И покрај кавгите, изгласан буџетот на град Скопје, „тежок“ 114 милиони евра - Канал 5

И покрај кавгите, изгласан буџетот на град Скопје, „тежок“ 114 милиони евра

И покрај кавгите и несогласувањата на градоначалничката Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, сепак во градскиот совет вчера се надминаа политичките спротивставености и се изгласа буџетот за 2023 година во висина од 114 милиони евра. 

И покрај кавгите, изгласан буџетот на град Скопје, „тежок“ 114 милиони евра

Арсовска претходно кажа дека, доколку не се донесе буџетот за наредна година и се блокира работата на Градот, ќе се оди на нови советнички избори во март.

-Предлог буџетот за 2023 година го ставам на гласање – 28 советници гласаа ЗА. Констатирам дека буџетот на Град Скопје за 2023 година е донесен, може еден аплауз?- Трајко Славески

На носењето на буџетот претходеа голем број на амандмански расправи во кои се бараа средства за спорот, културата, како и за разни инфраструктурни проекти,

-Не се работи за тоа дали проектите се добри или не се, секој од овие проекти е добар, од сите советници сите проекти кои ги добивме сите се добри. Тоа не значи дека можеме да ги издржиме во овој буџет и да ги реализираме, едновремено не е се во програмата која ја имаме ветено пред граѓаните.- Данела Арсовска – Градоначалник на Скопје

А, поради истите денеска продолжија меѓупартиските препукувања и обвинувања. И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со обвинувања за, како што велат скриени коалиции кои му штетат на Градот.

-Се потврди она што го говориме, се потврди вистината. Коалицијата на мнозинствотот во Советот е коалиција на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, Данела Арсовска и Димитар Апасиев. Вистинските кавги им се очигледно само за тендери и рацете во медот. - СДСМ

-На виделина излезе коалицијата Тачела, одговорни за хаосот во Скопје. Љубовта меѓу Данела Арсовска, СДС/ДУИ и Левица, вчера се разгоре против проекти за модерно Скопје, а се обединија за непродуктивни трошења. – ВМРО - ДПМНЕ

Арсовска пак претходно кажа дека политиката не ја интересира, туку интересот на граѓаните, а носењето на буџетот е неопходен за реализација на проектите.

Основниот буџет на Градот ќе биде 72 милиони, а 33 милиони евра ќе бидат дотации од Владата. Од самофинансирачки активности се 5,7 милиони и 2,5 милиони евра ќе бидат од донации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандска вечер и разговор со Никола Ристановски на четвртиот фестивалски ден на „Дрим Шорт“

Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.

Холандска вечер и разговор со Никола Ристановски на четвртиот фестивалски ден на „Дрим Шорт“

Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 15 часот во Europe House Struga со разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?“ и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус.

Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“.

Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за четвртиот фестивалски ден.

Програма за 8 август (сабота) Локација: Europe House Struga 20:00

Проекции на холандска програма, селектирана од фестивалот

Go Short How to catch a Butterfly, режија: Kiriko Mechanicus Anna's Freezer, режија: Jetske Lieber Water Girl, режија: Sandra Desmazières kiss kiss bang bang, режија: Ollie Launspach Heaven Will Wait, режија: Silver Tjepkema Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на студентска натпреварувачка програма Меѓународна програма Free Drum Kit, режија: Carmen Leroi Регионална програма Welcome Home, режија: Filip Jembrih Jandras The Cow, режија: Pavo Marinković Специјална програма „Соочување со минатото“ Memories of Occypation-Pyrgi, режија: Dimitris Argyriou Национална програма Mushrooms Grow in Memory, режија: Hanis Bagashov

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува музичката ОФФ програма со диџеј сет на Костадин Шурбановски.

Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.

Со почит,

тимот на Дрим Шорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС исплива на површина

Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина.

Манасиевски: Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС исплива на површина

Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните.

Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина.

Христијан Ефтимов внук на Заеви, и Илија Стојанов негов другар, се лица кои се условно осудени на година и пол условна казна затвор, затоа што тепале странски државјани во Струмица, мислејќи дека можат што сакаат да прават затоа што се деца на Заеви.

Истите овие деца Филипче ги претставува како жртви.

Талогот на СДС не може и не смее да биде иднината која сите ние ја заслужуваме.

Катаклизмичните 7 години на власт на СДС, со Заев и Филипче не смеат никогаш повеќе да се повторат.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Денес стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички.

Младите: ВМРО нè нападнаа физички сега јавно со украдени полициски документи од ПС Струмица, бараме истрага

Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи. ВМРО на прес-конференција објави податоци од документи од Полициската станица Струмица.

Податоци до кои немаат право на пристап. Податоци што се водени како службена тајна. Тоа не е политика тоа е кривично дело.

Бараме од Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и да поднесе кривична пријава против:

• Полициски службеници од Полициската станица Струмица, кои неовластено извадиле и предале доверливи полициски податоци,

• Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, кој како прв човек на МВР сноси одговорност за злоупотребата на полицијата,

• Валентин Манасиевски, кој јавно ги објавил тие податоци и ги искористил за јавен линч врз младите.

Истовремено бараме Внатрешната контрола на МВР итно да утврди кој им овозможил пристап на функционери на ВМРО до службена тајна и кој ставил потпис. За што ќе бараме и посебно вештачење.

Ако институциите не постапат, ние ќе поднесеме кривична пријава. За сите. Погрешивте што дигнавте рака на младите.

Погрешивте што направивте уште едно кривично дело за да нè замолчите. Не успеавте во Ново Село. Нема да успеете ниту сега.

Ние не се плашиме.

Вистината е на наша страна.

И доаѓа време кога сите ќе одговарате.

YouTube video

Центар за комуникации на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер