Иако оттогаш помина повеќе од половина година, сепак многумина не веруваат дека тоа е неговата конечна одлука.
Таков сомнеж изрази еден унгарски новинар кој се сретна со популарниот Ибра на трката за Големата награда на САД на Ф1 во Лас Вегас.
Го интересираше дали Златан Ибрахимовиќ навистина ја завршил фудбалската кариера, а Швеѓанецот чие потекло е од Балканот даде уште една антологиска изјава, која секако ќе влезе во аналите.
„Да, завршив. Зошто? Ви треба играч во Унгарија?“, праша Ибра.
Новинарот рече дека може да користат напаѓач, на што познатиот фудбалер со мавтање со рацете објасни дека мислел на шушкави надомести.
„Тоа не прашав, туку колку нудиш? Ако дознаеш, кажи ми. Скап сум. Не ми требаат пари, но скап сум“, заклучил Златан Ибрахимовиќ во негов шеретски стил.