ФудбалИбрахимовиќ наскоро го слави 44. роденден, „пензионерот“ секојдневно ја одржува врвната форма (ВИДЕО) Златан Ибрахимовиќ се пензионираше по сезоната 2022/23, по брилијантната кариера во која освои 34 трофеи и постигна повеќе од 550 голови.Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, познат и по своите голови и по самодовербата и хуморот, тој сè уште изгледа силен и во форма и две години по пензионирањето. Причината за ова е веројатно напорната работа во теретана, од која објави видео на својот Инстаграм со опис „сили на природата“. Ибрахимовиќ, кој ќе го прослави својот 44-ти роденден за пет дена, сè уште е мускулест и моќен, што го докажа со тренинг со тегови. View this post on Instagram A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) Трофејна кариера Ибрахимовиќ одигра најмногу натпревари (180), постигна најмногу голови (156) и забележа најмногу асистенции (62) додека играше за Пари Сен Жермен. Тој исто така освои најмногу трофеи (12) со францускиот клуб. Исто така освои титули со Ајакс, Интер, Барселона, Милан и Манчестер Јунајтед, а играше и за Малме, Јувентус и ЛА Галакси. Тој е најдобриот стрелец во историјата на шведската репрезентација (62 гола), за која одигра 122 натпревари.Тагови: Златан Ибрахимовиќ форма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека веќе нема напади врз енергетски цели, Русите погодија бензинска во КиевРуски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко .Руски дрон погоди бензинска пумпа во украинскиот главен град Киев рано утринава, изјави градоначалникот Виталиј Кличко – само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура на другата страна. Во нападот е повредено едно лице, а погодени се и магацини во друг дел од градот, соопшти Кличко на Телеграм. Сведок на Ројтерс слушнал експлозија во Киев. Погодени бензинска пумпа и магацини, Русија неодамна почна да ги напаѓа бензинските пумпи во Киев, со што го прошири опсегот на своите цели. russian terrorists have already attacked two gas stations in Kyiv this morning. This is the fucking “nuclear power” the world is so afraid of. A country 28 times larger, reduced to terrorizing gas stations in Ukraine’s capital. This is russia’s “great power.” https://t.co/eSi7IISRBL — UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) September 15, 2026 Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во изминатите неколку месеци, главно во областите долж или во близина на линијата на фронтот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаКратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеникКумановското обвинителство ќе спроведе истрага против 40-ет годишен кратовец заради напад со нож на полициски службеник при интервенција.Според обвинителството, осомничениот на 11 септември нападнал службени лица при вршење работи на јавната безбедност поврзани со спречување кривично дело. Кога двајца полицајци употребиле сила за да ја отворат заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал. При нападот, на еден од полициските службеници со нож му нанел тешки телесни повреди, меѓу кои прободна рана и посекотина. Поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо нивоПремиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот.Премиерот Мицкоски со владина делегација денеска заминува во Соединетите американски држави, како што најави синоќа на националниот сервис ќе има средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт депратментот, но и разговори со финансиски институции и компании за конкретни проекти во енергетиката, високата технологија и воената индустрија. Мицкоски со владината делегација прво оди во Вашингтон, а потоа оттаму ќе заминат во Њујорк каде ќе учествуваат на годинешното Генерално собрание на Обединетите нации. Премиерот најави дека една од средбите во главниот град на САД ќе биде со претставници на финансиската инстутиција ДФЦ, која, потсети, е веќе присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстовдол“, кој во јавноста е познат како „Амтимон“. Според него, оваа институција пројавила интерес и за други проекти во енергетиката и напредната технологија.Прашан во вечерашното интервју дали на агендата е можеби и состанок со бугарската делегација, премиерот одговори дека до овој момент таква средба немаат во план.на дополнително прашање дали има информации за носење уставни измени со одложено дејство со цел одблокирање на интегративниот процес, тој рече дека не може да сподели такви информации во јавноста.Тагови: САД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter