот од кој настапила смртта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЖивотЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младитеЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа. Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ и иницијативите за млади. Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+). До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“. Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.Тагови: воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-токПолицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“.. Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото.. Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter