Ибрахимовиќ за најтешките моменти во животот: Бев таму, кога умираше брат ми Шапко

Златан Ибрахимовиќ во интервју за Corriere dello Serra ги откри најтешките моменти од својот живот. Неговиот брат Шапко почина пред седум години.

„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести за тоа како починал некој што го познавал. Тој им помагал на бегалците и секогаш се обидувал да ме заштити од сето тоа. Кога неговата сестра почина во Шведска, јас не бев таму. Но кога брат ми Шапко умре од леукемија, отидов, брат ми ме очекуваше, умре пред мене. Го закопавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти солза.Следниот ден отиде на гробиштата и плачеше од утро до вечер. Сам.“

"Не верувам во Бог. Само во себе. Така научив да ја претворам омразата во оружје".

Потоа се опишал себеси како момче.

"Како дете бев тежок и проблематичен. Штом се родив, бабицата ме испушти од метар висина. Целиот живот ми беше тежок. На училиште бев поинаков. Другите беа сини, со светли очи и нормален нос .Бев темен,со голем нос.Зборував поинаку од нив,поинаку се движев.Родителите на моите школски другари потпишаа петиција да ме избркаат од часови.Секогаш ме мразеа.И на почетокот лошо реагирав.Ќе се изолирав. Подоцна научив да страдам и да ја претворам омразата во сила“.

Вака и се претстави на италијанската јавност:

„Јас сум Швеѓанец, но и мешана раса. Мајка ми е хрватски католик, татко ми од БиХ и муслиман, и иако поголемиот дел од кариерата ја поминав во Италија, најраните сеќавања ми се од Југославија. Ме носеа таму со автомобил и со воз, тоа беше комунизам. Друг свет“.

Тој тогаш на Италијанците им го раскажал инцидентот со Ромелу Лукаку кога за малку ќе се степале на натпреварот меѓу Интер и Милан.

"Тој се скара прво со Ромањоли, а потоа и со Салемејкер. Јас реагирав за да го заштитам мојот соиграч, а потоа почна да ме навредува на лично ниво. Шокантно, а бевме соиграчи во Јунајтед. Лукаку има големо его, тој е убеден дека е светска класа и навистина е силен.Но, јас пораснав во гето и кога некој ќе ми пријде со крената глава, го ставам на негово место. Затоа му ги спомнав ритуалите на мајка му и тој изгуби контрола. После тоа прашав блиски пријатели да се молат за мене. Морам да се пресметам со него. Се надевам дека ќе се сретнеме наскоро. Овие работи се решаваат на терен. Не мразам никого, дури ни Лукаку“.

Слика на Ботичели е продадена за 45 милиони долари

Ретка слика на Ботичели е продадена на аукција во Њујорк за 45 милиони долари.

Делото „Христос - Човек од болка“ е продадено за 39,3 милиони долари плус трошоци и провизии, за вкупно 45,41 милиони долари.

Се продавала по цена што ја надминала проценката на Сотби (40 милиони долари), но беше половина од рекордната цена постигната минатата година со сликата на тој италијански ренесансен мајстор „Младиот човек со медалјон“ (92,2 милиони долари).

Според експертите, сликата датира од почетокот на 16 век, од доцната фаза на делото на Сандро Ботичели (1445-1510) позната по неговите дела изложени во галеријата Уфици („Пролет“, „Раѓање на Венера“) , чии фрески ја красат и Сикстинската капела во Ватикан.

Аукциските куќи го искористија динамичниот пазар на уметност во 2021 година по падот на понудата во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Во 2021 година, Sotheby's имале најголем промет од своето постоење, 7,3 милијарди долари.

Денешната аукција, посветена на старите мајстори, се одржа во текот на утрото во Њујорк и на интернет за да им се овозможи на европските и азиските купувачи да учествуваат на неа.

Бајден: Во Врховниот суд за прв пат ќе членува Афроамериканка

Американскиот претседател Џо Бајден планира да најде замена за судијата на Врховниот суд Стивен Брејер до крајот на февруари и сака тоа за прв пат да биде Афроамериканка.

Судијата Стивен Брејер официјално му го објави своето пензионирање на Бајден во писмо објавено денеска. 83-годишниот судија планира да се повлече од функцијата кон средината на годината, доколку дотогаш Сенатот го потврди неговиот наследник.

„Не сум донел одлуки освен едно - личноста што ќе ја изберам ќе биде некој со исклучителни квалификации, карактер, искуство и интегритет, а таа личност ќе биде првата афроамериканска жена некогаш номинирана за Врховниот суд. Тоа требаше да се случи одамна “, рече Бајден, кој ги остварува ветувањата од кампањата за претседателските избори.

Заминувањето на Брејер по 27 години работа му дава прва шанса на Бајден да назначи некого во Врховниот суд, но тоа назначување нема да ја промени идеолошката рамнотежа на телото. Во моментов во судот има шест конзервативни судии, именувани за време на мандатот на републиканските претседатели, и тројца либерални.

Конзервативното мнозинство покажа голема подготвеност да ги измени законите за чувствителни прашања како што се абортусот и поседувањето огнено оружје. Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, назначи тројца судии за време на неговиот четиригодишен мандат.

Обраќајќи се пред Белата куќа, Брејер зборувал за важноста разновидна нација како што е Соединетите држави да ги решава длабоките поделби со строго придржување кон законите.

Брејер беше назначен од Бил Клинтон и тој е заслужен за важни пресуди како што се правото на абортус и пристап до здравствена заштита, правата на ЛГБТ заедницата, а исто така ја доведе во прашање оправданоста на смртната казна.

Демократите во моментов имаат многу мало мнозинство во Сенатот, па затоа сакаат брз процес на назначување во тоа тело, секако пред среднорочните избори на 8 ноември, на кои републиканците се надеваат дека ќе го вратат мнозинството.

Демократите и либералните активисти затоа ја поздравија одлуката на Брејер да се пензионира во време кога мнозинството во Сенатот сè уште е на страната на демократите, давајќи му можност на Бајден да назначи помлад судија кој може да служи со децении. Според Уставот на САД, девет членови на Врховниот суд се назначени од претседателот доживотно и се потврдени од Горниот дом на Конгресот, Сенатот.

Пристигнува Alfa Romeo Tonale, се појави и промотивна снимка (ВИДЕО)

По неколку одложувања, Alfa Romeo конечно го објави датумот на премиерата на новиот кросовер.

Тоа е Tonale, а премиерата е закажана за 8 февруари. Во пресрет на тој голем ден за брендот, но и за целата италијанска автомобилска индустрија, Alfa Romeo објави најавно видео.

Кратко е и не открива многу, но дава увид за предниот дел на возилото, како и поглед на таблата со инструменти во кабината. Ако го следиме концептот од 2019 година, не би требало да има изненадувања во поглед на дизајнот, а токму тоа го потврдува и видеото. Позициониран под моделот Stelvio, новиот Tonale ќе се нуди во многу убедлива палета на мотори.

Според досегашните информации, треба да се понуди plug-in хибрид со 1.3, турбо бензинец со 240 КС, како и две верзии на послабиот четирицилиндричен мотор , со почетна моќност од 130 и благиот хибрид со 160 КС. Исто така, се уште не е исклучен дизел со 130 КС.

притисни ентер