Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
1Мачорот Лари е најстабилна фигура во британската политика- испрати шест премиери, сега го дочекува „Кралот на северот“
АвтомобилизамИ компанијата Тесла ја тужеше ЕУ поради царините за кинеските автомобилиДополнителната царина за увоз на автомобили произведени од Тесла во Кина изнесува 7,8 отсто. Американскиот производител на електрични автомобили Тесла поднесе тужба против Европската комисија пред Европскиот суд на правдата за воведување дополнителни тарифи за електричните автомобили произведени во Кина, приклучувајќи се на група кинески производители и германски БМВ, се наведува на веб-страницата на судот. ЕУ ги воведе новите царини на крајот на октомври, по истрагата за која рече дека кинеските производители имаат неправедна предност пред конкуренцијата поради владините субвенции. Највисока царина е воведена за кинескиот производител на електрични автомобили SAIC, од 35,3 отсто. По нив следуваат Geely со 18,8 проценти и BYD со 17 проценти. Комисијата утврди најниска царинска стапка за увоз на автомобили произведени од Тесла во Кина, поточно 7,8 отсто. Американската компанија поднесе тужба против Комисијата поради одлуката за царини минатата среда, последниот ден од крајниот рок за жалби, приклучувајќи им се на Geely, SAIC и BYD, Кинеската стопанска комора CCCME и германската BMW, покажуваат судските документи. BMW во Кина, заедно со своите партнери, ги произведува електричниот теренец BMW iX3 и електричниот Mini Cooper, кои ги продава на пазарот на Европската унија. Европската комисија ќе им наштети на европските интереси со царини, изјави во јуни директорот на БМВ Оливер Ципс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДетали за убиството во Бар: Пред пукањето имало масовна кавга и тепачка На убиството што се случи вчера во Бар му претходеше насилна вербална и физичка пресметка меѓу група мажи. Д.И. (59) и Д.И. (57) беа осомничени и уапсени за ова кривично дело.Полициските службеници веднаш излегоа на местото на пукањето, каде што го пронајдоа телото на лице идентификувано како М.А. (53) од Бар, со повеќекратни прострелни рани, објави агенцијара Рина. Преземајќи итни активности за идентификување и лоцирање на осомничените, полициските службеници запреа патничко возило управувано од Д.И. (59) на улицата Београдска, додека Д.И. (57) од Бар беше на совозачкото седиште. Лицата беа донесени во службените простории на Одделот за обезбедување во Бар, каде што им беше одземен револвер „Смит и Весон“. - Поради видливи повреди на главата и телото, двете лица беа пренесени на лекарска помош, каде што на Д.И. (57) му беа констатирани тешки телесни повреди, по што беше опериран во Клиничкиот центар на Црна Гора, додека Д.И. (59) беше задржан на лекување во Општата болница во Бар - соопшти УП. При преглед на патничкото возило „Ауди Q7“, управувано од Д.И., пронајден е револвер од непозната марка, за кој постои сомневање дека е употребен при извршувањето на кривичното дело. Преземени се понатамошни активности, вклучително и преглед на станбената зграда што ја користел М.А., при што е запленет пиштол „Взор“. Со извршените проверки е утврдено дека сите три запленети огнени оружја биле во нелегално поседување, и ќе бидат предмет на понатамошни соодветни форензички вештачења. Се сомнева дека на убиството му претходело вербален, а потоа и физички конфликт помеѓу горенаведените лица, по што е употребено огненото оружје.Тагови: пукање убиство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлужбеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е Лишен од слобода вработен во АВРСМ Прилеп за примање поткуп, следува пријава.На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп". Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот. Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина. Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter