Златан Ибрахимовиќ вреска од болка- отстрани тетоважа што ја носеше 20 години (ВИДЕО) - Канал 5

Златан Ибрахимовиќ вреска од болка- отстрани тетоважа што ја носеше 20 години (ВИДЕО)

Иако ја заврши својата фудбалска кариера, Златан Ибрахимовиќ често се наоѓа во центарот на вниманието каде и да се појави.

Златан Ибрахимовиќ вреска од болка- отстрани тетоважа што ја носеше 20 години (ВИДЕО)

Овој пат, тој одлучи да отстрани тетоважа што ја имаше на своето тело речиси две децении.

Во видео клип што го објави на социјалната мрежа Инстаграм, може да се види како седи во „студио за тетоважи“ на стол со познатите топчиња за стрес во двете раце.

Ибрахимовиќ ја пушти песната „I Feel Ur Pain“ за време на постапката за отстранување на тетоважата, а Швеѓанецот очигледно имаше многу болки.

Ласерската процедура беше доста успешна, а натписот што беше отстранет беше оној на кој пишуваше - „Само Бог може да ме суди“.

Ибрахимовиќ веќе има стотици тетоважи на своето тело, но оваа особено имаше своја приказна и беше направена еден ден пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство помеѓу Шведска и Исланд, на 10 октомври 2005 година.

Потоа тој напиша за неа конкретно во својата биографија:

- Можеа да пишуваат што сакаат во весниците, да викаат што сакаат од трибините. Ништо не можеше да ме допре. Само Бог можеше да ме суди. Ми се допадна тоа - напиша тој во својата автобиографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес имаше средба со Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Бус Македонија. 

ТИРЗ: ВДЛ Бус Македонија ќе започне со трета фаза на инвестицијата - производство на нов модел на автобус

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, реализирањето на третата фаза од инвестицијата која ќе изнесува повеќе од 5 милиони евра, со нови 150 висококвалификувани работни места во рамките на ТИРЗ Скопје 2.

Димовски нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои веќе инвестираат во земјата, преку навремена институционална поддршка и активно следење на нивните потреби. Тој истакна дека токму постојните инвеститори претставуваат најсилен показател за квалитетот на деловното окружување, а нивното проширување е важен сигнал за довербата во домашната економија.

На средбата беше разгледан планот за реализација на третата фаза од инвестицијата, која предвидува производство на нов модел на автобус. Дополнително, беше потврдена заложбата за продолжување на конструктивна соработка, со цел создавање услови за успешна реализација на овој инвестициски циклус, натамошен развој и зајакнување на конкурентноста на домашната економија.

Инаку, компанијата во април годинава од ВДЛ Ван Хоол Македонија се преименува во ВДЛ Бус Македонија, со што истата започна нова развојна фаза во своето работење. Промената е дел од поширокиот процес на трансформација и развој на компанијата, со фокус на понатамошно унапредување на производствените активности и зајакнување на нејзината позиција во автомобилската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. 

ДЗС: Неексплодирана граната со калибар 75mm извлечена од под вода во Црна Река кај с. Радобор

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75mm, што потекнува од Првата светска војна и беше пронајдена под вода во Црна Река, кај мостот во село Радобор, Општина Могила.

Станува збор за граната што била истрелана, но не експлодирала. За пронајденото убојно средство, ДЗС Битола ја прими дојавата преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода црногорец, со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

Лишен од слобода црногорец, на автопатот во гевгелиско со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час, поднесена пријава.

Лишен од слобода црногорец,  со „БМВ“ возел со брзина од 205 километри на час

На 13.07.2026 во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер