И се смее целиот свет: Вака актерката изрази жалење по повод смртта на славниот пејач - Канал 5

И се смее целиот свет: Вака актерката изрази жалење по повод смртта на славниот пејач

Актерката Сара Мишел Гелар ќе има кошмари после вестите за смртта на славниот пејач Џорџ Мајкл.

И се смее целиот свет: Вака актерката изрази жалење по повод смртта на славниот пејач
Имено, Сара Мишел Гелар ги помешала Џорџ Мајкл и Бој Џорџ во постот кој го објавила на твитер со која сакала да се прости од музичката ѕвезда.

Меѓутоа, таа кога сфатила дека погрешила брзо го избришала постот на твитер кој гласел: Дали навистина можеш да ме повредиш? Изгледа сака, 2016 годино. Почивај во мир Бој Џорџ, бев една од твоите најголеми фанови“.

Инаку со ова „Дали сакаш да ме повредиш?“, Сара алудирала на големиот хит на групата „Culture Club” во кој Бој Џорџ се прослави.

Набргу потоа почнаа да стигнуваат коментари дека погрешила, а актерката објаснила дека прво слушнала погрешно име, а потоа откако ја добила вистинската информација, била подеднакво тажна и се заблагодарила на сите кој ја исправиле, а потоа го избришала и твитот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите

Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите

Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги.

Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори.

Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична и наместо да се дистанцираат и да се правдаат, триото Заев, Филипче и Барбов треба да дадат одговор на неколку суштински прашања.

Како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз основа на што била дадена конзилијарна препорака, ако пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење?

Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија?

Фактот дека Македонија и Бугарија имаат билатерална соработка во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку постојан јасно пропишани правила, кои пациенти во кои случаи добиваат лекарска грижа или лекување во други држави, а не вака како што Барбов го скроил упатувањето.

А, со ваквата препораката за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции.

Ова трио целосно се соголи, веќе е јасно којшто направил и која улога ја имал, но наместо со изјави да се вадат од случајот со Мијаилова, Барбов, Филипче и Заев треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застрелан

Шеснаесетгодишен напаѓач отвори оган во основно училиште во Бенд, Орегон,САД убивајќи четири лица, меѓу кои и три деца, пред да биде убиен од вооружен член на заедницата кој го гонел напаѓачот во училиштето, соопшти полицијата.

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД  пред да биде застрелан

Напаѓачот влегол во основното училиште пукајќи низ заклучени врати, соопшти полицијата, без да даде никакви детали освен возраста на осомничениот. Загинатите се деца на возраст од 5, 8 и 11 години и еден наставник.

Покрај тоа, еден 7-годишен ученик и еден 54-годишен наставник се однесени во болница со критични повреди, изјави началникот на полицијата.

Гувернерката на Орегон, му се заблагодари на членот на заедницата кој „херојски интервенирал за да спречи понатамошно губење на животи“.

Градот Бенд е со околу 100.000 жители во руралниот централен дел на Орегон. Учелиштетео каде беше пукањето е за деца од градинка до петто одделение, на возраст од приближно 5 до 11 години, и има околу 450 ученици и 40 членови на персоналот, соопштија официјални лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. 

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.

Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.

Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.

Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.

Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.

Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.

Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг?

Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?

Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.

Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.

Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер