Играл со Рамос и Алвес , а сега е без нога и едвај преживува (ВИДЕО)

Дарио Силва е поранешен фудбалер на неколку шпански клубови, кој по завршувањето на фудбалската кариера имал многу проблеми и заработува за живот како келнер.

Тој беше играч на репрезентацијата на Уругвај, играше на позицијата напаѓач и имаше одлична кариера играјќи за Каљари, Еспањол, Малага и Севилја, а исто така играше и во Портсмаут. Како играч на Портсмаут, тој се збогува од фудбалот.

"Се откажав од фудбалот заради татко ми. Ми рече дека не знае дали ќе преживее повеќе од два или три месеци поради болест", изјави Силва за шпанските медиуми кои го посетиле во Малага, додавајќи:

„Луѓето што ги ангажирав да ја продолжам кариерата ми ги украдоа парите. Тие располагаа со работите како што ќе посакаа и на крајот ме ограбија“, рече Уругваецот.

Животот навистина не го поштедил. Поради повредите од сообраќајна несреќа во Уругвај, останал без дел од ногата. Така, еден фудбалер, кој во својата кариера ја делеше соблекувалната со Дани Алвеш и Серхио Рамос во Севилја и постигна повеќе од 100 гола, падна на просјачки стап, а сега работи како келнер за да преживее.

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер