И Шешељ го викнаа како сведок во Хаг па остана како обвинет

Повикот за Ахмети во Хаг не е случаен, ниту нивното ретерирање од барањето за Албанец премиер, вели Тито Петковски.

Евидентно е дека омекнувањето на ставот на ДУИ во однос на барањето за Албанец премиер не е направено по самостојна одлука во мала речица, туку со интервенција од надворешни фактори, смета претседателот на НСДП и поранешен претседател на собранието, Тито Петковски кој гостуваше во вечерашната Само Вистина. Петковски вели формирањето ново парламентарно мнозинство нема да биде лесно, но очекува за скоро нова Влада.

Едно лице почина во сообраќајката на автопатот Неготино-Кавадарци

Едно лице почина, а тројца се повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска на автопатот Неготино-Кавадарци.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во 13.50 часот возило Опел Корса со скопски регистарски таблички излетало од патот.

Во возилото кое се движело на автопатот Неготино – Кавадарци се превезувале четири лица, членови на едно семејство.

Во близина на село Прждево, од засега неутврдени причини, возилото излетало од патот, по што од здобиените повреди животот го изгубило лице на возраст од 89 години. Возачот и патниците се здобиле со повреди, а поради сериозноста на повредите едно од нив е упатено на лекување во Скопје.

Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.

Полицијата во Прилеп спроведува акции за казнување на несовесни возачи

Бројни полициски екипи се на улиците во Прилеп и ги казнуваат лицата кои возат брзо, без возачка дозвола, со нерегистрирани возила и други прекршоци, соопштија од МВР.

На удар се и моторџиите кои возат спротивно прописите на МВР.Од МВР соопштуваат дека полицијата започна засилени контроли во Прилеп, но и во други градови.

Министерството за внатрешни работии истакна дека во текот на утрешниот ден ќе биде соопштена точната бројка на казнети возачи.

Октоберфест во време на корона:Почетокот одбележан со скромни свечености(ВИДЕО)

Со традиционално точење пиво, во Минхен започнаа прославите по повод Октоберфест, кој годинава се одржува на сосема неконвенционален начин, со силни мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Бидејќи официјалното одржување на фестивалот е откажано, оваа година нема големи шатори полни со луѓе или стотици тезги кои продаваат храна.

Наместо тоа, 50 пабови и други објекти во овој град организираат свои помали прослави, почитувајќи ги упатствата за носење заштитни маски и одржување на дистанца, како и други ограничувачки мерки, пренесува АП.

Полицијата патролира на местото каде што нормално се одржува фестивалот за да се осигури дека некои други прослави не се организираат спонтано.

Откажувањето на официјалниот Октоберфест е огромна загуба за Минхен, кој минатата година го посетија 6,3 милиони луѓе за време на фестивалот.

Годинашните прослави ќе траат до 4 октомври.

притисни ентер