И најдобриот модел на Ауди преминува на електрична енергија (ФОТО) - Канал 5

И најдобриот модел на Ауди преминува на електрична енергија (ФОТО)

Audi A6 според многумина е најдобриот модел на Audi, а RS6 најинтересниот караван.

И најдобриот модел на Ауди преминува на електрична енергија (ФОТО)

Веројатно не за долго, бидејќи сите следиме големи промени во кои многу модели исчезнуваат. Добрата вест е дека RS6 ќе преживее. Како што дознава британскиот Autocar, во гамата треба да остане и RS6, како и голем број креации од Audi Sport. Сепак, бидејќи Audi се обврза да лансира исклучиво електрични модели од 2026 година, лесно е да се заклучи дека Audi A6 ќе има електричен погон.

Што се подготвува, веќе можевме да видиме во создавањето на TheSketchMonkey, кој минатата година го претвори концептот Audi A6 во караван. Само да очекуваме дека електричната понуда ќе може да го направи истото како актуелната караванска ракета со 4.0 V8 мотор од 600 КС и 800 Nm.

RS e-tron GT го покажа токму тоа, но RS6 e-tron треба да понуди уште повеќе. За жал, ако го земеме рецептот со e-tron GT и RS e-tron GT, RS6 и A6 повеќе нема визуелно да бидат толку драстично различни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?

Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ  поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката .

Мисајловски: Како договорот за набавка на „Страјкерите“ поскапел за 36 милиони евра ?

Договорот за набавка на 8-те хеликоптери не е сосема јасно како преку ноќ поскапел за 36 милиони евра и тоа само на неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во вечерашното Само Интервју..

Министерот за одбрана повика надлежните да ја истражат постапката..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Премиерот Христијан Мицкоски на ФБ објави фотографија со американскиот претседател Доналд Трамп при неодамнешното учество на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. 

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство.“, објави Мицкоски во описот на фотографијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила

Во мало клиничко испитување на персонализирана вакцина против рак на бубрег, болеста не се вратила кај ниту еден од деветте пациенти кои ја примиле. 

Деветмина пациенти добиле персонализирана вакцина против рак, кај сите болеста се повлекла и не се вратила

Учесниците биле следени во просек три години и четири месеци по операцијата, а резултатите се сметаат за охрабрувачки, иако поради малиот број испитаници не може со сигурност да се каже дека вакцината спречила болеста да се врати.

Персонализирана вакцина против рак

Научниците развија експериментална вакцина која го учи имунолошкиот систем да ги препознава клетките на ракот. Процедурата вклучува анализа на туморот на секој пациент, избирање уникатни делови од протеинот, таканаречените неоантигени и нивно користење за да се направи вакцина. Целта е да се стимулира одбранбениот систем на телото да нападне рак кој е специфичен за таа индивидуа.

Охрабрувачки резултати од мало истражување

Во истражувањето учествувале девет лица со проѕирно клеточен карцином на бубрегот, најчеста форма на оваа болест кај возрасните. Седум пациенти биле во трета и двајца во четврта фаза на болеста.

На сите им беа целосно отстранети туморите и во моментот на вакцинацијата немаа видливи знаци на болеста, но беа изложени на висок ризик за нејзино враќање. Научниците се надеваа дека ќе ја искористат вакцината за да го обучат имунолошкиот систем да ги уништи преостанатите клетки на ракот кои се премногу мали за да бидат откриени со стандардни тестови. Сите девет пациенти развиле имунолошки одговор, а кај седум од нив Т-клетките активирани со вакцината успеале да го препознаат сопствениот тумор на пациентот.

Потребна е претпазливост при толкувањето

Истражувачите предупредуваат дека резултатите мора да се толкуваат со претпазливост. „Со оглед на ограничениот број на пациенти, мора да бидеме претпазливи во понатамошните толкувања“, велат Дејвид Браун од Универзитетот Јеил и Тони Чуеири од Институтот за рак Дана-Фарбер, кој ја водел студијата.

Бидејќи студијата немала контролна група, не е можно да се одреди колку пациенти би имале релапс доколку не ја примеле вакцината. Исто така, оваа студија не може да потврди дали додавањето на лекот за имунотерапија ipilimumab, кој го примиле пет пациенти, дополнително го подобрил исходот.

Предизвици во развојот на вакцините

Развивањето вакцина за рак на бубрезите е посебен предизвик бидејќи овие тумори обично имаат помалку мутации од, на пример, меланомот, што значи помал број на потенцијални цели на вакцината. И покрај тоа, научниот тим успеа да произведе вакцина за секој учесник. „Нашата цел беше да изградиме траен имунитет на антигени специфични за туморот, што на крајот ќе доведе до имунолошки одговор против самиот тумор“, велат Браун и Чуеири.

Следењето покажа дека имунолошкиот одговор трае со години. Клучен чекор беше да се потврди дека Т-клетките активирани со вакцина може да ги препознаат вистинските туморски клетки, а не само делови од нив во лабораторија. Во седум од девет случаи успеале да го потврдат токму тоа. „Истражувавме дали Т-клетките активирани од вакцината се способни да го препознаат сопствениот тумор на пациентот“, велат истражувачите, објаснувајќи дека ова е голем технички предизвик бидејќи тие морале да ги зачуваат виталните туморски клетки за секој пациент.

Безбедност и идни истражувања

Студијата од првата фаза се фокусираше првенствено на безбедноста и подносливоста. Најчестите несакани ефекти беа благи, како што се реакции на местото на инјектирање и привремени симптоми слични на грип. Ниту еден од учесниците немал сериозни несакани ефекти. Иако наодите покажуваат дека е можно да се развијат вакцини кои создаваат траен имунолошки одговор за овој тип на рак, останува нејасно дали тие навистина ги подобруваат резултатите од лекувањето.

„Треба да тестираме персонализирани вакцини кај многу поголем број пациенти и да се увериме дека тие навистина ги подобруваат резултатите во споредба со сегашниот стандарден третман“, заклучија Браун и Чуеири. Во тек е поголема студија, INTerpath-004, која тестира друга персонализирана вакцина базирана на технологијата на mRNA во комбинација со имунотерапија. Студијата е објавена во списанието Nature.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер