Ијан Меккелен паднал од театарска сцена и се повредил - Канал 5

Ијан Меккелен паднал од театарска сцена и се повредил

Сер Ијан Меккелен, последниве десетлетија познат по улогите во „Господарот на прстените“ и „Икс-мен“, паднал од сцена за време на театарска претстава во Лондон.

Ијан Меккелен паднал од театарска сцена и се повредил

Британскиот глумец наводно се сопнал од реквизитите и потоа почнал да вика од болка, пишува „Дејли мејл“.

„Помогнете ми, моите раце...“ - повторувал Меккелен (85) во театарот „Ноел Кауард“, каде што глумел во „Кралски игри“ (Player Kings). Лекарите од публиката му пришле на помош, а набрзо пристигнала и брзата помош којашто го пренела глумецот в болница. Публиката беше изведена надвор од театарот со известување дека претставата е откажана. Од театарот потоа соопштија дека Меккелен се чувствува добро и се очекува брзо закрепнување, но додадоа дека, „за да му се даде време за одмор“, следната претстава што требаше да се одржи - е откажана.

- Сите беа преплашени кога тоа се случи, поради неговата возраст се плашевме дека тоа може да биде смртоносно за него, изјави еден посетител.

Инаку, претставата „Кралски игри“, со приказна сместена во Англија во раниот 15. век, игра во истиот театар до јули, а потоа треба да гостува низ театрите ширум Велика Британија. /МИА

Љоренте со критики за условите на Светското клупско првенство 2025 година во САД

 Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте го сподели своето мислење за условите во Америка каде се одржува Светското клупско првенство 2025.

Љоренте со критики за условите на Светското клупско првенство 2025 година во САД

-Невозможно е да се игра вака, во овој момент, на оваа топлина. Ужасно е топло. Ноктите на нозете ме болат. Не можев да трчам правилно... Беше неверојатно, изјави Љоренте за „Marca“.

Атлетико загуби со 0:4 од ПСЖ во првиот натпревар од групната фаза на Светското клупско првенство.

Следниот натпревар шпанскиот тим ќе го има на 20 јуни со Сиетл.

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Народната банка (НБ) е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата, беше посочено на работната средба на гувернерот Трајко Славески со директорот на Светската банка во зермјава, Масимилијано Паолучи.

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Како што информираат од НБ, двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување на партнерството, особено во контекст на структурните реформи, дигитализацијата и унапредувањето на сеопфатноста и отпорноста на економијата.

Гувернерот Славески посочи дека Народната банка и во иднина ќе биде отворена за соработка во областа на техничката помош и анализа, особено преку проекти коишто ќе придонесат за натамошно зајакнување на институционалниот капацитет, како и за поддршка на политиките за финансиска вклученост и одржлив развој.

Директорот Паолучи истакна дека Светската банка е свесна за значајната улога на Народната банка во одржувањето на стабилноста и на довербата во економијата и изрази подготвеност за понатамошна поддршка на процесите важни за економскиот напредок на земјата.

Берлин го разбира предвременото заминување на Трамп од самитот на Г7

 Германската влада изрази разбирање за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го прескокне вториот ден од состаноците на самитот на Г7 во Канада, поради ескалацијата на кризата на Блискиот Исток.

Берлин го разбира предвременото заминување на Трамп од самитот на Г7

Портпаролот на владата, Стефан Корнелиус, изјави дека по интензивните и продуктивни дискусии за прашања поврзани со глобалната економија, трговијата и безбедноста на суровините, Германија го почитува изборот на американскиот претседател да го напушти самитот пред предвиденото.

Тој додаде дека лидерите размениле детални мислења за ситуацијата на Блискиот Исток и го делат очекувањето дека конфликтот мора брзо да се реши преку политички средства.

Корнелиус нагласи дека на Иран никогаш не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје и рече дека решавањето на кризата треба да доведе до широка деескалација на непријателствата во регионот.

Тој, исто така, истакна дека самитот денеска ќе продолжи да се фокусира силно на војната во Украина.

Во меѓу време, Трамп увери дека не го напуштил самитот на Г7 во Канада пред неговиот крај поради конфликтот меѓу Израел и Иран и остро го критикуваше својот француски колега Емануел Макрон за тоа што ги претставува работите на тој начин.

Претходно, Белата куќа соопшти дека американскиот претседател ќе го напушти самитот на Г7 предвреме поради конфликтот меѓу Израел и Иран.

притисни ентер